Фан клуб - РК Металург

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Малце да ја живнеме темата пред големото дерби...
Можеби не е дерби како пред 3-4 години, но секогаш оваа средба помеѓу овие македонски ривали не ги остава љубителите на ракометот рамнодушни.
Очекувањата на овој натпревар се познати , нема да се повтарам и да ја споменувам кризната ситуација која го потресе Металург, разликата во квалитетот е огромна во посед на овој Европски Вардар, како фан на Металург, очекувам да не бидеме демолирани. :P
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
До кое дереџе стигнавме, единственото спортско нешто во оваа вукојебина што вреди да се гледа да го гледаме на стрим.. стварно немам зборови за овие од МРТВ, со овие пари што ве плаќаме дај боже да ви послужат за свеќи.
Инаку солидно игра Металург во првиот дел, се гледа дека Вардар не игра над своите можности, но си има рутински резултат од плус 3 на полувреме.
Талески ме изненади, збрца 4 гола, време е да го тргне ова пичкарсково од него.
Ама стариов е легенда жити се, им одеше на тројкава Талески, Бувиниќ и Кузмановски.. направивме 2 гола предност, и го става ова срањево Матиќ во игра..:pos:
Ќе видиме како ќе се одвиваат работиве во вториот дел.
Засега одбраната солидно делува.[DOUBLEPOST=1462402440][/DOUBLEPOST]Пријатно сум изненаден од прикажаната игра на Металург, искрено не верував дека ќе му парираме на овој Вардар.
Червар има сериозен пристап кога игра против Вардар, добро ја спремил екипата за овој дуел, одлично ја постави одбраната, очекував лесно да не бушат нивните бекови, но солидно ги држевме, дури и за маестралниот Тоскиќ имаше решение одбраната, што многу радува.
Но многу фактори влијаеа за ваквиот исход, на Вардар можеби и не им беше многу до ракомет, после елиминацијата од ЛШ сигурно имаат пад на моралот, па играа колку да победеа.
Карачиќ, Дибиров, Шишкарев, Горбок тотално непрепознатливи...
Талески конечно една одлична партија, за оваа игра нема замерка, им стегна 8 комада, имаше муда да се крене на шут, распали во клучни моменти, доста сериозно делуваше на оваа утакмица.
Бувиниќ солиден, но понекогаш многу неспретно делува, знае да направи некои кардинални грешки, со тек на време може да го реши овој проблем.
Фитило не се изнаигра баш, но има дрскост во ова момче, идеален тандем се во нападот со Талески и Бувиниќ.
Матиќ.. шта речи а не заплакати?? мада си го заврши човекот својот дел денеска, го пуштија од клупа, збрца некои клучни погодоци кога немавме решение во нападот, има муда кај него, и тоа е се што поседува.
И најпријатното изненадување беше Томовски,
па едно големо БРАВО за детево, има само 18 години и ваква партија против Вардар е сигурно голем ветер во грб за него.
Два пенала и еден зицер му фати на копилево Манасков, :bravobe::bravobe:...
Редно е да се појави некој голман искрено, па цели 10 години Николче се смета за единствен талент од голманиве. :P
Шајин и Вујовиќ просеци, заебана работа се странциве.. ите како фалеа Мраковчиќ и Јанко..
Според прикажаното не заслуживме да загубиме 4 разлика, но тоа е резултатот, нема бегање.
И морам да ја искоментирам атмносферата, жално е, ова беше единствен спортски "спектакл" во нашава земја, апсолутно никакво навивање, ниту пак некаква заинтересираност, жално...
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://www.rkmetalurg.mk/havarija-na-strumica-vo-avtokomanda/
Леле, леле .. подот сме го избришале со Струмица. :)
Им вративме мило за драго за поразот лани, но оваа сезона незнаат кај тераат.
Најмногу се истакнале крилата Палевски и Јагуриноски, со 7 и 5 голови..добар бил и Талески со 5 комада.
Работите си дојдоа на свое место сезонава, второто место е сигурно, останува уште вториот натпревар со Вардарци, да ги изнамачиме малку во Автокоманда. :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
http://www.rkmetalurg.mk/havarija-na-strumica-vo-avtokomanda/
Леле, леле .. подот сме го избришале со Струмица. :)
Им вративме мило за драго за поразот лани, но оваа сезона незнаат кај тераат.
Најмногу се истакнале крилата Палевски и Јагуриноски, со 7 и 5 голови..добар бил и Талески со 5 комада.
Работите си дојдоа на свое место сезонава, второто место е сигурно, останува уште вториот натпревар со Вардарци, да ги изнамачиме малку во Автокоманда. :D
Го гледав натпреварот, ако може да се наречи натпревар. Со втора екипа им билдаше разлика Металург, едно време имаа и серија од 14 гола по ред (од 9:7 на 23:7, практично додека не го извадија Дупјачанец). Струмица да немаше одличен ден нивниот голман, а и да не се изнапромашија зицери, стативи и престапи Металург ќе изгубеше 30+. Металург одличен се функционираше супер. Но делуваше како да играат со маалска екипа а не со прволигаш во плејоф. Оваа екипа на Струмица нема ни К од квалитет, само на искуство се вадат...

П.С. Мора да се признае дека Талески полека но сигурно се делка. Доста добро игра последниве натпревари.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ги победивме Вардар Јуниор во битката за финалето на купот.
Интересен натпревар беше за гледање, иако направивме солидна предност, сепак опуштањето на нашиот тим им овозможи на мотивираните играчи на јуниор да стигнат до достоен пораз од 2 разлика.
Талески повторно имаше одлична партија, има голем напредок кај него, можеби ќе биде нешто од него, сеуште е млад и има многу за учење.
Костески исто така перфектен, 6 гола им збрца, радува тоа што прерасна во солидно крило, може да се смета на него како прва опција ако клубот планира да има некои амбиции следната сезона.
За утрешното финале ги добивме Божо и Мраковчиќ, иако на денешната средба се виде дека долгата пауза на Мраковчиќ резултирала со пад на форма, што е и очекувано, голема штета за ова момче, одлично ја отвори сезоната, но повредата го заеба..
Од утрешниот дуел, очекувам да гледаме финале во вистинска смисла,од претходниот дуел помеѓу овие ривали се виде дека Металург сериозно може да му се спротистави на Вардар, се надевам дека ќе ја повториме истата борбена игра, сериозно ќе се свати пристапот дека се игра против големиот ривал, и дај боже да уживаме во ова финале со крајна и неизвесна битка до самиот крај.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Пикерите ни се очобол, Матиќ уште каква грешка треба да направи за да биде повлечен на клупа??
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Премногу ротира Лино,непотребмо,ја испретури поставата,посебно бековска,пепел ја напрај..
Една постава 3 напади не врза,ги уништува со тие измени на места..
Посебно шо на среден игра со Талески и Кузмановски,овие двајца на центар не ги барај..
Талески нема никаква ФИНТА,ИДЕЈА,ТЕХНИКА да се ослободи,толку СУРОВ ИГРАЧ неам видено,а му излезат и му пуштат рака толку од него,нема ни финта со тело,ни сила да издржи дуел ништо бе,како здрвен дреми и чека судијата да свирни 9 метра,знае единствено да се крени на шут па ако влези арно..
Па уште и среден да игра,самоубиство е со него на среден,на лев се трпи некако,ако му напрај блок пикерот,или да добие добра дијагонала од десниот бек па да се затрча и да ја бапни,вака бескорисен е..
Постава без Вујовиќ или Мраковчиќ на плеј не смее да се замисли,а овие другите да ротираат...
Ептен бавно оди тој напад,без идеја,без комуникација со пикер и крила,единствено се базира се на шутевите...
Е па можеби со Чаневски беше друга песна,ама со Штербик не оди толку лесно..
Можеби со тоа сакаше да ја изненади одбраната на Вардар,ама не помина ништо од ова..
Плус и да не менува многу одбрана-напад,ама не оди така лесно,и во нападот премногу слабости и во одбраната премногу дупки,Металург немаше густина иако играа 6-0.31 гол на 6-0 зона да примиш е премногу,посебно кога се работи за Металург..
Пребавна игра,пренеинвентивна,со ептен форсирање на шут од надвор,не оди така...
И крилата ептен слаб учинок имаат,посебно лево крило...
Не само во напад,туку и одбраната е преслаба по крила,и Вардар го користеше сето ова,со уфрлање на крилата на линијата еден куп дупки искористија..
За 6-0 зона недозволиво е такви дупки,посебно и пикерите се изнаиграа..
31 гол,се е кажано..
Има потенцијал Металург,неспорно е,ама премногу слични играчи има во екипата на кои не им е местото....
На пример на лев бек дури 4ца,Матиќ и Талески исти :kuracc:играчи,копија,тој Вујин не знам зошто е земен?
Десен бек одлични,среден со здрав Мраковчиќ и Вујовиќ ОК е поставата..
Крила треба нови,и пикери,исти играчи се Петров и Жаре,топка не фатија вчера,додека се држеше резултатот очај беа,после кога попушти одбраната на Вардар малку мрднаа,зедоа душа..:pos:
Дупјачанец-ОН море чоек,добар:icon_mrgr:,и Томовски не е лош,ОК се голманите..
Не е лоша екипата.само да се исфилтрира и Черварот да не изиграва Врањеш со тие ротациите..:icon_mrgr:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
@Tomasino
Немавме среден бек на средбата, затоа Талески играше на оваа позиција, Мраковчиќ е во лоша форма после повредата и мораше некој друг да се фрли во оган на среден бек.
На позиција пикер се сложувам, таму сме очај, двајца просечни пикери, и двајцата се само за во нашава лига, мада не покажуваат никакви резултати ни во нашава лига, таму сме најслабо покриени, мора некое освежување да се донесе, модерен пикер кој ќе игра и во два правци, и по можност да не наликува на Цацкo.
Потребно ни е лево крило, Маџовски во никој случај не е добра опција, Костески за десно крило е добар, таму може да се смета на него.
Бековската позиција да се задржи е добро, со оглед дека за следната година го добиваме и Нелоски на лев бек, мора да му се даде шут карта на Матиќ и да се ослободи место за Нелоски, таму нема потреба да се носи странец, Фитило и Талески добија на искуство оваа сезона и може сериозно да се смета на нив.
Овој Шајин си замина пред една недела, не е повеќе дел од тимот.
На среден да ги задржат Вујовиќ и Мраковчиќ, истото важи и на десната бековска позиција со Бувиниќ и Божо.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
@Tomasino
Немавме среден бек на средбата, затоа Талески играше на оваа позиција, Мраковчиќ е во лоша форма после повредата и мораше некој друг да се фрли во оган на среден бек.
На позиција пикер се сложувам, таму сме очај, двајца просечни пикери, и двајцата се само за во нашава лига, мада не покажуваат никакви резултати ни во нашава лига, таму сме најслабо покриени, мора некое освежување да се донесе, модерен пикер кој ќе игра и во два правци, и по можност да не наликува на Цацкo.
Потребно ни е лево крило, Маџовски во никој случај не е добра опција, Костески за десно крило е добар, таму може да се смета на него.
Бековската позиција да се задржи е добро, со оглед дека за следната година го добиваме и Нелоски на лев бек, мора да му се даде шут карта на Матиќ и да се ослободи место за Нелоски, таму нема потреба да се носи странец, Фитило и Талески добија на искуство оваа сезона и може сериозно да се смета на нив.
Овој Шајин си замина пред една недела, не е повеќе дел од тимот.
На среден да ги задржат Вујовиќ и Мраковчиќ, истото важи и на десната бековска позиција со Бувиниќ и Божо.
Вујовиќ беше тука,требаше да добие максимална минутажа...
Последна позиција на Талески е да е среден бек,макар и принудно..
Мора да поработат на него,ако сакаат да го изделкаат малку,искрено мислам дека многу тешко од овај ќе се извади нешто,но млад е,само 19 години,колку и Фитило,па има некоја надеж,ама ако не поработи на движењата,пред се игра без топка и контрола на топка и простор кога е во дуел со некој кој го чека со испружени раце ништо не бива..
Еден дуел нема добиено кога ќе му застанат пред него,не е доволно цврст во дуелите,му треба да набилда сила и техника инаку ќе си остани вечен талент..
Фитило е добар во ова поле,само малку да го изделкаатИ и Талески исто) да ЈА ГЛЕДА СЛИКАТА ВО НАПАД,нема смисла за пас до пикер,крила,се оди кај нив по системот ЗЕМИ АКНИ ЈА...
Е сега прашање е тренер како Лино дали би ги изделкал на ова поле...не е тренер кој посветува големо внимание на нападот и течната игра пред се..
Иначе кога сме кај позициите,се шпекулира дека за наредна сезона го барале левото крило на Струмица,Мајиќ,не е лош,дотурка и до црногорска репрезентација..
Се шушкаше и за Дрогата,ама уште овај фали и 4 слични бека и свршија работа..
Од сите тие 4 ца(Нелоски,Талески,Фитило и Дрогата)Нелоски остава најдобар впечаток,како комплетен играч,ама повредите го искинаа..
Ама сите овие математики со бековите ќе паднат во вода ако добие вајлд-карта Металург за настап во ЛШ и СЕХА(за СЕХА е веќе сигурно,за ЛШ ќе видиме)сигурно ќе довлечка чиката уште некој странец,ова е сигурно,и прашање е како ќе изгледа тимот наредна сезона..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ама сите овие математики со бековите ќе паднат во вода ако добие вајлд-карта Металург за настап во ЛШ и СЕХА(за СЕХА е веќе сигурно,за ЛШ ќе видиме)сигурно ќе довлечка чиката уште некој странец,ова е сигурно,и прашање е како ќе изгледа тимот наредна сезона..
Искрено најдобрата работа од евентуално поставување на Червар за селектор е поврзана токму со овој проблем. Ќе му е во интерес да ги делка нашите, а не да носи просечни странци. По еден екстра квалитет на среден бек и на пикер може да се одобри, покрај двава што ги има на десен бек, ама други странци се реално непотребни, особено не на лев бек и десно крило.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Интересна утакмица против Охрид, немаме доминација над противникот, но за око е интересна за гледање.
На полувреме заминавме со водство 11-10.. Черварот побесне, како го фати на Костески ... :pos:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Слабо му се спротиставивме на Вардар во првиот дел, пак ни заминаа со плус 4.
Одбраната се справува колку може со бековската линија на Вардарци, но нападот е индиспониран..
Освен Талески кој им мавна 6 комада, друго ништо не функционира..
Уште еднаш морам да го пофалам Талески, соберал муда да се крева на шут, се гледа огромна мотивација кај него денеска.
Божо очај, Пешевски никако да го реши проблемот со престапите...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Апсолутно никаква игра немате во напад и тоа играме без класичен дефанзивец :D
Никакви акции за крило и пикер, секој напад е гушење со шут од немај каде...
Одбраната ви е добра како и секогаш, знае стариот да постави добра одбрана и да ја умртви утакмицата :D
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
ок излегоа утакмициве со вардар, очекував потоп

реално ова е максимумот на овој металург и сосем во ред е ваква разврска за првата лига > 2 порази само од вардар со мала разлика..

Догодина нека дремат во сеха - малце нека се шетаат :) за вајлд карта во слабите групи во ЛШ не се знае, но ништо чудно да добијат повторно, на екипите во овие групи можат да им се држат без проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom