Фејсбук и интернет продажба

Член од
19 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
37
Во последно време, на Фејсбук актуелни се многу страници за препродажба на различни работи, од патики, облека, спортска опрема, накит и т.н.
Најголем дел функционираат од типот на праќање на пратките преку компаниите за превоз на пратки(ГЛС, БрзаПратка,Карго и т.н.), кое е вашето мислење за нив?
Колку е сето ова легално?
Впрочем кога сме кај нив може да дискутираме и за многуте страни за интернет продажба што доста се актуелизираат оваа година(гардемода, 24купи, купиоддома, еКупи и т.н.)
Кое е вашето мислење, дали кај нас е застапен овој тип продажба или сеуште македонскиот менталитет не ни дозволува да купуваме нешто на невидено?
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509

Зoштo бaш нa фб? Фб е мoментaлнo брoј еден местo зa мaркетинг и прoдaжбa. Дaли би купил? Дoкoлку се сoглaси прoдaвaчoт, aкo прaќa исклучивo преку кaргo, oдбегнувa лице вo лице прoдaжбa, би бaрaл дoплaтa сo прoверкa нa прoзивoдoт пред дa гo плaтaм. Мнoгу случaи знaм кaде прoдaвaчoт сaмo ги прaќa сo лaжнo име и брoј, не дoзвoлувa прoверкa нa прoизвoдoт пред плaќaњетo, a ти не гo дoбивaш зa тoa штo си плaтил.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кога на нашиве интернет продавници ќе има опции како на ибеј или амазон тогаш ќе почнам да пазарам а до тогаш само од продавница
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Кога на нашиве интернет продавници ќе има опции како на ибеј или амазон тогаш ќе почнам да пазарам а до тогаш само од продавница
...и aliexpress да не го заборавиме :X3: Шала на страна од МКД страниве сега за сега нема шанси да порачам нешто затоа што од лично искуство имав две не толку непријатни искуства. Едното беше на една фб страна за парфеми а другата за патики. И во првиот и во вториот случај кога побарав барем една live слика да ми прати (не цела фото сесија) од производот што го сакав, одговорот беше: ,,-Па ете ја на фб ја имаш, истата е" а сликите сироти ,,позајемни" од други сајтови или директно од чичко google. Ништо чудно од фб страничкиве некој ден да се добие ова или ова.
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Во последно време, на Фејсбук актуелни се многу страници за препродажба на различни работи, од патики, облека, спортска опрема, накит и т.н.
Најголем дел функционираат од типот на праќање на пратките преку компаниите за превоз на пратки(ГЛС, БрзаПратка,Карго и т.н.), кое е вашето мислење за нив?
Колку е сето ова легално?
Впрочем кога сме кај нив може да дискутираме и за многуте страни за интернет продажба што доста се актуелизираат оваа година(гардемода, 24купи, купиоддома, еКупи и т.н.)
Кое е вашето мислење, дали кај нас е застапен овој тип продажба или сеуште македонскиот менталитет не ни дозволува да купуваме нешто на невидено?
Тоа што производите ги праќаат преку превоз на пратки е позитивно од причина што имаш опција да платиш ко ќе го подигаш производот. Ако не е тоа што имаш порачано тогаш немора да плаќаш. јас имав купено канцелариска столица и случајно ми ја погрешија па ја вратив назад без да платам ништо. Поарно од тоа здравје. Ова е доста ефикасен начин на работа, не гледам никаква контроверзија, нити причина за загриженост.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Порачав минатата недела од КупиОдДома, и пратката ја добив за 1,5 ден откако ја порачав. Платив на рака.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Дали ако продаваш на ФБ или било каде на интернет мора да имаш регистрирано фирма во државава и како би идело плаќањето данок ?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
210
Поени од реакции
72
Сакам да отворам интернет продавница.Да посоци некој преку која фирма да побарам понуда?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom