Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кога нафтата беше 49 долари овај мајчиниот викаше ќе падни на 32 долари, кога дојде 35 вика 20 долари, сега на 27 долари вика 10-15 долари, изгинавме добро е шо немаме нафтени полиња :icon_lol:. Него ќе ги намалат изгледа нафтата за 3, а бензинот за 1.5 денари :icon_lol:.

Дома / ЕКОНОМИЈА / Падот не запира, нафтата уште поефтина!

Падот не запира, нафтата уште поефтина!
јануари 20, 2016
Цените на нафта во Азија продолжија да паѓаат , приближувајќи се на ниво од 27 долари за барел.

Новиот пад на цените дојде после предупредувањето на Меѓународната агенција дека глобалниот пазар на нафта е преплавен со залихи.

Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во февруари во еден момент утрово паднала на 27,49 долари за барел, ниво кое последен пат е видено во септември 2003, за да нешто подоцна се опорави на 27,55 долари за барел. Истовремено нафтата од типот „брент“ за испорака во март, која во понеделникот накратко паднала под 28долари за барел, поефтинила за 63 центи, на 28,13 долари за барел. И двата вида на нафта се на најниско ниво за повеќе од 12 години.

Извештајот на МАЕ одигра голема улога во падот на цената на нафтата, сметаат аналитичари.

МАЕ вчера предупреди дека цените на нафтата ќе продолжат да паѓаат, бидејќи прекумерните залихи ја надминуваат побарувачката, додека враќањето на иранската нафта на пазарот ќе неутрализира било какво намалување на производството во другите земји произведувачи.

Цените на нафтата од средината на 2014 изгубиле околу 75 одсто од вредноста, погодени од прекумерните залихи, слабата побарувачка, забавениот раст на глобалната економија и силниот долар.

http://faktor.mk/2016/01/20/padot-ne-zapira-naftata-ushte-poeftina/
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Еден апел до владата доколку може малку да ги притисне превозниците да ги намалат цените на превозот. Срамота е година дена без никаква промена. А кога беа поскапувањата моментално ги креваа цените.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Денес нафтата `рокна` на светската берза, и тргувањето заврши над 32 долари, а во истовреме доларот зајакна и сега се тргува испод 1.08 во однос на еврото
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Денес нафтата `рокна` на светската берза, и тргувањето заврши над 32 долари, а во истовреме доларот зајакна и сега се тргува испод 1.08 во однос на еврото
Додека растеше цената на нафтата растеа и резервите за 4 милиони барели. Така да играта е наредена.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Една работа неможам да сватам што е финтава. Во Скопје има една бензинска мислам дека само за плин е Нас Гас нешо така се вика, после Усје по патот за Драчево. Таму секогаш плинот е 4 ден поевтин од сите други пумпи во МКД. На пример сега е 27,50 ден секаде а таму е 24.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Една работа неможам да сватам што е финтава.
Финтата е што за авто-плин нема регулаторна комисија која би давала минимална/максимална цена, пазарот ја регулира цената.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Финтата е што за авто-плин нема регулаторна комисија која би давала минимална/максимална цена, пазарот ја регулира цената.
Тоа го знам ама пак Макпетрол, Лукоил и други пумпи сите го продаваат 27,50, нормално за поголем профит. Само овие во МКД 24 ден. Е сега ако нив им се исплаќа за 24 на сите им се исплаќа. Ама пошо е една пумпа и се незначителни никој не ги копира нити пак уценува.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509

Другите го следат Макпетрол за цената на плинот, нели зошто не го регулира никој плинот, додека Нас Гас ставаат пониска цена за да бидат конкурентни. Сепак не секогаш плинот им е со добар квалитет и како што сум чул биле уценувани да ја кренат цената.

