Фискални каси со GPRS

Член од
11 ноември 2014
Мислења
7
Поени од реакции
18
Цениве на касите горе доле се со иста цена ,е сега најбитно е тоа годишното одржување кој колку ќе те дере.Старата каса ми беше од СИФЕКС или по ново Нови Системи се викаат ме одраа годишно бев обвзан да им плаќам по 3600 за одржување а не добивав ништо за возврат секоја поправка си ја плаќав по редовен ценовник за резервниот дел.Дури беа крајно безобразни со цените на деловите например меморија кога менував ми ја наплатија 6100 денари а во Акцент истата меморија 2400 денари,ужас фирма се.Затоа сега најбитно ми е тој дел за касите прашав во Дуна имаат три опции
1.опција плаќаш 2100 денари годишно одржување делот го плаќаш а работната рака не.
2.опција 2800 денари делот го плаќаш пола а работната рака не.
3 опција 3600 денари и делот и работната рака не ја плаќаш
Давид комјутери има две опции и изгледа се најприфатливи околу оваа работа
годишно одржување е 3000, 00 денари +ддв
во цената е вклучено
1.нова крипто карта
2. нова сим карта
Бесплатна работна рака и резервни делови освен фискална меморија.
Доколку не се плаќа годишно паушално одржување , си плаќате од сервис ,законски не сте обврзани да плаќате годишно паушално одржување.
Е сега ова незнам што е крипто карта и сим картичка и да не има некои скриени трошоци околу конекција со УЈП што треба да иде преку некој мобилен оператор како што разбрав ,дали се наплаќа тоа плус годишно.
Ако знае некој поподробни информаци околу новиве каси што и како ќе иде нека пише.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Едно прашање, кое е полуОФ. Не сум запознат дали МОРА да се менуваат старите фискални каси или тоа важи само за новите корисници и оние кои имаат потреба од замена на старите?
А и која е поентата на новите каси?
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Едно прашање, кое е полуОФ. Не сум запознат дали МОРА да се менуваат старите фискални каси или тоа важи само за новите корисници и оние кои имаат потреба од замена на старите?
А и која е поентата на новите каси?
Мора да се менуваат. Мислам дека крај на јануари е крајниот рок и сите фирми треба да имаат каси со GPRS до тој датум. Плус некои фирми треба и резервна каса да имаат (не знам како иде ова баш, изгледа зависеше од износот на прометот од претходна година).

Поентата е да се следи кога работат касите и полесно да се открие затајување на данок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Едно прашање, кое е полуОФ. Не сум запознат дали МОРА да се менуваат старите фискални каси или тоа важи само за новите корисници и оние кои имаат потреба од замена на старите?
А и која е поентата на новите каси?
Мора да се менуваат. Сите фирми кои минатата година направиле нето промет од над милион денари мораа да ги променат најдоцна до 31 октомври. За останатите, рокот е крајот на јануари.

Но - постои опција да не мора да се купуваат нови, туку да се направи надградба на старите фискални принтери (им вградуваат некаков уред со антеничка со која се поврзани со УЈП). Цената за надградба е мислам 3600 денари на еден принтер во Акцент.

Разликата е: ролната со слипови од фискалните сметки која се наоѓаше одзади во принтерот и што треба да се чува за евиденција од страна на фирмата, сега не постои. Таму не се става термална трака, туку податоците директно одат во УЈП. Целта е да се има секогаш увид во фискалното работење на фирмите. А дека ќе промени нешто - не верувам.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
slusnav deka ne moralo site firmi da stavat od novite fiskalni
samo za tie pogolemite,sto pravele povike promet
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
До крај на јануари сите треба да имаат такви каси.
Тоа го знам сигурно.

Работи кои ги слушнав, за кои не сум сигурен, а ќе се распрашам:

Ако сакаш старата каса да ти остане, малку е покомплицирана процедурата и малку поевтина.
Ако сакаш нова каса, поедноставно, но и малку поскапо.
Во првиот случај не ти ги враќаат парите преку ДДВ, а во вториот - да.
Мора да имаш за секоја каса, резевна каса. Пошто више не смее парагон блокови да користиш, кога касата ти е на сервис, него треба да ја извадиш касата од резерва. Значи да купиш две.

наскоро ќе дознам сигурно, што е од ова точно.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Мора да се менуваат. Мислам дека крај на јануари е крајниот рок и сите фирми треба да имаат каси со GPRS до тој датум. Плус некои фирми треба и резервна каса да имаат (не знам како иде ова баш, изгледа зависеше од износот на прометот од претходна година).

Поентата е да се следи кога работат касите и полесно да се открие затајување на данок.
Еве го делот за резервната каса што го спомнав погоре.

Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари во претходната година, со исклучок на даночните обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и автотакси превозници, е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема, кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема.
Даночниот обврзник кој во деловниот објект има воведено во употреба два или повеќе фискални системи на опрема, не е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема за тој деловен објект.
Даночниот обврзник е должен резервниот фискален систем на опрема да го користи до моментот на отстранувањето на оштетувањето или дефектот и ставањето во употреба на главниот фискален систем на опрема.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Значи не е - за секоја каса по една резервна, туку - оние што имаат само една каса мора да имаат една резервна.
 
Член од
11 ноември 2014
Мислења
7
Поени од реакции
18
Мислам дека може старата каса да се користи како резервна,така имам нешто слушнато.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Me interesir dali nekoj e upaten dobro vo rabota so fiskalna- kako moze da znam kolku proizvodi sum iskucal ( ne zboram za promet tuku za odreden vid proizvod-na primer kolku maici imam iskucano) -ima li opcija? Ve molam za pomos
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Мислам дека може старата каса да се користи како резервна,така имам нешто слушнато.
Не, и резервната фискална апаратура мора да биде регистриран апарат со ГПРС.
Me interesir dali nekoj e upaten dobro vo rabota so fiskalna- kako moze da znam kolku proizvodi sum iskucal ( ne zboram za promet tuku za odreden vid proizvod-na primer kolku maici imam iskucano) -ima li opcija? Ve molam za pomos
Овие новите апарати имаат таква можност. За кој апарат се работи?
i koja e najdobrata opcija spored vas ???
Јас по мое мислам дека ако се работи само за принтер има поголем избор и може да се размислува според цената и можностите, а ако се работи за фискален апарат тогаш Synergy SY250 (оригинално е бугарскиот Datecs DP-55KL), има помала цена, а ги има сите функции како и поголемата верзија.

Инаку јас имав прашање дополнително, ако некој знае да одговори. Кои податоци им се трансферираат на УЈП? Знам за секоја фискална и контролна сметка, ама дали имаат пристап до самиот апарат, дали имаат пристап на пример до настаните за внесување на артикли, до настаните за менување цена на артикал и слично?
На пример тоа не им е достапно кај корисници кои имаат ПОС програма на компјутер и кои користат фискален принтер, дали им е достапно за корисниците кои користат фискален апарат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Имаат, пристап до све што внесуваш, куцаш: артикли, време на палење, гасење, промет...

Таму ги алармира системот по разни основи. Дискрапанции и сл.
На пример, си имал секој ден промет околу 3-4000, ама ете сега имаш 10 дена по ред промет 5 ден. - таму им светка.

Орвелова 84-та ќе биде детска игра.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Имаат, пристап до све што внесуваш, куцаш: артикли, време на палење, гасење, промет...

Таму ги алармира системот по разни основи. Дискрапанции и сл.
На пример, си имал секој ден промет околу 3-4000, ама ете сега имаш 10 дена по ред промет 5 ден. - таму им светка.

Орвелова 84-та ќе биде детска игра.
Не, сериозно, пристапот преку ГПРС не е ништо ново, скоро сите земји од од регионот уште одамна имаат воведено ваков систем. Друго прашање е кај нас како ќе се имплементира ова и што ќе служи како доставување на тацна на сите податоци кои понатаму би се искористувале за селективно уништување на бизниси.
Ама прашањето ми беше зошто самостојните фискапни апарати им испраќаат такви податоци на УЈП, а тие кои користат фискални принтери со ПОС софтвер, не им ги испраќаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom