Фудбалски вести

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Алесандро Неста е назначен за тренер на Мајами

[DOUBLEPOST=1441035381][/DOUBLEPOST]Инаку се работи за нов клуб, кој ќе почне од наредната сезона во Американската NASL
Еден од сопствениците е Паоло Малдини
Овај Мајами е тој клубо Бекам шо е газда ?!
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Не го заборавајте Џо Чави Ален, исто Тејлор од Свонси и Ледли од Палас се квалитетни играчи. Вилијамс и Тејлор се едни од потценетите дефанзивци во ПЛ. Можеби стварно имаа среќа со групиве ама и квалитетен фудбал играат. Цврсти во одбрана и брзи во напад, не ја пимплат топката како Англија и Шкотска.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имаат тимски дух и не се медиумски наапани, за разлика од нивните соседи... :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Еве у главно кои играат.

Од голмани само Хенеси (трет голман у Палас). Се надевам нашион Дени Ворд ќе почне да добива шанси.

Дефанзивци: Гантер (прв десен бек у Рединг), Сем Рикетс (десен бек за Ковентри, али бајаги настапи има за Велс), Вилијамс (капитен и на Велс и на Свонси), Колинс (изгуби место веќе во Вест Хем), Тејлор (прв лев бек у Свонси). Местото у репрезентација на Тејлор му го брка Дејвис од Тотенхем. До скоро играл и Гебидон од Палас што беше, али се пензионирал.

Средина со тројца везњаци изгледа играат. Ледли (бекап у Палас), Ремзи (стандарден у Арсенал и поткапитен у Велс), Енди Кинг (стандарден у Лестер), Дејв Едвард (небитен, у Волвс игра), Ален (никако да напраи establish у Ливерпул, моментално повреден), Дејвид Вон (стандарден у Нотингем Форест).

Офанзивни играчи. Бејл (Бејл), Воукс (стандарден у Барнли), Сајмон Чрч (нов играч у МК Донс), Хал Робсон-Кану (стандарден у Рединг), Дејвид Котерил (некој небитен од Бирмингем). Honorable mention исто за еден пензиониран, еден од моите омилени all-time играчи, Крег Белами :)

Интересно тимче. Се гледа дека им иде пошто не ги пука никаков притисок, а овие си се поштени играчи. И ете, на секоја позиција имаат по еден „влијателен“ со искуство и талент, Вилијамс у одбрана, Ремзи у средина, Бејл у напад. Организација топ, браво за нив (y)
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Малце касно ама вреди да се спомне.

На денешен ден 03 Септември во 1985та година на патот за Белград, брзајќи за тренинг во сообраќајна несреќа загинал Драган Манце. Иако имал само 22 години Манце бил и е вистинска легенда на Партизан. Во 4те години поминати во црно-белиот дрес Манце одиграл 279 натпревари постигнувајќи неверојатни 174 голови.
И ден денес, после 30 години од неговата смрт, Гробарите не ја забораваат својата легенда и на секој натпревар ја скандираат познатата `отишо си Драгане остала је туга, увек че те волети Гробари са југа`. Во близина на стадионот на Партизан има и улица именувана во негова чест. Драган Манце.


4 години подоцна, во 1989та година во 36тата година од својот живот, враќајќи се од службено патување во Полска истотака во сообраќајка загинува легендата на Јувентус и Италијанската репрезентација Гаетано Скиреа, или како што точно се изговара на италијански јазик а и неговиот `носач на името` @Scirea се труди тоа да го наметне и на форумов, Гаетано Ширеа.
Ширеа е вистинска легенда на торинскиот тим, 14 години го носел дресот на Јувентус, забележал 377 настапи и постигнал 24 голови.
Една година пред својата смрт ја завршил својата играчка кариера, добил работа како скаут во Јувентус и на денешен ден враќајќи се од Полска каде требало да ја скаутира екипата на Горни Забрзек, следен противник на Јувентус во Европа, во близина на местото Бабск во судар со камион починал на самото место.
Може слободно да се каже дека животот го дал за Јувентус, една од најголемите нивни легенди а истотака и на Италијанскиот фудбал.
 
Последно уредено од модератор:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На денешен ден, 04 септември во 2006та година на 64 годишна возраст почина легендата на Интер и италијанската репрезентација, Џакинто Факети.
Факети во Интер ја поминал целата своја кариера, 18 години го носел дресот на Нероаѕурите, на 634 натпревари постигнал 74 голови и освои се што може да се освои во фудбалот. За репрезентацијата на Италија одиграл 94 натпревари и постигнал 3 голови.
Од 2004та па се до неговата смрт во 2006та година Џакинто ја вршеше улогата претседател на Интер.
Во негова чест еден од плоштадите во Милано го носи неговото име, Џакинто Факети. Легендарниот дрес со број 3 е вечно пензиониран во Интер.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Еве у главно кои играат.

Од голмани само Хенеси (трет голман у Палас). Се надевам нашион Дени Ворд ќе почне да добива шанси.

Дефанзивци: Гантер (прв десен бек у Рединг), Сем Рикетс (десен бек за Ковентри, али бајаги настапи има за Велс), Вилијамс (капитен и на Велс и на Свонси), Колинс (изгуби место веќе во Вест Хем), Тејлор (прв лев бек у Свонси). Местото у репрезентација на Тејлор му го брка Дејвис од Тотенхем. До скоро играл и Гебидон од Палас што беше, али се пензионирал.

Средина со тројца везњаци изгледа играат. Ледли (бекап у Палас), Ремзи (стандарден у Арсенал и поткапитен у Велс), Енди Кинг (стандарден у Лестер), Дејв Едвард (небитен, у Волвс игра), Ален (никако да напраи establish у Ливерпул, моментално повреден), Дејвид Вон (стандарден у Нотингем Форест).

Офанзивни играчи. Бејл (Бејл), Воукс (стандарден у Барнли), Сајмон Чрч (нов играч у МК Донс), Хал Робсон-Кану (стандарден у Рединг), Дејвид Котерил (некој небитен од Бирмингем). Honorable mention исто за еден пензиониран, еден од моите омилени all-time играчи, Крег Белами :)

Интересно тимче. Се гледа дека им иде пошто не ги пука никаков притисок, а овие си се поштени играчи. И ете, на секоја позиција имаат по еден „влијателен“ со искуство и талент, Вилијамс у одбрана, Ремзи у средина, Бејл у напад. Организација топ, браво за нив (y)
Ремзи(Ремзи)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom