Филозофски факултет

Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Ме интересира подетално нешто за Психологија смерот на Филозофскот факултет. Предавања,предмети тешко-лесно,интересно,професори...се информација за тој смер. Ме интересира зошто планирам да се запишам таму. Благодарам однапред.:helou:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Предметите од прв семестар на институтот по психологија ти се
-Физиологија на нервен и ендокринен систем, 4 кредити (3 часа предавања+1 вежби неделно)
-Генетика, 4 кредити (2 школски часа предавања+2 часа вежби неделно)
-Историја на психологијата, 5 кредити (2+2)
-Перцепција, 6 кредити (4+2)
-Дескриптивна статистика, 6 кредити (3+2)
-Филозофија, 3 кредити (2+0)
-Странски јазик-можеш да бираш Англиски, Француски, Германски или Руски, кои носат 2 кредита (0+2)

Предметите во втор семестар нема да ти ги редам, сепак не ти се пресудни, ти ги наведов овие за да видиш како се движат работите.

Има и факултативни предмети како Македонски јазик и Физичко за кои не си обврзан да ги слушаш, единствено ако не ги пријавиш во индекс.
Во однос на предавањата типични се како и за сите други факултети според ЕКТС, се бара активност на студентото како на предавањата, така и на вежбите, како и компетентно учество во дискусија, постојано се бележи таа, заедно со присуството, се пишуваат семинарски работи, есеи, за одредени предмети (како Генетика) можеш да избереш и ако сакаш да преведеш труд од Англиски, Француски или Германски јазик кои секако ти носат поени.
Колоквиумите најчесто се подготвуваат со материјали од 70-100 страни, за секој предмет различно. Најчесто се учи од повеќе книги, и поголем дел од литературата е на српски, српско-хрватски јазик иако дел од професорите се трудат да ни обезбедат преводи.
Некои од професорите дозволуваат доколку не освоиш минимален број на поени да го преполагаш колоквиумот, некои автоматски те праќаат на испит во Фебруари. Сепак тоа не е индицирано од Филозофски како факултет, туку зависи од принципите на секој професор поединечно.

Се пополнуваат т.н. Сини листови за секој предмет посебно на кој на крајот на семестарот се запишуваат тие бодови во зависност од тоа колку се освоени на колоквиумите, од активноста, редовноста, изработка на есеј, семинарска, превод, библиографија и се сумираат врз основа на што се формира завршната оценка.
Задоволен/а?
 

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
godinava koga se upisite za psihologija
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Предметите од прв семестар на институтот по психологија ти се
-Физиологија на нервен и ендокринен систем, 4 кредити (3 часа предавања+1 вежби неделно)
-Генетика, 4 кредити (2 школски часа предавања+2 часа вежби неделно)
-Историја на психологијата, 5 кредити (2+2)
-Перцепција, 6 кредити (4+2)
-Дескриптивна статистика, 6 кредити (3+2)
-Филозофија, 3 кредити (2+0)
-Странски јазик-можеш да бираш Англиски, Француски, Германски или Руски, кои носат 2 кредита (0+2)

П
ајде јас за професорите малце па и за предметите.
Физиологија на нервен и ендокринен систем-професорот ќе ти се претстави како најдоброто суштество на планетава,ама коа ќе ти даде колкоквиум ќе паднеш у несвест,истите им ги дава и на пмф на молекуларна биологија,бара се да се знае.

Генетика-на предавања ќе спиеш,јас најмногу се радував за овој предмет,ама многу е досаден,нема ништо психолошко,вежбите се поинтересни,ви даваат да праите препарати,да глеате под микроскоп и сл,исто нема ништо психолошко ама ете.


Историја на психологија-ова е многу слично како филозофија,само се гледа како филозофите влијаеле врз психологијата,за психолошките школи и сл.
кога ќе имате колоквиум кажи,ги имам тестовите шо ги дава секоја година:)


Перцепција
-е ова е најинтересен предмет во прв семестар,додуша вовед е ама сепак највеќе психолошки работи има особено после прв колоквиум.
асистентот е срце,одам на вежби само зашо знае да објасни за да сватиш и тоа му е битно.и секако зашо е убав:):)

Филозофија-ова се учи за сите филозофи по ред,не е ништо страшно,цела група положовме прв колоквиум со по 34-35 поени.

англиски-тоа не сум се појавила не знам како е:)

дескриптивна статистика-е ова е прилично тешко,МОРАЛНО е да си редовна на предавања и вежби,ако не нема да можеш да излезеш на колоквиум.

запиши се таму,ич нема да жалиш:)
примаат кај 80-90 студенти,нема вонредни.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Да примаат 80-90 студенти ама мислам дека тоа е на факулететот во Тетово, а во Скопје јас гледав на конкурсот дека примаат 20 студенти во државна и 20 во приватна квота и таму вонредни нема.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
нема везе,ја зголемуваат квотата зашо има многу заинтересирани.
јас така се тресев оваа година зашо бев 59 на листа,и тоа разликата у бодови ни беше 00.01 бод,ама тоа е.како и да е 80 примаат сигурно.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
нема везе,ја зголемуваат квотата зашо има многу заинтересирани.
јас така се тресев оваа година зашо бев 59 на листа,и тоа разликата у бодови ни беше 00.01 бод,ама тоа е.како и да е 80 примаат сигурно.
мислиш ли дека ќе ја зголемати оваа година? ЗНам дека примаат 20 у државна квота што е мнг малку. Ама нема везе ја одамна се откажав од државна. 90 луѓе вкупно е мнг малку. Само ја знам 10-тина што ќе одат :uvo:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Mене ме интересира за смерот филозофија. Какви се предавањата професорите итн....
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Сакам вгодина на овај факултет да се запишам, ај некој нека ги напише смеровите на факултетов, и лични искуства, кој е потежок, за кој има повеќе перспектива и слично... Се двоумам (троумам?) меѓу Филозофија, Социологија и Психологија... Има време, ама да си знам со време сакам шо е како е. :smir:
 
Член од
28 април 2009
Мислења
744
Поени од реакции
505
Само да прашам дали некој знае дали тие што влегле во приватна квота можат партиципацијата да ја платат на 4 рати по 100е, како што може на некои други факултети
 

Штрудл

од раѓање ме викат злоба
Член од
6 април 2010
Мислења
40
Поени од реакции
4
Има ли некој овде што е на дефектологија? Ај салут ју мај колегс.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
Дали сеуште постои институтот за одбрана на филозофскиот факултет и ако некој знае нека каже нешто повеќе за него ?
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Дали сеуште постои институтот за одбрана на филозофскиот факултет и ако некој знае нека каже нешто повеќе за него ?
Постои само сменето му е името во Институтот за безбедност, одбрана и мир.
Повеќе информации на сајтот

http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=554&Itemid=168&lang=mk-MK
 
Член од
6 ноември 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Може ли некој да ми објасни повеќе за тој смер, за Безбедност одбрана и мир, а исто така ме интересира и за Родови студии.

--- надополнето ---

Znam deka na sajtot pisuva sto se uci ama sakam da znam od licno iskustvo.. dali lesno se pominuva ili pak potesko..? :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom