ЦИА објави илјадници документи за Македонија

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Ернесто ЧЕ Гевара, 20 јануари 2017.

  1. Ернесто ЧЕ Гевара

    Ернесто ЧЕ Гевара Hasta La Victoria Siempre

    Член од:
    21 јуни 2010
    Мислења:
    9.704
    Допаѓања:
    12.088
    Добро, ЦИА не објави документи само за Македонија, ама темава е за документите кои се однесуваат на Македонија. Нека одлучат админите дали е темава за овде или за во подфорумот Историја.


    Американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА објави над 12 милиони тајни документи меѓу кои има и илјадници кои се однесуваат на Македонија и поранешна Југославија.
    Какви биле плановите на поранешна Југославија за ослободување на Македонија по Втората светска војна, прашањето за Егејска Македонија, политичките констелации, индустриализацијата на Македонија и плановите за изградба на патишта, железарница и други капацитети, состојбата со малцинствата, тероризмот и што уште не биле предмет на интерес на американските разузнавачи.
    Инаку, кога станува збор за светски рамки, ЦИА објави и документи кои се однесуваат на големи светски политичари, наоди за НЛО, испитувања на телепатски моќи и што уште не.

    Целата документација за Македонија ТУКА.

    Го има и ова:
    ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива дека Русија сакала со воена интервенција да создаде обединета Македонско-Албанска држава на Балканот
     
    На Lurtz и пунтер им се допаѓа ова.
  2. LudVonzemjanin

    LudVonzemjanin Уфолог,Луд теоретичар,Гејмер.

    Член од:
    11 септември 2016
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    ФБИ пред некое време објави неколку фајлови на Никола Тесла и писма од него лично во кои објаснува дека бил киднапиран од вонземјани ...
     
  3. Epsilon

    Epsilon Troll troll no mi

    Член од:
    29 август 2014
    Мислења:
    3.041
    Допаѓања:
    2.772
    Да, и за да остане жив понатаму им понудил 2-3 кофи и вреќи со струја за да го пуштат, да си поживее уште тро на старост.
     
    На psychostasia и Ron Burgundy им се допаѓа ова.
  4. LudVonzemjanin

    LudVonzemjanin Уфолог,Луд теоретичар,Гејмер.

    Член од:
    11 септември 2016
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Врска немам , Повели па сам заклучи Screenshot_1.png Screenshot_2.png Screenshot_3.png Screenshot_4.png
     
  5. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    83
    сега ако испадне дека во документите има нешто што не им одговара на сегашните или поренешните властодршци ќе испадне работава пак сечено-лепено-прелепувано
     
    На Lurtz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    13.254
    Допаѓања:
    6.109
    Гледав некои од нив минатата недела. Интересни се-на пример за тоа како ФНРЈ, подоцна СФРЈ имале намера да ги припојат Пиринска и Егејска Македонија, како, каде и преку што делувале бугарските агенти, како се вршеле чистки и во соседните држави итн. Ова некому нема да му се допадне.
     
    На Spiegel и Bateman им се допаѓа ова.
  7. Spiegel

    Spiegel

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    10.401
    Допаѓања:
    7.613
    https://www.cia.gov/library/readingroom/docs/CIA-RDP08C01297R000400240004-0.pdf

    Читнете го ова ако имате време, според мене интерсен текст и горе долу тука негде лежи вистината за Македонското прашање.

    https://www.cia.gov/library/readingroom/docs/CIA-RDP82-00457R006200190010-6.pdf

    Тука пишува за Македонците од Пирин во 1950 и нивните симпатии кон Тито и за угнетувањето на Македонците од страна на Бугарите кои што не им дозволувале да говорат на свој јазик и не им давале да се изјаснат како Македонци.
     
    Последно уредено: 20 јануари 2017
    На robertmkd и Lurtz им се допаѓа ова.
  8. пунтер

    пунтер

    Член од:
    21 март 2011
    Мислења:
    1.808
    Допаѓања:
    955
    зарем ЦИА требаше да ни го каже ова ?
     
  9. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    6.098
    Допаѓања:
    2.702
    тешки глупости...Тито уште на Јалта се откажал од Егејска Македонија за да добие дел од Истра. Се обиде вон договореното , влезе во Трст но беше опкружен од англосаксонските сили. Британците пак кој беа во Грција уште за време на ВВ2 ја нападнаа ЈНА која бркајки ги германските сили навлезе малку во грчка територија.
    За време на граѓанската војна во Грција, удба тајно мобилизираше насилно егејци низ ФНРЈ, со воз ги носеа на граница со Грција и ги праќаа таму. Грција се жалеше во ООН и дојде наредба сите егејци да се дислоцираат најмалку 200км од граница, а понатака Тито дури им дозволи на британските тенкови да влезат во ФНРЈ кај Битола, за од грб да го нападнат и уништат ДАГ кој беше лоциран на планината Вич.
    Исто така Тито беше против идеата на Горги Димитров за федерација, бидејќи се плашеше од осомостајување на Македонија, а бргу по тоа србите ни земаа доста територија, за Прохор Пчињски потпиша Арсов кој покасно се самоуби.
     
    На AAbrat и gjoko-mkd им се допаѓа ова.
  10. Spiegel

    Spiegel

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    10.401
    Допаѓања:
    7.613
    Нормално дека не мора ЦИА да ни каже нешто што ние Македонците веќе го знаеме, но убаво е кога некој вака ќе го потврди тоа што ние го збориме за угнетувањето на нашите дедовци и баби во Егеј и Пирин, додека грците и бугарите се прават наудрени кога се збори на таа тема.
     
  11. robertmkd

    robertmkd

    Член од:
    2 октомври 2015
    Мислења:
    44
    Допаѓања:
    16
    Да, сега сите ќе веруваат на Ireal со слика од двокатна автобус-авион-тенк а не на документиве од ЦИА...
     
    На Tоni, Avenger99 и Darling им се допаѓа ова.
  12. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    13.254
    Допаѓања:
    6.109
    боли, а? американците во 50тите се лажеле меѓу себе, прикаски :ROFLMAO:
     
  13. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    6.098
    Допаѓања:
    2.702
    се тоа што го напишав се општопознати факти...
     
  14. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    4.255
    Допаѓања:
    5.141
    Тито никогаш не бил против федерација туку Сталин.
     
  15. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    6.098
    Допаѓања:
    2.702
    Сталин бил против, не негирам, но Тито не прифаќал никаква идеја за голема Македонија која би можела да излезе од рамките на ФНРЈ.
    Патем знаеш ли колкава беше Македонија во првата Југославија по ВВ2 ?
    Не е само Прохор Пчињски што е дадено на Србија.
     

Сподели преку: