Кај ги снема Жуфо и Аргентинците од одбрана (Парино и Менендез) последниве неколку натпревари, зошто ги нема ни на клупа?
Исто (оти ги немам баш гледано), што потенцијал имаат тројцава Аргентинци, како играа до сега? Знам овие од одбрана на почеток одма станаа стартери за да сега одма ги снема ни на клупа, а Хаберкорн цело време од клупа влага... Ги бива или не многу?
Жуфо беше повреден, пред неколку дена се врати на тренинг. Исто и Менендез беше повреден од дуелот со Работнички па и тој се врати заедно со Жуфо.
Од аргентинците нема некој квалитет, сите се просеци за нашата лига.
Парино имаше слабо издание против Ренова и веќе не припари на терен. Менендез играше, само во одбрана беше солиден, но според мене има слабо позиционирање.
Хаберкорн нема абер од фудбал, нон стоп го форсираат ставајќи го од клупа секој натпревар ама не знае да влезе во шанса а камо да даде гол. Против Пелистер имаше солидна партија, дури и асистираше за едниот гол.
Подобро да се форсираат наши играчи отколку просециве од Аргентина, но менаџерот им го пикна им зеде добра пара па сега ги форсираат и се надеваат дека ќе играат подобро