Фудбалски/трансфер дискусии

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.758
Поени од реакции
20.465
Инсајдерски инфомации имаат штипјани :pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Мислам дека Матје им е тотален промашај на Барса.
Па кога ќе ги видиш другите дефанзивци на Барселона Матје за нив е доктор по одбрана...зарем оние мекушите и мрсулите Пике и Батра ги рачунаш како дефанзивци?...Матје е поцврст,посилен и побрз од нив што значи дека е подобар од нив
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Добар трансфер за Валенсија е ова.
ама не верувам дека Матје ќе биде тотална утка, не викам дека ќе биде нешто вау.
Повеќето сте зачудени дека Матје не е некое големо фудбалско име, ама во последнава година ипол он е еден од најдобрите халфови во ЛаЛига. Има одлична техника, може е меѓу најдобрите халфови во тој аспект, брз е, снажен е, знае да уклиза добро и не ми текнува дека направил некој пенал.
Од друга страна, лошо се позиционира, слабо маркира и знае да се успие во одбрана т.е. касно да скокне или сл. исто некогаш не се разбираше со голманот, тоа се дешаваше кога Гуаита бранеше кој е тежок киксер, а и немаше некој добар партнер во одбрана со кој ќе ја напреднеше својата игра. Во кратки цртки слаба концетрација имаше. Исто не е некој лидер, ама пожртвуван играч е, со искуство и затоа имаше предност пред Маркињос, Блинд, Ињиго итн.
Гледам цел свет му се смее, ако не падне под притисок мислам дека ќе успее да се адаптира на нивото на Барса, и така халфовите не им имаат некои големи задачи освен технички да се потковани...
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Па и јас тоа викам..кога ќе ги видиш Пике и Батра колку се за никаде Матје неможи да е полош од нив...Пике и Батра ем шо се преспори,плус се премеки и ги губат сите можни дуели..ни трчаат а ниту се нешто посебно добри на високи топки..е сега Матје не дека којзнае колку добро се позиционира но во погорните сегменти кои се најбитни за еден дефанзивец е подобар и од Пике и од Батра и сигурен сум дека ќе игра прва постава и добро ќе се покажи бидејќи Матје не е лош играч...
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
56
Поени од реакции
21
Имаат среќа што Маскерано остана па ке ги вади малку, човекот гризе се во дефанзива звер е како игра одкако дојде во Барса. Кога го купија им се чудев во Ливерпил беше дрво големо само црвени правеше кога и да влезеше во игра но во Барса се препороди. Така да нека му се молат дефанзивциве да остане он уште долго ке им олеснува многу.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Маскерано има квалитет огромен и тоа не е спорно вистински лав е на терен, штета што висината го јаде инаку има квалитет да биде еден од најдобрите дефанзивци ever.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Колку само ќе си се пронајдат Конте и Ибра. Првиов неколку пати изјави дека нема ништо против враќање на Ибра во Јуве и покрај се што се случи.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.310

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ова што го направија Свонси и Тотенхем ни на менаџер не успева. :ROFLMAO: Ворм постапи многу неамбициозно но мислам дека на Љорис му ветија ЛШ барем сезонава сезона за да го потпише договорот и во случај да мора да го продаваат наредна сезона, да имаат веќе одличен no.1 во своите редови.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Мислам дека Матје им е тотален промашај на Барса.
И јас мислев така, до пред 1-2 дена. Сега, откако одминува времето, се си мислам дека Матје ќе биде наш најдобар дефанзивец наредната сезона и јас би го играл во прв состав, дури и доколку донесат и друг стопер.
Има се што му беше потребно на новиот стопер на Барселона(оној кој 4 сезони го бараме). Висина, брзина, техника. Мислам дека ретко се наоѓа фудбалер кој е висок 1.90м, а да има таква брзина како Матје. Единствена негативна точка е неговата возраст, ама за дефанзивец не е престар. И Пујол играше најдобро во 2008ма, а тогаш имаше 30 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom