Фан клуб: Милан

Џампаоло?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Нема завршен потег. А за тоа највиновен е Бонавентура. Немаше ниту еден добар пас, секој обид му беше блокиран или му ја одземаа топката.

Монтоливо игра добро, најдобар ни е.

Бертолачи бледо. Нека проба Михајловиќ него како полушпиц, а Џек во средина. Или Хонда нека влегува.

Одбраната не би ја коментирал.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.444
Поени од реакции
5.406
Бертолачи бледо.
Пиче, се крие позади Монтоливо... нигде го нема!


Инаку Бостон Селтикс се гости на Сан Сиро, може некој нига да земемо за напред да се рва со Кулибали :D
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Бонавентура изеде 10 банани ебати грдата фаца што ја носиш, ја комплицира и на крајот кога нема што да направи со топката шутира.

Запата две кола по ред не отепува да му ебам писата смрденикава!!!!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.277
Поени од реакции
45.677
ај нека му титнат на мојот човек Донадони да се спрема за недела-две да превземе, а овој дрипецов српски нека се спрема за излез полека-полека. Ае преку кур веќе, нека изгуби уште една и нека си се носи.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.444
Поени од реакции
5.406
Ете го Ели по втор пут, уште сакате да се докажуе? :icon_lol: Ја мислим дека се докажа за цела сезона.... Млад е топраа ќе учи, ама со лошо му почна многу учењето.... две утакмици убоо не закрпи!

Фали играч ко Де Јонг, џабе колку и да го нејќете мора да игра он... колку само топки пројдоа низ средината! Кучка не го игра истото што и ДеЈонг, мислим дека Бертолачи е тој што појќе заслужуе на клупа а не ДеЈонг.. Само незнам кога беше више 3-0 што не го стае Маури место Кучка да видимо што играч е, можеше да му даде малу минутажа и таке овие беа тилт свите.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
Уште кога излезе муабетот и информацијата дека Галијани и Михајлович као ги карале пред некој ден во прес салата со тоа: "Не може да потрошиме 90 милиони, а ништо да не е сменето", ми беше многу нелогично.
Па ваљда тоа треба да му се каже на тренерот прво, не?!
Никако не ми е јасно како цело време се доведуваат во прашање играчите, како Ромањоли и Бертолачи не вределе за парите, другите не се залагале доволно, пристапот на играчите бил лош и погрешен и сл. а никој не го доведува во прашање тренерот. Како да има неограничена и безрезервна доверба. Као да има освоено 3 ЛШ титули, 5 Скудета и едно Светско со Србија или којзнае какви успеси низ кариерата.
Па ваљда после сето серење по прес конференции имаме право да бараме одговори и објаснувања од Михајлович.

Имав еден пост поназад, еве сеа само како дополнување на тоа и на основа на ова фијаско вечерва, би го прашал магот, тактичкиот и тренерски мастер Михајлович, неколку работи.
Како тоа сереш упорно за доминантен, напаѓачки Милан од кој сите се плашат на Сан Сиро, а измените ти говорат спротивно бе гомно едно?! Која е логиката на 0:2 на Сан Сиро да го извадиш Бертолачи, а да го оставиш Кучка на терен? Тоа е напаѓачка измена? Или пак, на 0:4 го вадиш Кучка, а го ставаш ПОЛИ?! Зошто? За да не примиш уште 2 гола?
Добро, немаше којзнае што на клупа, ама или мењај некој кој може бар малку да мрдне напред ( Сусо, Хонда ) или уопште не мењај, не се бламирај, ебати говедото!
И каде се бе тие тренинзите од 4 саати после кои се плукало крв? Каде е таа агресивноста што ќе ја наметнеше? Каде е играта бе слепец, барем нешто смислено да видевме, една акција, една!?

Далеку од тоа дека мислам дека целосната кривица е во Михајлович, ама не може да сере по прес конференции за сите и да се понаша као којзнае колку успеси да има зад себе, едно да збори, а на терен да покажува скроз други работи. И над се да има безрезервна доверба. Сите други и се друго е виновно, ама тој никако. Па каде е тој Михајлович тач со кој ми ги подуа топките бе, каде е?

Што побрзо го сменат, тоа подобро и никој не може да ме убеди во спротивното! Ќе имаат 4 тренери на платен список? Нивни проблем, све да им ебам!
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Само Галијани може со 90м да напраи полош тим од лани. :D

btw Роџерс е фри
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Ете го бонавентура тука сите величење, се гледа дека трча типчево нема тука што, ама дуел игра 0, ко што рече некој пред мене 10 банани изеде. сватете дека од него поише од 4-5 утакмици на ниво неможе да очекуваме. Јест да претходниве коа победивме ги одигра доста добро, но против подобри противници го нема нигде. Промаши пас, му блокираат, шутне у 15 ред ... и после глава у земја, тежок комплекс си има чоеков. по фаца му се гледа дека е комплексиран од фактот што е тежок ПРОСЕК и ништо поише. Лани исто така, 4-5-6 добри партии и толку, штама... мизерија. Но ајде, нема везе, да одигра добро следнава 90% од фановиве тука ќе дркаат на него а сега се плука.
Милан е преполн со такви играчи, максимумот од 38 кола им е 5-6 добри текми и ништо повеќе.
Сеа се запрашуваат кај може да им е проблемот што неаме резултати при вложени 80-90 милиони. Епа прелесен е одговорот : Имаме убедливо најлоша одбрана у серие а (освен некои екипи од дното), благодарение на црнчугава (ромањоли морам да кажам дека си е таманка). Значи секоја нормална екипа ќе го толерира 3-4-5 пати, ама нема повеќе бе другари, па кој сака нека е на клупа. Да потсетам дека од 11 гола примени (укупно имаме 13, не земајки ги у предвид 2та од фиорентина), црнчево е барем за 7 дирекно крив.
Друг кривец е Михајлович. Грешиш бе брате,играчите ти се изгубени, наивност ниво 9000. Се глеа дека има србендава голем дел од одговорноста. Како е можно со 3 потега да те матираат, како е можно да дозволиш екипата твоја да прима такви ефтини голови, како е можно да дозволиш да дефанзивците ти праат такви наивни фаули на 30 метра од својот гол против екипа која И ТЕ КАКО е опасна преку слободни?
Друг кривец е Галијани. Неможеш бе пеерче да вложиш толкави пари а да имаш нубска одбрана и да очекуваш да сме у први 3. Неможеш бе да доведеш релативно млад, недокажан тренер а да немаш асален плејмејкер у екипа, а да купуеш 2ца напаѓачи и плус Балотели да го зимаш. Неможеш бе пријателе да зимаш (или да продужиш договор на) везњаци кои само трчаат као муви без глави, и ништо друго. Неможеш да очекуеш да ти се исплатат инвестициите ако Запата ти е првотимец а Монтоливо (кој коректно си игра за негови стандарди) да ти е плеј, и Куцка да ти биде у тим. Е сега ако на ова се додаде фактот што во Италија скоро сите екипи имаат цврста одбрана, а нашава нема средина која може да им пружи шанса на напаѓачиве, Уште од старт противниците се у предност (баш ради овој факт).

Срединава ни е катастрофа, составена од играчи кои едноставно НЕЗНААТ како со топка, само трчај и мислат толку, ја завршиле работата. При најмал пресинг додај и те боли курац, продужи да трчаш. Што биде биде.

Што се однесува до поразов, криви си се Михајлович и Запата, а и родриго. Пред се централните дефанзивци изгледаа како да играат за Тернана или Цитадела. Им ебам се по список.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
бев на свадба не глеав :ojeaa:
и , пукаа со калаш :D ? xaxa


Иначе морам да надополнам, еве веќе задниве неколку години милан игра катастрофално после примен гол, што само докажува колку ни е тимот составен од просеци.
Абе кога се прима гол мора да си мотивиран 3 пати поише, да даеш све од себе, а не посерен у рок на 2 минути нов гол да примиш. Башка имаа пауза 15 минути за да се вратат од шокот. Ама и по тоа се гледа колку ни е аматерски тимот.
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2015
Мислења
377
Поени од реакции
168
ајде и еден мој поглед на утакмицава.
Морам да признаам ја гледав до 23' и до тогаш бевме коректни. и после кај 23:00 гледам резултат и не ми се веруваше на очите. После еден ваков резултат а потрошени солидни пари за трансфери на србоњата треба да му се даде до знаење идните два натпревари да се добијат или ОТКАЗ, па нека мисли тој затоа зема плата. во однос на играчите ромањоли бака и куЧо се коректни за парите е сега дека немаат помош од преостанатите паразити тоа е факт. ако јас се прашувам имаме ние проблем со тоа што немаме долгорочен план и сме затуцани со формацијата 4-3-1-2.

прво за таа формација ни треба перфектна одбрана значи ромањоли+ некој ѕверотиња некој кој моментално вреди 40милиони за бековите антонели абате калабрија шиљо ќе искрпиме некако. одиме среден ред мој став е де јонг е половина од тоа што беше гатузо кучо тука тука негде со амброзини а пак монтоливо е помалку од полвина од пирло. за играч позади напаѓачи никој од моменталниов тим не е ни 20% од кака или сидорф. напад бака е ок ама џабе кога све е цепеници, адриано е добар за резерва а за балотели се обложувам уште од сега дека е земен за да имаме барем еден репрезентативец на престојното европско. и то е то затоа се овие резултати со оваа формација толку.

второ, кога би играле некоја помодерна формација налик баерн барса реал сити т.е. 4-3-3 можеби ќе биде реално да пцуеме зашто не сме бар топ3, ама пак за тоа немаме воопшто играчи шарави го зајмиве а гледано од денешен аспект можеби е. единствен што би играл крило во таква формација, можда и менез ама не знам што е со неговата повреда и кога би се вратил.

како и да е право чудо ќе е за мене да сме во топ3 годинава, дајбоже да не сум во право.

п.с.
како би ни легнале дармиан и аубамејанг ама пак ако останеа кај нас кој знае дали ќе беа тоа што се денес.

поздрав
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Одбраната е реален проблем и глупо е што се доведоа во ваква ситуација. Па за нас голем проблем беше што не напушти Палета, а да не збориме за тоа што не донесоа дефанзивец за прв состав постар од 25 години (нека не се фаќа некој ептен за годините :)).

Средината ја утнаа уште со продолжувањето на договорот на Де Јонг и тоа што прв трансфер им беше Бертолачи. Тогаш беше јасно (не се правам паметен сега, пишував и летово), дека нема да се решат проблемите во средина. Монтоливо до последен ден планираа да го пратат во друг клуб.

И така тимот беше граден каде значајна улога во среден ред ќе има Де Јонг, а демек Бертолачи и уште некој ќе додадат офанзивни квалитети на средината.

Глупости!!! Ајде што Бертолачи не е типичен играч од среден ред, уште и Де Јонг со кого не можеш да играш фудбал. Затоа тој скоро секогаш е најдобар, а другите се слаби. Не дава позитивен допринос на екипата

Откако се виде дека не ја бива работата го ставаат Монтоливо, затоа што само тој (па дури и Кучка) знае што треба да прави, кои му се задачите, па до некаде и како тоа да го направи, па почна сето крстење во него. Но, проблем е што целото лето филозофијата беше поинаква, па сега нема ниту фудбалери во среден ред што би можеле да играат со Монтоливо, за да се добие цврст среден ред. Затоа некој се жалеше дека лесно поминувале низ средината. Иако Монтоливо и доста топки пресече, а поминуваат лесно затоа што и организацијата е слаба. Но, секако и поради карактеристиките на фудбалерите.

Значи, сега се во таква ситуација. Или ќе игра Де Јонг, што не се покажа како добро, без разлика дали со или без Монтоливо или ќе игра Монтоливо а средината ќе нема цврстина, но да се проба да се изигра нешто. А и тимот да биде подобро организиран, што одредени недостатоци ќе се анулираат.

Башка тоа што ако имаш мек среден ред одбраната ти е уште под поголем притисок, а таму навистина има еден куп неспособни.


А во напад исто се очекуваа проблеми, фали некој што ќе создава шанси, затоа сакав да игра Ибра до Бака, но тоа било ептен нереално за ова сезона. А заедно со оној лимитиран Луиз Адриано, па уште и без добра десетка, тешко да гледаме често добри игри во напад.


Веќе ми стана досадно па Михајловиќ нема ни да го коментирам. Само се надевам дека друг пат нема да носат тренер затоа што бил многу строг, заебан и ќе им се дере на тренинг на фудбалерите, туку некој за кого прво можеш да кажеш дека навистина е добар тактичар и има резултати!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom