знам дека може ако јас (или синот) се пресели во ХР, после 5 години се добива државјанство... но сега за сега опцијата со преселување за мене е економски проблем бидејќи сум пензионер, а синот ако се сели сака да се пресели во вистинска ЕУ, не во Хрватска од кај што и нивните млади бегаат ... но ќе видиме како ќе се одвиваат работите...
ПА добро зависи од кои делови на Хрватска бегаат, сигурно не бегаат од Далмација или од островите. Бегаат од неприморскиот дел. Исто како и низ Црна Гора. Приморјето е светлосни години понапред од северот, па од северот бегаат или на приморје или по другите земји... Хрватска е скапа за живот, ама па и платите не им се толку лоши, како што веќе реков, на островите или Далмација... Туристичките места увек си ринат и добро живеат, кај нив и да не тече ќе капне.
Еве јас пак се омажив во БиХ и тука живеам нормално дека сакам да се осеќам како домашна овде, сеедно што е БиХ, ги средив документите за престој, добив дозвола на основа на брак 1 година, наредната морам да одам да ја продолжам дозволата и така наредните 5 години, и тоа ме кошташе ѓавол ипол, ама небитно, во главно е дека добив и здравствено преку државното, т.е. преку сопругот и неморам да излегувам сега на секои 3 месеци, затоа што небитно што ние сме во брак, тоа не значи дека јас ќе си седам така 5 години без да потегнам ниеден документ и ќе си добијам БиХ државјанство. Сега не се секирам, еве чекам и дечиња две, ќе ги родам овде исто како да сум овдешна, легално престојувам и децата нема да ми имаат проблем во иднина, они секако од роџење ќе си имаат овдешно државјанство. Зборот ми е дека секоја држава си има процедура, нека е и нај отепаната држава, процедурите мора да си поминат.