Фан клуб: Милан

Џампаоло?

  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
да игравме вака од почеток ако не бевме шампиони ете јас куро ќе го сечев
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
867
Поени од реакции
258
и со 5 победи по ред па сидорф нема да чини, па некој од овие ќе се буни, па они ќе барале нов тренер бла бла.. абе ајде :cautious::D
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
Многу ми беше смешен Абате денеска. Се гледаше дека е изреволтиран и накурчен и некако сморен играше цело време. :pos: Као во стил: Тој мене ќе ме остава на клупа, не знае кој сум јас.
Се понашаше као да е Кафу па кој е тој Сидорф да го остава него на клупа.

Убаво му е. Нека сфати дека не е тоа што е умислен - светска класа десен бек и дека игра во репрезентација најверојатно затоа што за жал во Италија нема подобри бекови од него.

Мене ми се свиѓа храброста и дрскоста на Сидорф. Не знам дали ќе остане, не знам како ќе се однесува, ама вака-така, сигурно и по негова заслуга, врза 5 победи, а Милан тоа го нема напраено од 2011 година.

Уште кога првпат го поврзаа Сидорф со клупата на Милан, па и кога беше пред отказ и сега, а и во блиска иднина сигурно, мене ставот за тоа дали сакам да биде тренер на Милан ми е ист, а тоа е: Единствена работа поради која би прифатил заминување на Сидорф е тоа што како главен наследник се спомнува Пипо Инзаги. Да не беше тука Пипо како најсериозна алтернатива, сега-засега ќе бев апсолутно ЗА оставање на Милан во рацете на Сидорф. Вака сум ни ваму ни таму.. Би му дал шанса на Сидорф, затоа што мислам дека има потенцијал и ја заслужува, а од друга страна варијантата со Пипо Инзаги како тренер на Милан ми е превише добра и привлечна.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Нино, не сум сигурен баш за храброст... Мене (барем според поставеноста на играта) ми изгледа дека ги прифати сугестиите на Галијани после оној лош период, каде и Берлускони изгуби доверба во него. Ова што сега игра Милан не е тоа што сакаше да го форсира Сидорф на првите натпревари...

А и врз основа на овие резултати тешко да се извлече некој заклучок. Не знам, ова ми се натпревари бетер од пријателски. Како оние драфт натпревари. Побитни се поединците и нивната мотивација за резултатот, отколку што гледам некоја заслуга на тренерот. Можеби така изгледа затоа што тој го превзема тимот во доста лоша состојба, а потоа состојбата во клубот стана ненормална и уште е таква, па тешко е да се согледат објективно работите и да кажеш кој што направил.

Не сум да го мењаат, ако си го довел дај му нормална шанса, посебно Монтела мене не ми е некое сигурно решение веќе ако сакаат да го избркаат Сидорф. Подобро Прандели или таков некој... А и не верувам дека доколку го сменат Сидорф ќе пробаат со Инзаги, на ист ризик така бргу нема да одат.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
@Hm_Hm

Ај да не се насочуваме превише кон она кое го јавуваа медиумите. Не сум баш сигурен дека Галијани разбира појше тактика и фудбал од Сидорф, за да речеме дека тој му дал сугестии, а Сидорф бил тој кој немо и безпоговорно ги прифатил. Сидорф дојде во Милан, очигледно со одредена замисла за играта. Кога виде дека тоа не оди, ја измени и поставеноста и пристапот, без разлика дали под притисок на јавноста или раководството, Сидорф е тој кој ги дава насоките на крајот на краиштата. Храбро е што дојде со умисла да игра напаѓачки фудбал, уште похрабро што беше доволно самокритичен, ја препозна и исправи грешката.

Делумно се согласувам и дека овие изминати утакмици не се некое мерило, дека заслугата на тренерот не е драматична, ама не е фер да му одземаме на влијание и заслуга. Поготово не е фер затоа што пред овие 5 утакмици го критикувавме него и покрај тоа што главниот проблем со Милан сезонава не е негова кривица, затоа што Алегри беше отпуштен од истите причини и покрај тоа што ни тој не е главниот кривец што Милан е во оваа ситуација сезонава. Јасно е дека тимот, сезонава е проблематичен, недоволно квалитетен, имаат проблем со мотивација и заинтересираност, ама не можеме, знаејќи го тоа, од една страна да отпуштиме тренер поради лоши резултати со тој тим, новиот да го критикуваме на почеток, а сега кога врзавме 5 победи (небитно од кои причини), да речеме дека тренерот нема заслуга.
Не може за лошите работи сезонава, да страдаат и бидат критикувани тренерите исто колку и тимот, а за добрите, да речеме дека само поединците и мотивацијата имаат заслуга.

Сфаќам дека сезонава е лоша, а тоа нормално дека носи лоша атмосфера околу тимот, ама не можам да сфатам зошто Сидорф е под константен притисок. Сите ние навивачите и раководството бевме свесни дека Сидорф буквално од терен седна на клупа. Сите беа свесни дека е ризичен потег (кој за воља на вистината, бар засега се исплаќа резултатски гледано), дека наследи еден крајно истрауматизиран, немотивиран и лош Милан и баш поради тоа оваа полусезона требаше да му биде без притисок, а да му се суди тек од наредната. Покрај цело неискуство, лош тим, лоша атмосфера, ужасна сезона. Сидорф засега се држи одлично и не заслужува да е под прашалник цело време.
Тоа што уште на почеток се постави авторитетно, а што очигледно на некои во тимот и раководството не им е по ќеф, мене ми се допадна. Тој и треба така да е поставен и тоа не смее да биде проблем. Тоа што овие се накострешија не е проблем на Сидорф, туку на нарушената хиерархија во тимот и во соблекувалната.
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Многу ми беше смешен Абате денеска. Се гледаше дека е изреволтиран и накурчен и некако сморен играше цело време. :pos: Као во стил: Тој мене ќе ме остава на клупа, не знае кој сум јас.
Се понашаше као да е Кафу па кој е тој Сидорф да го остава него на клупа.

