Слаб натпревар баш кога најмногу требаше. Па и тренерот што се глупираше со Неџипи како стартер бе, па и измената со Жуфо што ја направи, имајќи го Тотре става играч кој не играше 6-7 месеци.
Радески невидлив, Демири најслабата партија мораше да ја има баш денеска.
Првото полувреме не доминираа најмногу поради стравот со кој играа нашите, а во второто не успеавме да реализираме чисти шанси за гол.
Овој натпревар беше да се биде или не, слободно можеме да кажеме финале за првенството и потфрливме.
Сега на следните натпревари во првенството нека форсира млади играчи, а Купот мора да се освои по секоја цена уште една сезона без трофеј ќе биде ужасно.
А денеска единствениот гол кој одлучи кој ќе биде шампион беше нерегуларен, е сега дали намерно или ненамерно помошникот не го подигна знаменцето тоа не знам ама помошникот е во линија со играчот на Вардар и имаше контрола над ситуацијата.
Срамота е ваков дерби меч да биде решен со нерегуларен гол.