Sent from my Note 3 [SM-N9005] using Tapatalk
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Тоа го знам ама пак Макпетрол, Лукоил и други пумпи сите го продаваат 27,50, нормално за поголем профит. Само овие во МКД 24 ден. Е сега ако нив им се исплаќа за 24 на сите им се исплаќа. Ама пошо е една пумпа и се незначителни никој не ги копира нити пак уценува.
Цела наука е максимизирање на профитот и политика на таргет цени. Еве пример, ако набавната цена на авто-плинот на сите им е 22 денари, а Нас гас го продаваат со маржа од 2 денара, Лукоил и рестото со маржа од 5 денари, тогаш профитот на Лукоил е цели 150% поголем од Нас гас, иако тие 3 денари разлика меѓу нив се околу 10% од крајната цена што ја плаќа крајниот потрошувач. Затоа Лукоил, Макоил, Окта и Макпетрол форсираат олигополско однесување, а имаат начин и тоа да го спроведат со фактот дека 90% од бензинските пумпи се во сопственост на овие неколку крупни играчи.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Еден апел до владата доколку може малку да ги притисне превозниците да ги намалат цените на превозот. Срамота е година дена без никаква промена. А кога беа поскапувањата моментално ги креваа цените.
Не се само превозниците. За секој производ се вклучуваат и трошоци за транспорт, ама ретко гледаме пад на цените на производите, сите се буниме за превозот.
Цените во економијата се формираат на долг рок. Не знам дали ти текнува ама годината кога беа донесени поскапувањата беше година кога скоро секоја недела имаше зголемување на цената на нафтата, со највисока цена од 71,00 денар за дизел во февруари истата година, па пак требаше скоро цела година за да се донесе поскапувањето. ЈСП ги кренаа цените во октомври 2011, таксистите беа и некој месец покасно може, значи цела година сите кои се бават со транспорт возеле на праг на рентабилноста или во загуба. Сега сме 2016 и освен во 2015 кога имаше некој поголем пад на цената на нафтата се се врти околу 65-68 денари, чак во 2013 цената ги има надминато и тие 71 денар од 2011. Никој не се буни кога треба да се поскапи цената :icon_lol:
Иначе летово бев во Северна Дакота,4 месеци скоро и повеќе ни се исплаќаше 4 души да земеме една кола и да ја возиме цело лето него да купуваме точак од 60-70 долари.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.344
Дизелот утре паѓа на 39 денари. Штета што немам пар шлепери , возат по иста цена како што возеа летото 2014 кога нафтата достигна рекордни 73 денари литар.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Цела наука е максимизирање на профитот и политика на таргет цени. Еве пример, ако набавната цена на авто-плинот на сите им е 22 денари, а Нас гас го продаваат со маржа од 2 денара, Лукоил и рестото со маржа од 5 денари, тогаш профитот на Лукоил е цели 150% поголем од Нас гас, иако тие 3 денари разлика меѓу нив се околу 10% од крајната цена што ја плаќа крајниот потрошувач. Затоа Лукоил, Макоил, Окта и Макпетрол форсираат олигополско однесување, а имаат начин и тоа да го спроведат со фактот дека 90% од бензинските пумпи се во сопственост на овие неколку крупни играчи.
САМO Мaкпетрoл е тoј кoј јa oдредувa ценaтa нa плинoт. Нит лукoил нит билo кoј друг. Кaкo нaјгoлем снaбдувaч зa гoривa зa МК , тие јa диктирaaт ценaтa нa плинoт иaкo не пoдлежи нa регулaтoрнa. Другите мoрaaт дa гo следaт трендoт. Инaку нaбaвнaтa ценa нa плинoт е 360$ зa 1 тoн. Нaпрaвете мaтемaтикa сaмите кoлку му дoaѓa зa литaр и кoлку е ќaрoт нa бензинските.спoред мoјa пресметкa дур дa стигне дo пумпa ги чини нaјмнoгу 20 ден/лит
Инaку немa финтa кaј плинaрaтa кaј стaклaрa. Плинoт е пoефтин дa,aмa и дaлеку пoнеквaлитетен. Ке ти пoтрoши 2-3литри плин пoвеќе oд другo местo пa кoгa ке видиш му дoaѓa истo. Ем мoтoрoт рaбoти пoлoшo.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Дизелот утре паѓа на 39 денари. Штета што немам пар шлепери , возат по иста цена како што возеа летото 2014 кога нафтата достигна рекордни 73 денари литар.
Бараби, и они сите превозници, туристички агенции, сите, ги фиксираа цените од времето кога една недела бензинот беше 90 денари и створија намерно медумска паника демек мораат да покачуваат, сега млатат профити.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.165
Поени од реакции
15.953
Од поевитнувањето на горивата, едино нешто што ќе добиеме е поголема загаденост.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Со вечерашното поевтинување, би требало плинот утре вечер да претрпи измени.. Какво е вашето мислење дали ќе го поевтинат и плинот или тешка работа? Да знам дали да полнам денес или да почекам до утревечер?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom