Како и да е, обиди се бар да му пружиш некои подобри услови. Ослободи го од декоративни каменчиња и миризливи свеќи или најдобро пресади го во друга саксија, најобична пластична, полна со хумус, иако и обична земја ќе ти заврши работа. И ова е од оние цвеќиња на кои им требаат вода (секако во некоја нормална мера). Земи скини едно ливче, прекрши го и стисни го, ќе видиш дека најголемиот процент на содржина на листот е вода. Чувај го на тараса, по можност свртено кон југ и ќе успее. Обиди се, па пиши дали цвеќево успеало