Фудбалот во Кина

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Кој е вашиот омилен клуб


  • Вкупно гласачи
    73
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
И русите вака се маваа во груди едно време па сега полоши се и од тоа што беа.

Sent from mTalk
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Сите тие милиони за доведување на потрошена роба да ги вложеа во фудбалски академии може и ќе имаа свои домашни фудбалери и подобра репрезентација.

Вака успех за Кина ќе биде ако имаат пласман на светско првенство.
Ако се зголеми бројот на учесници од 32 на 48 држави тогаш ќе имаат континуирани учества на првенствата.
Малце си неинформиран ама за тоа тука сум јас :D

Кина од 2015 е во масовна изградба на 70.000 спортски комплекси на секаде во поголемите градови и имаат план да се завршат до 2020 година и веќе имаат над 100.000 фудбалски академии што секоја година се прави селекција по најстроги критериуми исто како во Англија,Германија,Шпанија,Италија и останатите фудбалски велесили.

Е сега фудбалот не е спорт што се воздигнува преку ноќ,фудбалот е занает и треба постепено да се надоградува со сите можни финеси а за тоа се потребни одлични услови и добри/школовани тренери каде ќе ги научат децата од мали на каков начин се игра фудбалот ,нормално заедно со условите во клубот каде треба да ги земи како во камп на посебен режим во исхраната и подготовките.

Условите во клубовите се на највисоко можно ниво моментално,не само што се пребогати туку веќе сите имаат сопствени спортски академии со помошни игралишта,теретани,мензи,хотели,ресторани и со овој 10 годишен план (2015-2025) желбата му е Кинеското првенство да стани исто популарно како Европските со сите можни карактеристики(тв преноси,спонзори,курци,палци) па затоа се ангажирани голем дел од Европски тренери и занаетџии во фудбалот што работат во клубовите и се скапо платени.

Јас искрено мислам дека тешко би ја достигнале славата на Европските клубови но сигурен сум дека во иднина ќе дај резултат ваквото нивно вложување бидејќи е надвор од секоја смисла.[DOUBLEPOST=1483704404][/DOUBLEPOST]
И русите вака се маваа во груди едно време па сега полоши се и од тоа што беа.

Sent from mTalk
Кај Русија веќе преочигледно е дека на екипите му е наложено да форсираат само домашни играчи,не е можно да паднат толку финансиски за 2-3 години..Зенит пред 10 години се расфрлаа со пари и нудеа секаде се и сешто за сега најдобрите играчи Хулк и Витсел да ги испуштат туку така..и Цска,и Динамо Москва,и Спартак не вложуваат како порано туку претежно се насочени на домашни фудбалери како што ги гледам..Анжи едно време пребогати беа и Рубин Казан па и тие паднаа
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.473
Поени од реакции
16.084

Гудељ во Тианжин, спавате ли мирно кои и да сте таму ривалите, треба да си потпрочитаме :icon_lol:
Дотичниот не би играл ни во Ф. К. Ран Производ, со должна почит
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
И русите вака се маваа во груди едно време па сега полоши се и од тоа што беа.

Sent from mTalk
Многу нормално. Имаше и едни Ривалдо што го земаа па ги снема нигде и во Азиска лига.

Анжи исто.

Се е ова пролазно, играчиве нема ни да се замараат во лигава.

Кај и да е за 3 години од сега во лигава нема 5 играчи да знаеме. (во 2020 ќе се цитирам :D )

И Дрогба и Анелка нели играа во лигава, па после тоа клубот беше ко РК Металург немаше пари за плата на играчите да им даде.....
 
D

Darko_ufo

Гостин
Други времиња и води се ова, не спијте на тоа уво дека ќе снемаат пари кога позади нив стојат намоќните и најбогатите компании во свет. Станува доста популарен фудбалот во Кина па од таму и маркетиншгки ќе им се исплати на компаниите, само штета што правилото е 4 странци плус еден Азиец, подобро ќе беше 6 странци вкупно и нека има 5 Кинези или 7 странци со 4 Кинези, сепак клупата ќе биде Кинеска ако ништо друго, ќе има две три измени.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.220
Поени од реакции
6.657
Ја од Кинезиве знам само 2 играчи.Едниот е легенда на Сити пред овие да станат пластика-Сун Џихаи,со Хатем Трабелси хараа заедно :pos:. Вториот е Ли Ти,оваа легенда со фаца ко штрудла знам дека ми се падна на албумот со сликички за СП 2002,после кога го видов во Евертон се посрав од среќа...се надевам пак ќе извадат некои играчи,стварно се смешни појави
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Мислам дека имаше порано еден Кинез во Тотенхем играше лев бек ако не се лажам
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.624
Поени од реакции
14.384

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Не е само Игњатов,и Влатко Гроздановски играше таму...но сепак главна ѕвезда и играч од кој што Кинезите научиле најмногу,играч со посебни заслуги за фудбалот во Кина,личност кон која е изграден култ и е сметан за БОГ во Кина рамо до рамо со Мао Це Тунг,еден и единствен Величе(СТВЕН) Шумуликоски :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Величе Steven Шумуликоски 8
Steven Величе Gerrard 8
 

Kajgana Shop

На врв Bottom