Финскиот модел на образование

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Заразен сум со нордиските народи и култура...затоа и се интересирам да научам нешто повеќе за тие северни држави :)

Финската министерка за образование Хена Виркунен (38), има повод за среќа.
Нејзината земја е на челните позиции од пограмата за меѓународно отценување на учениците PISA.
Ова е разговор со г-ѓа Виркунен, која во учителите ја гледа основата за добриот успех на финските ученици.
Дали очекувавте да бидете едни од најдобрите?
Мислев дека, другите земји се пред нас. Но бев изненадена дека сме далеку по-напредни. Во последните години претежно земјите од Азија, инвестираат многу во образованието- а тоа се исплати. Во европа исто е направено многу. Резултатите од ПИЗА, се мерило на области, како читањето, природните науки, математика...кои се основни.Но, постојат многу нешта кои ПИЗА не ги истражува. Како среќата и задоволството на учениците.

Со исклучок на Финска, ниту една европска земја не успеа да најде место во првите редови. Таму се најдоа многу земји од Азија. Каков е проблемот во Европа?
Азија има многу по-различен пристрап кон учењето. Корејските ученици на пример, добиваат многу дополнителна помош во учењето од родителите и блиските, за разлика од финските.

Дали Европа треба да се стреми кон тој модел?
Образованието секогаш е многу национален проект. Ние имаме различни култури и навики. Во Финска, постои сосема различен систем од тој во Азија. Нашиот е многу близок до Германскиот...

Дали Финска може да биде модел за Европа?
Често кај нас доаѓаат гости од странство, да го разгледаат одблиску нашиот образовен систем, на-пример од богатите нафтени земји. Дури ме прашувале дали можат да се купат финските училишта. Но, едно училиште не-може да биде пресадено. Потребен е систем, кој е погоден за конкретно општество. Нашиот работи овде, никаде на друго место нема да биде толку добар. Но одредени идеи, можат да бидат копирани.

Кои се основните елементи на успехот?
Нај-добро нешто во нашиот образовен систем се добрите учители. Професијата е многу популарна, нај-талентираните матуранти сакаат да станат учители. Во други земји тоа не е така...Нашите учители се подготвени максимално и имаат многу слобода. Тие сами го одбираат методот на предавање и учебните материјали, според потребите на секој ученик.

Друга силна страна во нашиот систем е, што сите училишта се еднакви.

Како постојат еднакви услови во шумските предели на Лапландија и во големите градови?
Условите се различни...една четвртина од училиштата имаат помалку од 50 ученика. Нашиот систем е еднакво добар и во селските училишта, каде работат само по двајца учители...и во Хелсинки, каде има се повеќе и повеќе емигранти. Но главната причина е таа- благодарение на добрите учители, кои се многу флексибилни. Финските редители треба да бидат сигурни дека, училиштето до нив е нај-доброто. Ние предлагаме индивидуален пристап и грижа за секој ученик. Учителите често имаат свој помошник, кој ги мотивира по-слабите ученици. Идејата е, училиштето да се приспособи спрема секој ученик посебно.

Во што се разликува училишната политика на Финска од политката на другите земји?
Во моментот имаме многу широк консензус меѓу партиите, кога станува збор за образованието. Мали се разликите и во суштина не постои несогласување. Во други земји, при секоја смена на власта, се прават напори да се промени образовниот систем. Кај нас тоа не е така. Затоа учителите можат целосно да се псоветат на работата, зошто не треба постојано да се занимаваат со реформи.

Какви се проблемите на финските училишта?
Загрижувачко во истражувањето на ПИЗА, е што имаме лоши резултати во читањето. Ние сме на прво место сеуште, но младите не читаат како порано...

Што правите за да го промените ова?
Кога некој има проблем, тој треба да добие помош.Уште во прво и второ одделение, сите деца треба да добијат добри способности, за да имаат стабилна основа. Учителите и родителите треба повеќе да ги мотивираат децата да читаат, не само задолжителни книги.
Друг проблем со кој се судираме, е што нашите ученици не секогаш се чувствуваат удобно во училиште. Денес се сретнав со Данскиот министер за образование. Во Данска, резултатите од учење не се толку добри како нашите, но учениците се многу среќни. И ние би сакале да имаме од таа среќа во иднина...

Извор: goodnewsfinland.com

Ако истражите малку на нет, ќе приметите дека толку многу е напишано за тој модел на образование...ние се стремиме кон британскиот модел, мислам дека кога копираат нешта нашите “експерти“, незнаат од каде да крадат...

Повеќе, тука или тука....или тука.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
-квалитетни учители;
-еднаков квалитет на училиштата без разлика на средината;
-апсолутна политичка слобода за учителите и немешање на партиите во работата;
-насочување кон усовршување на оние квалитети кои ученикот ги има;

Тоа е тоа што го има постигнато Финска и што заслужува секаква почит :cuc::cuc:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А по што се толку познати Финците? кога последен пат имате слушнато некоја вест од финска? Што толку значајно се случува таму што ете заслужува и ние да го примениме? Јас лично знам за Финска водка која не е подобра од наша домашна лоза или шљивка
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Финска и општо северните земји имаат многу богата научна елита, но човек што не е во тој свет, не ни знае...не очекувај од македонски медиуми дека ќе делат информации од Финска...+ образованието во Финска е бесплатно.
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
А по што се толку познати Финците? кога последен пат имате слушнато некоја вест од финска? Што толку значајно се случува таму што ете заслужува и ние да го примениме? Јас лично знам за Финска водка која не е подобра од наша домашна лоза или шљивка
Eve be познати се.

On: edno време кружеше вест дека се први или втори во светот на образовно поле. И така...Али целта ми беше да ги ставам Лорди.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
-квалитетни учители;
-еднаков квалитет на училиштата без разлика на средината;
-апсолутна политичка слобода за учителите и немешање на партиите во работата;
-насочување кон усовршување на оние квалитети кои ученикот ги има;

Тоа е тоа што го има постигнато Финска и што заслужува секаква почит :cuc::cuc:
ист квалитет за секој не значи и квалитетна услуга.
И ние имаме ист квалитет на здравството за секој, па далеку е од квалитетно.

Интересни прашања од Лет3, со доза на сарказам, ама заслужуваат да бидат одговорени. :)
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
ист квалитет за секој не значи и квалитетна услуга.
И ние имаме ист квалитет на здравството за секој, па далеку е од квалитетно.

Интересни прашања од Лет3, со доза на сарказам, ама заслужуваат да бидат одговорени. :)
Ако квалитетот на услугата го рангираме од 1 до 10, тогаш 100 пати подобро е за сите да биде на ниво 6, отколку за некои на ниво 10, а за другите да биде 0.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако квалитетот на услугата го рангираме од 1 до 10, тогаш 100 пати подобро е за сите да биде на ниво 6, отколку за некои на ниво 10, а за другите да биде 0.
Исто е поарно богатите да ги видиме посиромашни, него ли сиромашните некако да се збогатат. :)

Нели ти е супер шо у македонското здравство со куртермин.ком чекаш по 3 месеци за преглед? Шо за обични тестови за крв те мотаат со денови пошто немале реагенси меагенси? Ама па гледај на убавата страна, за сите е неквалитетно, сите сме у истите гомна. Убаини.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Исто е поарно богатите да ги видиме посиромашни, него ли сиромашните некако да се збогатат. :)

Нели ти е супер шо у македонското здравство со куртермин.ком чекаш по 3 месеци за преглед? Шо за обични тестови за крв те мотаат со денови пошто немале реагенси меагенси? Ама па гледај на убавата страна, за сите е неквалитетно, сите сме у истите гомна. Убаини.
Камо да беше така, за сите да е неквалитетно. Колку пати чекајќи со мајка ми на клиника сум видела сестри рака под рака ќе си ги воведат нивните пријателки, роднини, на комшиката тетка и итн. а други што дошле од кој знае каде, стари луѓе на кои им треба помош седат и чекаат ред. Луѓе ден од работа губат, се расправаат да дојдат на „закажаниот„ термин, за да сестрата им каже дека во нејзиниот список ги нема, а на упатот убаво напишано дата и време за преглед или контрола. Не е пак за сите исто.
 
