Царина при прием на мали пратки

T

Tetro

Гостин
Темава ја отворам поради причина што од неодамна се воведени нови давачки за кои не можат да се усогласат Царинската управа на Република Македонија ( http://www.customs.gov.mk ) и Македонски Пошти ( http://www.posta.com.mk ).

Царина претставува јавна давачка која се наплатува при премин на стоката од едно во друго царинско подрачје. Царината е една од најстарите форми на ограничување на меѓународната трговија. Царината е инструмент за заштита на домашното стопанство и непосредно влијае на цената на производот кој се увезува. Колкаво ќе биде нејзиното влијание врз цената зависи од ценовната еластичност на понудата и побарувачката.
И порано сум примал пратки од повеќе различни земји, но ова што го гледам изминативе две недели е неупатеноста на лицата кои ги доставуваат пратките до домашна адреса да не знаат веќе за која услуга ти наплаќаат.

- За пратка од $2.99 вредност, платив 102 денари при прием, со усмено објаснување дека парите се за Царинска такса, за која услуга не добив сметка.

- За наредна пратка со вредност од $10.00, платив 100 денари при прием, пак немаше сметка.

- За третата пратка, со вредност од $11.99, ми побараа дури 400 денари, сметка не добив пак и реков дека ќе го пријавам случајот и ќе барам одговорност.

Сигурно и други ќе се пронајдат затекнати со истите проблеми кои ги имаат при прием на пратки, па да видиме како да се решат овие проблеми.

Предлагам, да сите кои ги имаме овие проблеми побараме поединечно да ни се објасни која услуга ја плаќаме и каде одат парите. Ќе најдете контакти на нивните страни.

Доколку некој наиде на објаснување од надлежните, нека се јави на темава.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Вчера добив пратка од 32$ и пишува дека не подлежи на царински трошоци
 

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
јас веке 3 години порачувам од амазон и до пред 2 месеца еднш не ми наплатија царина..и сега за каква и да е било пратка плакам по 102 денари а на пакетот ми пишува ..не подлежи на царински преглед..нема никаков знак за царинето.
поштарината не е бидејки е однапред платена,а кога се задржува пакетот на царина пример за алармот за колата 3 дена задржан и 280 лежарина за тоа...а царината изнесуваше само 68 денара..значи тоа е пратка тешка 5 кила ,60 долара а царина само 68 денара а на претходните пратки наочари,фотрола за телефон,лед диоди 100 денара а цената е помала од тоа
 

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
се пуни некој буџет шо е во минус изглеа
кога побарав уплатница..не ми дадоа..прашав за каква услуга е не ми одговорија,одбив да платам и ми го вратија пакетот назад (така велат) после 2 дена поштар ми го донесе дома и ми рече дека дошло до грешка
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Јас како што знам, не се наплаќа за царина за производи во вредност од 50евра , меѓутоа не сум сигурен колку е точно ова (од проста причина што никој точно не ти кажува, и самите пишавте дека секој производ различно се царини без разлика на неговата вредност). Инаку, на еден другар му беа пратиле адидас тренерки (од Германија), вредноста мислам дека и беше 110 евра и овде во поштата му наплатија 60 евра .
 

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Јас како што знам, не се наплаќа за царина за производи во вредност од 50евра , меѓутоа не сум сигурен колку е точно ова (од проста причина што никој точно не ти кажува, и самите пишавте дека секој производ различно се царини без разлика на неговата вредност). Инаку, на еден другар му беа пратиле адидас тренерки (од Германија), вредноста мислам дека и беше 110 евра и овде во по поштата му наплатија 60 евра .
другар да не биде одговарам на секој пост ама нема врска цената ..треба да под 45 евра производите да не се царинат а тие над 45 да...ама нема никава смисла бидејки мп4 плеер од 80 долара ништо не ми земаа,централни за колата исто така у последните 2 години ништо не царинеа
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Јас како што знам, не се наплаќа за царина за производи во вредност од 50евра , меѓутоа не сум сигурен колку е точно ова (од проста причина што никој точно не ти кажува, и самите пишавте дека секој производ различно се царини без разлика на неговата вредност). Инаку, на еден другар му беа пратиле адидас тренерки (од Германија), вредноста мислам дека и беше 110 евра и овде во по поштата му наплатија 60 евра .
да се чудат будалите:cuc:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
другар да не биде одговарам на секој пост ама нема врска цената ..треба да под 45 евра производите да не се царинат а тие над 45 да...ама нема никава смисла бидејки мп4 плеер од 80 долара ништо не ми земаа,централни за колата исто така у последните 2 години ништо не царинеа
Незнам, ти велам така слушнав.. инаку живеам близу до царинската управа во Штип, кога ќе имам време ќе отидам да прашам каква е постапката за прием на производи и какви се' производи се царинат :)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Мене многу ми правеа проблеми со вредноста на пратките и со фактурите.Некој пратки дури и ги враќав бидејќи царината беше нереална.По второто пристигнување на истата пратка не ми бараа царина.
Цената од стотина денари мислам дека е за царински преглед,барем мислам дека за тоа ми имаат кажано дека е,не сум сигурен.
Во секој случај поради проблемите кој ги имав од цариниците повеќе непрактикувам странски нарачки.
А како голем проблем е PayPal плаќањето,никако да ја вклучат Македонија таму.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ова го откопав од линкот на Flamethrower и ептен ништо не ми е јасно, имено:
Постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно Царинскиот закон, прописите донесени согласно одредбите на Царинскиот закон и меѓународните поштенски прописи.

Сите поштенски пратки кои се предмет на меѓународниот поштенски сообраќај подлежат на мерките на царински надзор и постапка како што е предвидено со царинските и поштенските прописи.

Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:

- поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
- писма пишувани со Браилово писмо,
- печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
- сите други пратки од некомерцијална природа кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 45 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање на увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

Пратки од некомерцијална природа согласно Уредбата за спроведување на Царинскиот закон се сметаат пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.

Пратките кои не подлежат на давачки согласно став 3 од членот 144 од УСЦЗ се смета дека се ставени на увид на царинскиот орган во смисла на член 73 од Царинскиот закон, дека царинската декларација е прифатена и дека е одобрено пуштање на стоката, во моментот кога стоката е испорачана до примачот. Овие пратки, после извршената контрола од страна на царинскиот орган во изменичната пошта можат да се пуштат во слободен промет без царински формалности.

Понатаму:

Поштенски пратки кои подлежат на царинска постапка

Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот.
--- надополнето: 15 декември 2011 во 01:17 ---
Ако јас добро сфатив, ако пријателот (физичко лице) од Америка, ми прати било што со вредност до 45 евра, освен ако не е производ за кој се предвидува акциза (како алкохол и цигари), производот не треба да се царини.
Но ако испраќачот е правно лице, односно станува збор за купопродажба, без оглед на висината на вредноста (дали е 2, или 200 евра) производот се царини. Пример од Амазон (правно лице) ми праќаат производ со вредност 25 евра, јас треба да платам царина, но ако пријателот мој (физичко лице) ми прати производ вреден 25 евра, не треба да се плаќа царина/данок.
 
T

Tetro

Гостин
Ај се` тоа во ред, но како може да ми удира такса (непозната) за книги, кои ги земам за едукација. Истите ги нема кај нас во продажба, не подлежат на царинска такса и ослободени се од царина, но сепак поштарот бара пари.

Ај да дојде на врата и да ми рече: "брат немам за лебче, ако имаш 20-30 денари да ми дадеш"....
И пеесе ќе му дадам, само да биде среќен. А ич не сакам вака да не лажат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ај се` тоа во ред, но како може да ми удира такса (непозната) за книги, кои ги земам за едукација. Истите ги нема кај нас во продажба, не подлежат на царинска такса и ослободени се од царина, но сепак поштарот бара пари.

Ај да дојде на врата и да ми рече: "брат немам за лебче, ако имаш 20-30 денари да ми дадеш"....
И пеесе ќе му дадам, само да биде среќен. А ич не сакам вака да не лажат.
Па веројатно ти се испратени од правно лице (n) Навистина ништо не разбирам.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Од мое преку 5 годишно искуство со пратки,и од читање на искуства на други луѓе ,заклучив едно:плаќаш дополнителни давачки зависно од расположението на чичкото на кој му паднал пакетот в раце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom