Фан клуб - РК Металург

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Огромно браво за Металург, а огромно :гомце: за судиите ... Секоја чест за Металург, прекрасно ја претставува државата, и ќе бидам и за било кој друг наш клуб ако вака убаво игра во ЛШ !
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Браво , секоја чест за утакмицата . (y)
Честитки за влезот во 1/4 финале . :D
 
G

Geezer

Гостин
Одлично, реков јас дека овие се бебчиња за разлика од Атлетико и Чеховски. Најверојатно во топ 8 екипи во Европа, а и во светот по некоја друга логика.
Наредна сезона со уште некое засилување, ќе може да се стреми кон повисоки цели. Но, да заврши прво оваа, која е одлична засега.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Meталург покажува карактер за респект.(y)
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Знаете ли кога ке има реприза? Не можев да ја гледам, а многу интересна била :)..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Алал им вера на момците за вчерашната претстава и јака победа ! Да не беа толку пристрасни судиите во финишот спрема домаќините (кога играа со 3ца во поле), предноста комотно ќе беше 5+ пред реваншот, ама и вака е супер. Наумче оддамна го немав видено во таков елемент !! (y)
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.465
Вугринец уште две години во Металург - „Оваа еуфорија ме потсетува на Целје кога станавме европски прваци“

Ренато Вугринец ја продолжува победничката мисија во Металург и ќе остане најмалку уште две години во редовите на македонскиот првак, откако сам изразил желба да остане во Скопје и покрај понудите од Копер и Вардар Про.

„Пресреќен сум што луѓето во Металург имаат доверба пред се во моите човечките квалитети, а потоа и во ракометното знаење. Јас сакав да останам тука, бидејќи ми е прекрасно во Скопје. Имав понуди и од други клубови, пред се од Копер и од Вардар Про, но сега веќе нема дилеми, продолжувам во Металург“, изјави Вугринец за ЕКИПА.

Тој дојде во редовите на македонскиот првак, само 48 часа пред стартот на групната фаза во ЛШ, и непосредно пред дуелот со Шамбери во Франција. Експресно ги освои срцата на македонските љубители на ракометот. Иако има 38 години, Вугринец игра врвен ракомет и е многу значајна алка, кај осминафиналистот во најквалитетното европско натпреварување. Искуството на бекот на Металург е непроценливо. Има играно дури 6 полуфиналиња во ЛШ, и едно финале, во 2004 година, кога со Целје го урнаа големиот Фленсбург и ја освоија круната.

„Овој момент и особено атмосферата што се создаде во Македонија, во Скопје и посебно во салата Борис Трајковски, неодоливо ме потсетуваат на тие моменти од Целје. И во Словенија тогаш имаше луда атмосфера, а слично е и сега со Металург. Јас многу добро знам дека не треба да летаме во облаци, но се радувам на успесите со македонскиот шампион. Мило ми е кога ќе видам дека луѓето овде, знаат да ги ценат добрите резултати и игри на Металург. Имам играно во Германија пред 21 илјада гледачи, но ова во Скопје и епизодите од Целје се нешто посебно. Секој меч го играм како да е финале. Морам да ја пофалам публиката која е извонредна и прави да се чуствуваме посебно. Се надевам дека ќе испишеме нова историска страница на клупскиот ракомет во Македонија, со нов триумф против Динамо“, вели Вугринец.

Во сабота, тој повторно ќе биде во строј, и со соиграчите од Металург ќе играат реванш меч против Динамо Минск, за пласман во историското четвртфинале, што би бил највисок дострел на македонска машка екипа во ЛШ. Првиот натпревар во Белорусија, го доби нашиот шампион со 26-23.
:cuc::vozbud::drk:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да се испофалам. 90% сум на натпреваров освен ептен ако не излезе нешто и едвај чекам. :vozbud:
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
ДЕЈАН МАНАСКОВ ОДЛИЧНО СЕ ОПОРАВУВА. ФОТО

20.03.2013 18:31
Дејан Манасков пријатно ги изненади сите и присуствуваше на вечерниот тренинг на Металург. Видно расположен Дејан ни го кажа следното:
- Одлично се опоравувам. По операцијата, останав уште две недели во Хрватска, а вчера имав и редовна контрола. Се е во најдобар ред и очекувам дека веќе в август ќе почнам со редовните тренинзи.
Фотогалерија:




 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599

Kajgana Shop

На врв Bottom