Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Sve razbiram, ama zasto ne gi izednacat cenite na naftata i benzinot ne mi e jasno.
Па рафинериските цени на дизелот и бензинот се скоро исти, разликата е во акцизата, 22-3 денари за литар бензин, 12 денари за литар дизел.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Па рафинериските цени на дизелот и бензинот се скоро исти, разликата е во акцизата, 22-3 денари за литар бензин, 12 денари за литар дизел.
Epa toa vikam, neka gi izednacat akcizite, pa da bide i benzinot i naftata 50 denari. Nenormalna rabota e da se kaznuvaat tie sto vozat pocisti vozila.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Epa toa vikam, neka gi izednacat akcizite, pa da bide i benzinot i naftata 50 denari.
Абе какво изедначување, треба скроз да се укине акцизата. По сама дефиниција акциза е давачка на луксузна стока, зарем бензинот денес е луксуз? Ова останало од комунизмот, ама бидејќи им одговара за полнење на буџетот не ја укинуваат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Абе какво изедначување, треба скроз да се укине акцизата. По сама дефиниција акциза е давачка на луксузна стока, зарем бензинот денес е луксуз? Ова останало од комунизмот, ама бидејќи им одговара за полнење на буџетот не ја укинуваат.
Toa e veke drug problem, ne samo kaj nas nego vo cela Evropa. Cist lopovluk.
Jadat gomna kaj nas eftino bilo gorivoto, a kolku se platite?
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Еве денес на берза нафтата падна за 4% , изгледа се остварува ветеното, ќе падне на 40 долари за барел.

Само не знам дали на нашата влада и одговара пад на цената, пошто нема да можат да соберат доволно пари за буџетот, и ќе треба да ни ги земаат парите од друго место.

Само по пат на ДДВ со оваа цена државниот буџет губи 3-4 денари по литар , но кога се знае дека годишната потрошувачка е огромна, тогаш не е баш сеедно.
Не се секирај лесно ќе се договорат со продавачите,или ќе ја покачуваат акцизата како шопаѓа цената до сега според сите економски логики цента на бензинот требаше да биде максимум 35 денари за литар ама како шо гледаш уште е над 60 денари.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дома / ЕКОНОМИЈА / Цената на нафтата паѓа: Ќе иницира ли Владата промена на методологијата за формирање цени во Македонија?

Цената на нафтата паѓа: Ќе иницира ли Владата промена на методологијата за формирање цени во Македонија?

јануари 15, 2015




  • inShare
Цената на суровата нафта во изминативе 6 месеци има негативен тренд. Падот на цените започнa во jули минатата година кога цената од 105 американски долари за барел , се намали на 48 американски долари за барел, во првата недела од 2015 година.
„Ова се маргинии кои нема да можат да го следат голем број на рафинерии во светот, и доколку продолжи падот на цената на суровата нафта, голем дел од рафинериите нема да можат да ги издржат овие оперативни загуби и ќе доведе до нивно затворање. Сметам дека не треба да се очекува подрастичен пад од овој. Сепак со цената на нафтата треба да се следи и движење на вредноста на доларот во однос на другите валути, вели Митко Андревски енергетски консултант.
Во Македонија цените на бензините во моментов се приближно на нивото што го имале од крајот на 2009 година.
Од Регулаторната комисија за енeргетика, објаснуваат дека порастот на вредноста на американскиот долар има ограничувачко влијание врз намалувањето на цените на нафтените деривати, меѓутоа досегашниот тренд беше на многу поизразено намалување на берзанските цени на нафтата и нафтените деривати во однос на порастот на американскиот долар во однос на еврото и следствено македонскиот денар.
„Доколку и во следниот период се задржи слична корелација, може да се очекуа и понатамошно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, иако можеби тоа нема да биде со иста динамика како што се одвиваше во изминатите неколку месеци, односно можно е одредено успорување на надолниот тренд, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Рафинеријата ОКТА, која е наша најголема компанија според промет во изминатите 15 години и компанија која котираше помеѓу првите 500 компании од Југоисточна Европа, повеќе од 20 месеци не работи. И според Андревски, тоа дополнително создаде притисок на БДП, и трговската размена .
„Ние како држава не создаваме производ од 800 милони долари годишно. Притоа нема реакција за неработењето на вака значаен енергетски објект. Проблематично е врз основа на која цена Регулаторната комисија за енергетика утврдува мало продажна цена?! Окта има обврска да работи според договорот за продажба, доколку од било кои причини запре со производство, македонската страна може, а според мене и треба да бара оштета, во ист сооднос како во 2008 кога земјата плати пенали за неисполнување на купопродажниот договор“, вели Андревски.
Ќе се преиспита и лемтодологијата?
Тој додава дека единствената македонска рафинерија кога е надвор од функција потребно е да се преиспита методологијата за формирање на малопродажните цени.
Сепак од Регулаторната комисија за енергетика посочуваат дека методологијата за пресметка на рафинериските цени и врз основа на нив на малопродажните цени на нафтените деривати е дефинирана во Анекс Д од Договорот за купување акции и концесија склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Хеленик Петролеум, и оттука било каква промена на Методологијата е прашање за кое одлучуваат потписниците на ДКАК. РКЕ единствено има мандат да ја имплементира посочената Методологија, односно нема ингеренции да врши нејзина промена, велат за медиумите од Регулаторната комисија за енергетика.
Но, Андревски посочува дека Македонија треба да размисли да го примени моделот на слободен пазар на нафтени деривати. При тоа објаснува дека тоа е возможно бидејки во РМ има голем број на увозници на нафтени деривати, голем број на бензиски станици и нема монополска позиција ниту една нафтена компанија.
А, потребно е и да се формира афирмирана независна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати, со оглед дека, како што вели, во земјава квалитетот на дериватите се утврдува со правилник за квалитет на течни горива, но практично неговата примена е проблематична.
Н.С.
http://faktor.mk/2015/01/15/tsenata-na-naftata-paga-ke-initsira-li-vladata-promena-na-metodologijata-za-formirane-tseni-vo-makedonija/
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Предлагам владата да ја зголеми акцизата на горивото, оти почна многу евтино да ни биде :icon_lol:.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Предлагам владата да ја зголеми акцизата на горивото, оти почна многу евтино да ни биде :icon_lol:.
Внимавај што посакуваш може и да се оствари :) Единствено губи државата со ДДВ то помала вкупна цена - помала разлика во куповна / продажна цена - помал ДДВ. Акцизите се фиксни
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Внимавај што посакуваш може и да се оствари :) Единствено губи државата со ДДВ то помала вкупна цена - помала разлика во куповна / продажна цена - помал ДДВ. Акцизите се фиксни

Јас мислам реално може да се случи тоа, и како опција сигурно ја разгледуваат нема шанси таква идеја да не им има паднато на памет :icon_lol:, ветер дупка не полни а и долгови треба да се враќаат, колку влегува ДДВ од горивата во буџетот има некаде анализа?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
200 милиони евра од акцизи од нафта во 2011.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
200 милиони евра од акцизи од нафта во 2011.
Со оваа цена нема да се соберат толку затоа што со помалку пари повеќе ќе се вози, и помалку гориво ќе се троши, а со тоа помалку акцизи и ДДВ.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мое мислење, ќе ги покачуваат акцизите, бидејќи тоа е голема ставка во приходите на буџетот
Но прашање е колку време ќе траат овие ниски цени на нафтата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom