И, еве ме пак пишувам тука...
Некаде на почетокот на февруари се разбудив едно утро со огромен десен тестис, отприлика колку стисната машка тупаница... релативно тврд, не си осеќам тестисот на допир и упм од памет излегов и веднаш на уролог... Излезе дека е тоа хидроцела, релативно бенигна состојба, соберена вода помеѓу тестисот и обвивката на тестисот, која знам дека ја имав уште од пред 20 години, но во многу помала количина, и сега одеднаш стана огромна, а со тоа, според урологот, опасност за снабдувањето на крв на тестисот и операцијата стана единствена опција и на 22 февруари се оперираше...
Е, работата е што на ехо прегледот се виде ингвинална кила на левата страна ( на десната сум опериран веќе), која немаше тогаш видлива манифестација, и во разговор со хирург одлучивме да чека...
Во март веќе ми се појави мал оток...
И, еден ден на почетокот на овој месец осетив болка на левата препона, и подоцна кога видов, отокот станал топка скоро како тениска топка...
Се распрашав по приватните болници, операцијата се комплет чини од 50-57000 денари, и се се завршува за еден ден, одиш сабајле, анестезиолошки испитувања, операција, доцна поручек одиш дома, ти дадат нешто против болка и тоа е...
Но, поради лошо искуство на мој пријател со таква операција баш пред јас да се решам во една приватна болница, решив да одам во струмичката општа болница, каде веќе имав искуство
Стандардна процедура... завршени анестезиолошки испитувања, операцијата договорена за 19-ти, отидов во болница вечерта на 18-ти.
На 19-ти самата операција околу пладне, во 14 е се готово се разбудив на одделение...
Цел ден инфузии, мислам дека беа 5, станав од кревет и прошетав по ходниците нешто после 18 часот.
Болки немав.
20-ти онака... станував од креветот со она помагалото како триаголник над креветот, болки немав и само една инфузија. И ужасно ме нервираше што ја макнев со мене дренажата насекаде
Фала Богу има интернет и ТВ
Цел ден само течности смеев и тоа е...
21 ми ја извади докторот дренажата, една инфузија и дома... Толку беше...
Вчера бев да ми извадат конците, има благ оток околу раната што е нормално. Функционирам скоро нормално, нема секс, нема тешко дигање...
Убаво поминав.