Опааа. Значи кога е исто за сите, за сите е лошо, освен за некоја си елита, така? :D
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Имам чувство дека тие народи се и доста здрави...имаат навика да јадат многу свежа храна, имаат многу органски фарми и се хранат локално...на тој начин градат силен имунитет и болокада за болести...Јас во болница немам влезено 7-8 години, незнам како функционира здравството кај нас, ама сигурно е подобро до Финското, затоа сите се интересираат од нашиот здравствен модел лол ;)
Децата во Финска спијат во кутии
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Исто е поарно богатите да ги видиме посиромашни, него ли сиромашните некако да се збогатат. :)

Нели ти е супер шо у македонското здравство со куртермин.ком чекаш по 3 месеци за преглед? Шо за обични тестови за крв те мотаат со денови пошто немале реагенси меагенси? Ама па гледај на убавата страна, за сите е неквалитетно, сите сме у истите гомна. Убаини.
Така е. Затоа што некои луѓе се ептен богати, дури до толку што тие пари никаде нема да им служат ниту па ќе им бидат потребни. Тоа што го напиша се постигнува со правилна даночна политика или попросто кажано, повисоки даноци за богатите, а пониски за сиромашните.

Инаку не знам зошто во дискусијата го ставаш на тапет македнското здраство, образование и не знам што, како јас да сум рекол дека се одлични. Никаде не ги споменав, туку само ги набројав потребните работи за квалитетно образование што се согледуваат во зборовите на оваа министерка од Финска.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Опааа. Значи кога е исто за сите, за сите е лошо, освен за некоја си елита, така? :D
Го глумиш Лет , со фората дека чашата е напола празна ?
А околу консензусот на сите политички партии во Финска на тема образование нема што да се забележи или пишувањето на историјата после секои парламентарни избори , како кај нас , е нормална работа?
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Така е. Затоа што некои луѓе се ептен богати, дури до толку што тие пари никаде нема да им служат ниту па ќе им бидат потребни. Тоа што го напиша се постигнува со правилна даночна политика или попросто кажано, повисоки даноци за богатите, а пониски за сиромашните.
Е како не ги трошат? Со тоа шо инвестираат шо праат? Можат да изгубат, а со тоа и потрошат многу повеќе него ли ние шо трошиме за леб и стек. :)
Затоа многу лесно, со неколку лоши одлуки милијардерот ќе стане мулти милионер, а и помалце од тоа. :)
Инаку не знам зошто во дискусијата го ставаш на тапет македнското здраство, образование и не знам што, како јас да сум рекол дека се одлични. Никаде не ги споменав, туку само ги набројав потребните работи за квалитетно образование што се согледуваат во зборовите на оваа министерка од Финска.
Пошто скоро секаде кај шо е социјално нешто го бива за да си го напикаме у гз.
 
П

Пепси_

Гостин
Е како не ги трошат? Со тоа шо инвестираат шо праат? Можат да изгубат, а со тоа и потрошат многу повеќе него ли ние шо трошиме за леб и стек. :)
Затоа многу лесно, со неколку лоши одлуки милијардерот ќе стане мулти милионер, а и помалце од тоа. :)

Пошто скоро секаде кај шо е социјално нешто го бива за да си го напикаме у гз.
Богататите своите синчиња ги пратија по бугарија америка и германиите а бедното образование е бедно за тие нас.

Здравството не е бедно за сите,богатиот оде крфта да си ја прочисте у германиите јас и ти пак ќе чекаме на шалтер со плаво картонче
 
Kajgana Shop

На врв Bottom