Убаво му е. Нека сфати дека не е тоа што е умислен - светска класа десен бек и дека игра во репрезентација најверојатно затоа што за жал во Италија нема подобри бекови од него.

Мене ми се свиѓа храброста и дрскоста на Сидорф. Не знам дали ќе остане, не знам како ќе се однесува, ама вака-така, сигурно и по негова заслуга, врза 5 победи, а Милан тоа го нема напраено од 2011 година.

Уште кога првпат го поврзаа Сидорф со клупата на Милан, па и кога беше пред отказ и сега, а и во блиска иднина сигурно, мене ставот за тоа дали сакам да биде тренер на Милан ми е ист, а тоа е: Единствена работа поради која би прифатил заминување на Сидорф е тоа што како главен наследник се спомнува Пипо Инзаги. Да не беше тука Пипо како најсериозна алтернатива, сега-засега ќе бев апсолутно ЗА оставање на Милан во рацете на Сидорф. Вака сум ни ваму ни таму.. Би му дал шанса на Сидорф, затоа што мислам дека има потенцијал и ја заслужува, а од друга страна варијантата со Пипо Инзаги како тренер на Милан ми е превише добра и привлечна.
Потполно си во право требаше ова малце да ги седнат на клупа изгледа превише летнаа тие некој играчи и мислеа дека кај Алегри имаат статус на нон стоп првотимци и овде сигурно ќе играат. Балотели денес доста повеќе се залагаше имаше и на 0-0 пречка а и други добри акции што не се искористија, Кака не така добро пошто неколку контри и полуконтри ги зафркна дали со предлог фор или некој дриблинзи ги забавуваше нападите. Добро се снајде # десно кај Хонда што игра а и Бирса се повредил инаку он се најавуваше, можда треба да се проба со Пацини во шпиц и позади него # со Балотели, нешто слично Балотели играше во Сити како полушпиц не класичен шпиц..така ќе има доста повеќе простор за него а и за Пацини.
Аботот требаше да го продадат кога требаше во Зенит кога даваа и 10м, сега тешко дека ќе му изнудат нешто повеќе од 6-7..но само ако донесат добра замена. А и нешто читам на линкови што не се за верување дека Рами можно е да идел во Јунајтед?
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Не бладајте, иста песна беше како цела сезона. Да знаеа овие да организираат контра ќе јадевме минимум 2 гола.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Allegri will replace Sherwood at Tottenham, and say his first signing will be Alessandro Matri :icon_lol:
Ако се паметни еве им шанса Матри+10 мил за Ламела ;)
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.351
Не бладајте, иста песна беше како цела сезона. Да знаеа овие да организираат контра ќе јадевме минимум 2 гола.
да, ама више 5 утакмици по ред никој не не посрал така. Посигурна е одбранава каде-каде, дел е од оној пресинг што почнува одма откако ќе изгубат топка, а ја мислам дека голем дел е до оноа гомноно Запата што е на клупа.
Наредната утакмица е против Рома во гости без Де Јонг кој е казнет, оваа и со Интер ја мислам дека ќе пресудат дали Сидорф ќе биде тренер догодина или не. Мора да се добие едно дерби сезонава, малце од малце сатисфакција некоја да се добие. Мада 5 победи по ред имаат, време им е за ладење малку .
Доколку стварно го избркаат Содорф, ја не би идел на Пипо туку на Донадони, знам дека на Пипо му е како таксана клупата и стварно сакам да биде тренер на Милан, ама каква реално разлика би имало од него до Сидорф кога и двајцата се неискусни и водат лоша екипа.
Од друга страна Донадони успешно води екипа што е на ниво на Милан, можеби нијанса послаба(табелата се си кажува, да не живееме во бајки дека се нешто појаки) и може подобро да се снајде во тешки времиња, со мал буџет каков што ќе биде по се изгледа буџетот на Милан и догодина.
Не би имало резон да се троши Пипо и од старт да си ја џишне тренерската кариера во клуб што нигде не оди, кариерите на неискусните тренери многу зависат од немање притисок и слобода (кога се во помал клуб) или ѕвезди во екипата што би ја гурале работата (во поголем).
Во Милан ги нема ни двете, ем имаш играчи од Џенова и Кристал Палас, ем имаш притисок ко да си Реал.
Донадони ми е најприфатлива варијанта, легенда на Милан со доволно авторитет, добар тренер што форсира добар фудбал со потецијал да расте со тек на време, со еден збор, на нас ни треба тепано куче што знае како да извади максимум од полу-играчи како нашиве моментално и тие што ќе дојдат.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.816
Поени од реакции
8.649

Точно, подобра прилика од наредната во Рим нема да имаат:cool:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Дечки, пошто Фиорентина и Рома играат финале куп, Фиоре и да го освои и да не го освои преку купот ќе обезбеди пласман у ЛЕ, дали тоа значи дека и 6-то пласираниот иде у ЛЕ ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom