Фан клуб - РК Металург

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Одлична утакмица, :bravobe:
Не тргнавме баш најдобро на стартот, и беше тесно во првото полувреме, до душа и очекував таков натпревар се до самиот крај, но во вториот дел ги размонтиравме, ги направивме КАТРАН!
Им вративме мило за драго за овој пораз на нивни терен, и сме подобри во меѓусебните 2 дуели во ЛШ, што исто така многу значи.
Талески ги избуши, каква партија одигра, како расен стрелец, 10 комада им стегна, ја оправда капитенската лента, апсолутен лидер, секоја чест.. вакви ѕверски партии се голема работа, апсолутна самодоверба и голем ветер во грб за развивање во класа играч.
Големо браво за оваа партија на Талески.
Многу сум задоволен од пристапот во вториот дел, пред се од Червар, кога ја поставија оваа 4-2 одбрана од претхнодиот натпревар на кој не победија, Лино апсолутно имаше спремено план Б и ги користеше сите можни опции во нападот.. Илиќ го играше и на бек, имаше ефект од тој експеримент, акции за крила, овој Гуглета е перфектно засилување, користи се што му се става на лагер, одигра одлично денеска.
Не може а да не се спомене изданието на Арсиќ, кој имаше брилијантни одбрани, многу значи да се има добар голман..:bravobe:
Како бе таков малер го снајде Кузмановски, не е возможно, читам дека можно е да го пропушти и СП, не ми се верува што се случува, се надевам во следните денови ќе чуеме "добра вест" за неговата повреда, штета.. голема штета, преку таквото од овие повреди веќе.. таман детево си фати добар играчки ритам..
Издвоивме победа што многу значи, нека е честито и нека се множат.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Баш ме радува победата над Татран. Беше многу значајна затоа што означува конечно премин во друго повисоко спортско ниво. После 2 години Металург повторно е во натпреварувачка игра. Во спротивно да не го добиеа мечот и оваа сезона ќе беше само за подобрување.
Можиме да сметаме дека после многу напори, порази, посебно многу тесни порази во завршницата заради неискуство, играчите натпреварувачки созреаа.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ќе не плеснат Ла Риоха во вториот дел..
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Червар го губи мечот, луда е оваа игра без голман.[DOUBLEPOST=1480786960][/DOUBLEPOST]Дури е нефер спрема ракометарите, се брукаат како некои идиоти поради него.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Червар го губи мечот, луда е оваа игра без голман.[DOUBLEPOST=1480786960][/DOUBLEPOST]Дури е нефер спрема ракометарите, се брукаат како некои идиоти поради него.
Не е луда, ама е ризична. Ако му оди на противничкиот голман или ако прават многу технички грешки сопствените ракометари нема да функционира.

Во случајот Капелин го доби натпреварот...

А Металург со овој состав, особено што го немаат сега ни Кузмановски, не може да игра 6 на 6 против истурени одбрани. Тоа е тоа лимитирана е екипата. Особено по повредите.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ризична е кога ќе примиш 1-2 гола, а кога ќе примиш 10+ со таква игра е луда. Червар го загуби мечот, плус правеше мајмуни од своите играчи кога трчаа како луди а не можеа да спречат погодоци. Плус кога веќе имаш играч повеќе во поле треба да се игра преку крило или пикер, а не преку бекови.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ризична е кога ќе примиш 1-2 гола, а кога ќе примиш 10+ со таква игра е луда. Червар го загуби мечот, плус правеше мајмуни од своите играчи кога трчаа како луди а не можеа да спречат погодоци. Плус кога веќе имаш играч повеќе во поле треба да се игра преку крило или пикер, а не преку бекови.
Ако примиш само 1-2 а играш 40+ напади со играч повеќе, тоа не е ризична тоа е топ стратегија. Ризикот е во тоа што постои опасност да примиш 10+ гола без одбрана и голман.

Инаку Металург прими 6-7 гола на празна мрежа но тоа не се 6-7 гола плус отколку што инаку би примиле. Тоа се 6-7 напади кои 100% со гол завршиле а најголем дел од тие напади ако не шутираа гол на гол ќе завршеа во контри со 80тина % успешност и некои во позициони напади со 50-55% успешност. Така што реално 2-3 гола гратис прими Металург. Е сега колку повеќе дале со тој плус играч тоа е непознаницата. Ако бројката е над 3 гола, тогаш стратегијата дури и на овој меч им се исплатеше.

П.С. А да не се залажуваме можеа такви шутеви гол на гол да имаат заради интервенциите на Капелин. Нема врска во принцип стратегијата со поразот, резултатот е исклучиво заради огромната разлика во голманскиот ефект 18 наспроти 5 одбрани, 40+% наспроти помалку од 20% кај Металург. Со таква разлика во одбрани на голманите и ПСЖ не може да победи против сериозна екипа како Ла Риоха, а не пак Металург.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не ја гледам логиката да го браниш Червар, тактиката на овој меч му беше промашај, просто како грав. Игра со играч повеќе цела утакмица, крилата имаат дадено само 2 гола, пикерот уште 3, значи реално од 40+ напади со играч повеќе, тој создал ефективен вишок само во 5. Не е поентата на тактика со играч повеќе да шутираат бековите, не знам како да ти објаснам. Голманите имаа толку лоша успешност затоа што најмалце на 10 голови не ни беа на гол, т.е. околу 33% од головите, ако не и повеќе. За контрите, не би можеле да знаеме што би било, кога би било, ама во поголемиот дел од одбраните на нивниот голман, немаа услови за контра. Немаше потреба од глупирањата со играч повеќе во нападот, затоа што мислам дека Металург имаше квалитет да го добие овој меч ако играа нормално во второто полувреме. Да додадам дека заработија и исклучување при заменувањето на голман.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
483
Поени од реакции
502
Мислам дека тактиката си е ОК и дека последните 2 победи беа благодарение на таа тактика. Нормално е дека кога играш без голам ќе има и такви лесни голови ама поентата е колку примиле а колку дале поради таква тактика. Се знае дека целта е одбраната 4-2 да се повлече назад така да Талески и Обрадовиќ имаат почисти шутеви од 8-9 метри ,ако не се повлече одбраната тогаш разретчено е на 6м и пикерите полесно доаѓаат до топка а и Илиќ полесно пробива до 6 метри.
Поразот вчера е единствено поради недоволна ротација,имаа сила 40 минути и толку без измени,се знаеше дека на крај кондиционо ќе паднат.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не ја гледам логиката да го браниш Червар, тактиката на овој меч му беше промашај, просто како грав. Игра со играч повеќе цела утакмица, крилата имаат дадено само 2 гола, пикерот уште 3, значи реално од 40+ напади со играч повеќе, тој создал ефективен вишок само во 5. Не е поентата на тактика со играч повеќе да шутираат бековите, не знам како да ти објаснам. Голманите имаа толку лоша успешност затоа што најмалце на 10 голови не ни беа на гол, т.е. околу 33% од головите, ако не и повеќе. За контрите, не би можеле да знаеме што би било, кога би било, ама во поголемиот дел од одбраните на нивниот голман, немаа услови за контра. Немаше потреба од глупирањата со играч повеќе во нападот, затоа што мислам дека Металург имаше квалитет да го добие овој меч ако играа нормално во второто полувреме. Да додадам дека заработија и исклучување при заменувањето на голман.
Не станува збор за тоа дали ја бранам тактиката, не можам да предвидам јас што ќе се случеше ако играа обратно, само се обидувам да ги потенцирам битните моменти за реално да се согледа ситуацијата. Поентата на тактиката не е да се создаде полесно вишок на крило, туку да се создаде подобра позиција за шут од било која позиција. Некогаш е крило некогаш е пикер некогаш е од бек. Многу од тоа зависи и од одбраната.

Во случајот на Металург со тактиката ги демотивираат противниците да им играат истурени одбрани, бидејќи заради бавната бековска линија не можат ни 15 гола да дадат во натпревар против агресивни истурени одбрани. Со оваа екипа 6-6 можат ефективно само против 6-0 да играат. Тоа е.

Не можам да се согласам воопшто дека немало да има контри во тие ситуации. Во принцип можност за шут гол на гол има само во ситуациите каде брзо ја собираат топката голманот или играчите на одбранбената екипа и веднаш можат да одат во напад. Истите тие ситуации се оние кои резултираат во контранапади. Во принцип ако не беа одбраните на Капелин немаше да бидат ни во ситуација да шутираат на празен гол. Тука е муабетот за "ризик". Ама дали ќе се разбрани противничкиот голман не е нешто што можеш да го предвидиш

Во конкретниот натпревар изгубија исклучиво заради огромната разлика во ефектот на голманите и заради премалата ротација на бековските позиции која ја има Металург (сигурно не е Лино крив што пола екипа му е повредена вклчително и 4 од 6те играчи што се ротираат на лев и среденбек). Со овој состав чудо е и 40 минути што се држеа. Ла Риоха не е безвезна екипа, за да можеш со толку лимитиран состав во гости да им парираш. Јас реално не гледам некоја сериозна можност со овие играчи со било која тактика подобро да поминеа. Играчите се тие, какви се такви се и толку им е можноста.

Единствено што се согласувам дека за разлика од претходните натпревари, на овој недоволно добро ја искористија предноста на играч + во напад. Ама тоа не значи дека беше лоша тактиката ниту дека ќе беше подобро ако играа обратно.

А инаку што ќе биде со тактиката во иднина времето ќе покаже. Јас мислам дека ако не воведат некои ограничувања, ќе ја гледаме се повеќе и повеќе и кај надобрите екипи. Ќе биде потребно време и многу подобра анализа на ракометната игра, но мене ми се чини дека статистиката ќе ја поддржи оваа тактика, во случаи кога тимот е уигран и знае да ја користи. За тоа ќе треба време не се прави во неколку месеци па ни во една сезона. Треба да се навикнат играчите.

П.С. Слободно можеш да ги избориш 6-7 гола примија на празен гол а не 10+.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ја остваривме првата победа во 2017, изненадувачки го брцнавме Загреб, 25-22.
Маестрална изведба на играчите во второто полувреме, од самиот старт создадовме предност, која на моменти изнесуваше и 5 гола разлика.

Томовски беше еден од носителите на оваа победа, брилијантна партија, околу 13 одбрани, колку зицери им искина..:bravobe:
Обрадовиќ исто одличен, мотор на екипата, главна алка во нападот заедно со Кузмановски.
Одбраната солидна, ја подспреми Червар за разлика од првиот дел, плус одличниот Томовски и се извлече поволен резултат.

За пофалба е и цепелинот на Илиќ и Велковски.. :bravobe:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom