Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
цената на еден барел сурова нафта , според податоците на регулаторна комисија, во 14 дневен период

барел сурова нафта на берза
01.02.2010 година: 3562 денари
15.12.2014 година: 3324 денари

-6,68%


дизел
01.03.2010: 55 денари
15.12.2014: 56 денари
+1.81%


БС-95
01.03.2010: 68,5
15.12.2014: 65,5
-4,38%


БС-98
01.03.2010: 70
15.12.2014: 67
-4,28%


Тргнувајќи од споредената цена на суровата нафта од 2010та и 2014, и пресметано од нестручен човек како мене

Утре цените треба да бидат следните:

дизел: 51,5 денари
БС-95: 64 денари
БС-98: 65,5 денари

Одлука од 01.03.2010
http://www.erc.org.mk/odluki/ND-C-2010 03 15 - ODLUKA ZA CENI NA ND.pdf

Одлука од 15.12.2014
http://www.erc.org.mk/odluki/ND-C 15 12 2014 - ODLUKA ZA CENI NA ND (со образложение).pdf

Се надевам дека овие цени се поради мојата нестручност, и не е во прашање нешто друго.

Инаку ценета сеуште паѓа, денес цената на еден барел е за 7,5% пониска во споредба со просекот од последните 2 недели.
Ако продолжи вака после 2 недели ќе има намалување за 2-3 денари.
А ако падне цената во берза , тогаш уште подобро.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Kaj ti e vrednosta na dolarot vo presmetkive?
Све ти е пресметано во денари.

01.03.2010: 78,67 долари Х 45,29 денари = 3562 денари барел
15.12.2014: 66,90 долари Х 49,70 денари = 3324 денари барел
-6,68%


Овие податоци ги имаш и во извештајот на регулаторна комисија, не ми се од светска берза или од народна банка.
Само споредив 2010 и 2014.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Едно легитимно прашање. Кога поскапуваше нафтата и кога едно време бензинот беше речиси 90 денари, со оправдание за поскапен транспорт се качија цените на леб, зејтин и остали продукти, на такси и автобускиот превоз.

Ами сега бе пилиња, шо не ги намалете цените на овие услуги како што беа претходно, бензинот има шанси да падне под евро за литар, сега арно ли ви е, не работите со загуба.

И после државата го крадела народот, колку шо народот само себе може да се краде, не може никој друг.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
655
Поени од реакции
557
Како беше старата поговорка, кога двајца се караат третиот користи. Во овој случај изгледа ние сме третиот :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Еве денес на берза нафтата падна за 4% , изгледа се остварува ветеното, ќе падне на 40 долари за барел.

Само не знам дали на нашата влада и одговара пад на цената, пошто нема да можат да соберат доволно пари за буџетот, и ќе треба да ни ги земаат парите од друго место.

Само по пат на ДДВ со оваа цена државниот буџет губи 3-4 денари по литар , но кога се знае дека годишната потрошувачка е огромна, тогаш не е баш сеедно.
 
Член од
3 мај 2009
Мислења
155
Поени од реакции
57
Се е ова добро што поефтинува ама после да не се крене цената од еднаш нагоре... Море нека дојде 30 ден у Македонијава да видиме аир и ние обичните граѓани :)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Otide dolarot u vrv, mame im ja, balansiraat izmegju vrednostite na nafta i dolar.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Ајде нека е, бар на 40 и нешто да дојдеше. Некако на сила овој пат, се ми се чини последно намалување ќе да е.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Слабо намалување овој пат.

Одлука од 22.06.2009:

Во време кога 1 барел коштал : 3.081 денари

дизел: 49,5 денари
БС-95: 63 денари
БС-98: 64 денари

Одлука од 12.01.2015

Во време кога 1 барел коштал: 2.744 денари

дизел: 51 денари
БС-95: 60,5 денари
БС-98: 62,5 денари



Еден барел денес беше за 10,9% поевтин него на 22.06.2009 , но цените не го прикажуваат истото.
Можеби има некои промени од тогаш до сега, дали можеби има некоја давачка повеќе кон државата ?

Во спротивно цените би требало да бидат прилично вака:

дизел: 47 денари
БС-95: 59,5 денари
БС-98: 60,5 денари

Најмногу кај дизелот има несовпаѓање.

Како и да е , и вака имаме најевтини горива , во цела Европа мислам ?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Sve razbiram, ama zasto ne gi izednacat cenite na naftata i benzinot ne mi e jasno.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom