Филмови со фудбалска содржина

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Гледав низ фан клубот на Јувентус што пишувале последните 5-6 саати, нормално да видам дали има нешто ново за Видал...и налетав на еден пост, не ми текнува од кој беше сеа, го имаше препорачанo The Damned United - филмот за Брајан Клаф и Лидс Јунајтед. И ете ме фати мерак да гледам некој фудбалски филм, а го иам гледано овој и не знам кој. Уште подобро некој кој е базиран на некоја фудбалска историја на некој тим/тренер/фудбалер. Ме мрзи да гуглам најискрено, бидејќи последен пат кога барав ми испаѓаа филмови од американски фудбал ради неписмените Американци. Дали има ваква тема во Филм и ТВ појма неам најискрено, знам дека @Бомбастичен Дрогираш има отворено тема за спортски документарци, ама таа има едвај 3 страни. Оваа ќе биде стриктно за фудбалски филмови, а ја отварам тука оти сметам дека овој подфорум е убедливо најпосетен и дека може секој да придонесе со добар филм. Се прифаќаат и документарци поврзани со фудбалот, дури може и преглед на цела сезона од одредено првенство и слично. Еве кога го спомнав ова, ако некој начека преглед на Светското одма нека го пушти во темава.

Начинот на кој би сакал да функционира темава е во главно информативен. Значи нема потреба многу од дискусии дали ви се допаѓа филмот или не. Го пишувате името на филмот, ставате трејлер и тоа е тоа. Или некој бара преглед за последната сезона ПЛ или на пример документарец за Дарко Панчев. Прашува тука, некој што може да најде му пушта линк, овој му стиска лајк и крај. :D

Да не почнам ајде во првиот пост одма со оние класиците како Goal и сличните, прво да видам дали модераторите ќе ја одобрат темава, па ќе ставиме неколку филмови, кои веројатно и сите ги имате изгледано, ама да стојат, за да тргне темава.


П.С. Колеги од фан клуб Манчестер Јунајтед, да знаете сите серии што ги изнабројавте кај нас во фан клубот држете ги подалеку од темава, оти не е за тоа. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.436
The football factory

Ако не ги имам измешано апчињата овој беше со навивачи на Челзи, односно нешто слично на Грин Стрит Хулиганс. :D
Се работи за страсни навивачи, страсно навивање и дешавките што им се случуваат кога одат на гостувања. :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Ај ќе ставам прво јас неколку линкови, а после се надевам дека темава ќе функционира одлично. Филмови множе нема многу, но документарци има колку ни душа сака, па секој кој смета дека некој документарец е вреден за гледање нека го пушти во темава обавезно.

Јас ќе тргнам од трилогијата Гол, филмот за мексиканецот Сантијаго Муњез, кој станува еден од Галактикосите на Реал Мадрид.

Ќе ги ставам овие од Монтевидео, за настапот на Југославија на првото СП во историјата, 1930 во Уругвај.

Знам дека овие филмови ги имате скоро сите гледано, ама ајде нека ги има во темава. Еве сега не знам колку од вас го знаат филмот United, филм за авионската несреќа на Манчестер Јунајтед во Минхен 1958 година. Одличен филм, вреди да се изгледа без разлика дали сте или не сте фанови на овој тим.



Ќе пуштам утре уште нешто, доста е сеа за сеа. Иначе и филмот The Damned United од првиот пост е одличен и вреди да се гледа. :P
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Монтевидео.

Филм/серија во два дела, станува збор за настапот на Кралството Југославија на првото Светско првенство во 1930 година во Монтевидео, Уругвај.

Во првиот дел Монтевидео, Бог те видео е опишана подготовката за Светското првенство, составувањето на екипата. Највеќе застапени се Благоје Марјановиќ-Моша и Александар Тирнаниќ-Тирке, двајца напаѓачи, играчи на БСК. Еден од најдобрите тандеми во историјата на српскиот фудбал, Моша е и прогласен за најдобар српски фудбалер свих времена.

Во вториот дел Монтевидео, видимо се станува збор за настапот на Светското првенство и освојувањето на историското 3то место, најголем спортски успех во историјата на Југославија.

Интересна спортска драма-комедија. Прекрасна сценографија. Одличен филм се на се. Не е од оние класичните српски филмови.
Драган Бјелогрлиќ дебитира како режисер.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
Најфилм шо сум го гледал фудбалски е оној со ХАРЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД :pos:
Филм ипол
Инаку во скоро време гледав филм си Скот Адкинс доста добар навивачките групи се опфатени и нормално тепање инаку зошто би Адкинс бил во филмов :D
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
браво со харчестер јунајтен ја памтам таа громот директорка со им беше председател на клубот некој ако најде негде линкови од таа серија за симињанје нека постира да се потсетиме малце
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
http://www.imdb.com/title/tt0091219/

Hotshot. Го даваа на прва доста често на времето. Се работи за неписмен фудбалер од американската сокер лига кој не ке може да се „пробие“ меѓу добрите, и оди кај Пеле, да го поднаучи нешто, па овај се враќа дома истрениран и кине мрежи со ножички.

Ист патерн ко Kickboxer со Ван Дам :D
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
http://www.imdb.com/title/tt0091219/

Hotshot. Го даваа на прва доста често на времето. Се работи за неписмен фудбалер од американската сокер лига кој не ке може да се „пробие“ меѓу добрите, и оди кај Пеле, да го поднаучи нешто, па овај се враќа дома истрениран и кине мрежи со ножички.

Ист патерн ко Kickboxer со Ван Дам :D
овај го имам гледано пред дваесетина години, јак филм е нема што :)

гледам Goal го кажале, добар е исто.

имаше едне филм каде играа затвореници против стражари во англија, сличен на онај сталоне, пеле и остнатите во втора светска војна и бегството. Овде беше нешто слично само ич не ми текнува на глумци или име :(

е баш ова :D

 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Не глеам вакви филмови, али случајно го глеав Mean Machine (2001) со Jason Statham како голман, филмот е врв. :cool:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.579
Поени од реакции
81.144
Да дадевте торент за Hotshot убаво ќе направевте, го нема нигде по нетов :/
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Прво мислев онака баш за фудбалски се прашува со главна улога да се играчите, а не навивачите. Ама гледам навивачки се ставани погоре, па гледајте го овој, поприлично е интересен :)
http://www.imdb.com/title/tt0113375/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom