Фрајле

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
22.jpg

Основана: Лето 2009 година
Место: Нови Сад, Србија
Жанр: Поп, џез
Активен период: 2009 - денес
Издавачка куќа: ПГП РТС
Членови: Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, Невена Буча, Јелена Буча

Фрајле (The Frajle) е новосадски женски акустичен бенд од четири члена.
Бендот е основан летото 2009 година. Пред основањето членовите биле распределени по различни бендови.
После првите заеднички свирки, сфатиле дека на луѓето им се допаѓа тоа па затоа почнале да работат заедно.
На Бендот му го дале името Фрајле како би го означиле Војводинското поднебје, од каде и што доаѓаат.

Брзо после основањето, бендот постанал интернет сензација. Со поставувањето на поп, рок, соул и R&B обработки, настапи по клубови ширум земјата, Фрајле успеале многу брзо да го привлечат вниманието на медиумите.
Биле поддржани од многу познати српски изведувачи и јавни личности како што се Бајага, Ана Станиќ, Зоран Кесиќ, Александра Радовиќ, Мира Адања Полак и други.
Фрајле со овој музички стил претставувале новитет на музичката-естрадна сцена. Како најава на својот деби студијски албум, го објавиле својот прв сингл " Ich liebe Dich" во 2010 година. Оваа песна ги прославила уште толку и им потврдила дека треба да продолжат со снимањето на нови песни. За истата песна снимиле и видео спот, кој е објавен во декември истата година.
Во 2011 година објавена е песната "Штиклице", која станала многу популарна на радио станиците. Третиот сингл, наречен "Фина" е објавен во летото 2012 година.

Деби албумот, под називот "Наш први албум са путовања" е пуштен во продажба на 17 септември 2012 година, од страна на издавачката куќа ПГП РТС. Од 10 композиции на албумот, Фрајле биле автори на 9 песни, само песната "Жена за сва времена" ја напишал Зоран Симјановиќ. Инспирација за албумот пронашле на многуте патувања на кои биле, од каде што и доаѓа името на албумот.
Продуцент на сите песни од албумот бил Војислав Аралица. Покрај 10те композиции, на албумот се нашле и 2 бонус-песни, а тоа биле: ремикс на песната "Штиклице" и друга верзија на песната "Модри од љубави". Покрај Србија, албумот е објавен и во Босна и Херцеговина под издавачката куќа "Хајат продукција" и во Хрватска под издавачката куќа "Акваријус рекордс".

Фрајле се познати и по својот препознатлив стил на облекување, со кој се обидуваат да ги вратат старите времиња.
Што се однесува до нивниот музички стил, тој е окарактеризиран на повеќе начини.
Познатиот автор, Александра Милутиновиќ откако ги преслушала нивните песни, за песната "Ich liebe Dich" изјавила дека ја потсетува на "Војводинско танго", додека публиката, песните "Штиклице" и "Жена" ги нарекле "Женски беќарац".

Албуми:
2012: Наш први албум са путовања

Синглови:
2010: Ich liebe Dich
2011: Штиклице
2012: Фина

Колку да ве запознам со бендот, ќе ги издвојам настапите од минатогодишната Златна Бубамара на популарноста :)


За повеќе, ви оставам простор на вас :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
Нов сингл на Фрајле

 

Kajgana Shop

На врв Bottom