Фондан - смеса за декорирање на торти

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Нема торта или колаче кое не е вкусно, но уште побаво е кога е добро декорирано т.е кога прво окото го јаде приложениот десерт.
За тортата или колачињата да бидат повкусни, не треба многу труд.
Малку креативност и желба за реализација.
По интернетот ќе најдете многу рецепти за смеса за декорирање.
Еве некои од нив :)

Фондан со желатин

Потребни состојки:
1 ќесичка желатин во прав
50 мл ладна вода (за желатинот)
20 мл вода (за фруктозата)
100 гр фруктоза или декстроза
1 лажица глицерин
900 гр шеќер во прав

Подготовка:
Желатинот полијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да нарасне. Фруктозата или декстрозата ставете ги во сад за готвење и полијте ја со 20 мл ладна вода. Ставете ја на рингла за да се истопи и цело време мешајте. Нека врие 20-30 секунди и додајте една голема лажица глицерин и надигнатиот желатин. Се' заедно измешајте.

Во сад ставете 500-600 гр шеќер во прав и постепено додавајте ја растопената смеса. Измешајте. Во вака добиената смеса додаваме уште шеќер во прав. Постепено додавајте шеќер во прав, убаво изработете и префрлете го на работна површина. Додадете го останатиот шеќер во прав и изработете го фонданот.

Готовиот фондан оставете го да отстои 30 минути на работната површина, потоа ставете го во пластична фолија и чувајте го на собна површина. Најдобро е да се искористи во рок од 7-10 дена. Ваквиот фондан најдобро се обојува со гел-бои, но доколку користите прехранбени бои претходно додадете им малку вода или алкохол.



Фондан со локум и шеќер во прав

Потребни состојки:
Секогаш одат 1:1
- 500 гр. локум
- 500 гр. шеќер во прав
- прехрамбени бои во прав

Подготовка:
Локумот и шеќерот во прав замесете ги. Потоа ако сакате да обложите торта во две бои, поделете ја смесата и во едниот дел ставете една, а во другиот дел друга боја и убаво измесете. Ставете во свежо фолија и оставете смесата да се одмори 24 часа.
Потоа препуштете се на креативноста :)


Сте правеле ли фондан смеса? Некои фигури/торти?
Рецепт за фондан?

Јас имам подготвувано колачи од фондан смеса со локум и шеќер во прав.


Како за прв пат, задоволна бев :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Фонданот со локум и шеќер ми е испробан повеќе пати до сега, го користам истиот рецепт (на Величествената) соодносот 1:1, или на 500 гр локум, 500 гр шеќер во прав, со напомена, локумот пред да се замеси со шеќерот да се стави малку во микро печка за да омекне, така се замесува полесно и поубаво се работи (y)

fondan.jpeg fondan 2.jpg
цаке.jpeg
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Прекрасно изгледа но според мене вкусот е одвратен.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Каде можам да најдам глицерин?
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Фондан со локум и шеќер во прав

Потребни состојки:
Секогаш одат 1:1
- 500 гр. локум
- 500 гр. шеќер во прав
- прехрамбени бои во прав

Подготовка:
Локумот и шеќерот во прав замесете ги. Потоа ако сакате да обложите торта во две бои, поделете ја смесата и во едниот дел ставете една, а во другиот дел друга боја и убаво измесете. Ставете во свежо фолија и оставете смесата да се одмори 24 часа.
Потоа препуштете се на креативноста :)
Каде можам да најдам прехрамбени бои во прав? Сакам да направам ситни колачиња за Нова Година и да ги декорирам со фондан, а овој со локум и шеќер наједноставен ми изгледа за правење :)
Исто така и ме интересира и дали може од негде да се купи или нарача готов фондан?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Каде можам да најдам прехрамбени бои во прав? Сакам да направам ситни колачиња за Нова Година и да ги декорирам со фондан, а овој со локум и шеќер наједноставен ми изгледа за правење :)
Исто така и ме интересира и дали може од негде да се купи или нарача готов фондан?
Фонданот со локум и шеќер во прав е ептен едноставен. Треба само добро да се измеси и после тоа можеш да го свиткаш во свежо фолија и да го користиш во следните 2 месеца :)
Еве ја мојата срце торта, обложена со фондан од локум и шеќер во прав


Инаку прехрамбени бои има во поголемите маркети, не се воопшто скапи. Знам дека продаваат и готов фондан, ама не знам каде поточно :pipi:
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Се заинатив и јас една година како магаре на мост за торта со фондан, и се разочарав. Убаво изгледа да, ама тоа ни се сече ни се јаде. А башка и никаков вкус...

100_1767 - Copy.JPG
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Се заинатив и јас една година како магаре на мост за торта со фондан, и се разочарав. Убаво изгледа да, ама тоа ни се сече ни се јаде. А башка и никаков вкус...

Прегледај го приврзокот 54985
Зависи каква торта си правела :D
Јас обично со фондан обложувам торти/колачи со касато фил т.е оние кои не се печат, туку се подготвуваат со бисквити :)
Никогаш не сум имала проблем со сечење или послужување, а вкусот е прекрасен :pipi:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Macedonian fondant cake

 
Член од
9 септември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Во рецептон за фондан со желатин откако убаво ке се замеси смесата ли се става боја?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Мене тортиве со фондан страшно интересно ми изгледаат, иако можеби вкусот на фонданот и не е така најдобар.

Завчера имаше останато уште едно парче крушевски локум, па реков да направам мини содржина чисто колку да го пробам фонданот од локум (рецептата од воведниот пост ме примами да пробам да направам :D). Земав пола парче од локумот и го замесив со шеќер во прав. Добив бел фондан, но во премала количина. Вкусот не е нешто посебно убав, затоа што силно се осеќа големата количина на шеќери. Следен пат кога ќе направам поголема количина и кога ќе го адаптирам на торта, тогаш ќе има и слики.

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom