Фан Клуб: Челзи

L

Löwe

Гостин
Следно коло Сити - Тотенхем Х да заврши или нека тепа Сити, а ние дома со Хал, плафон пред 2та меча со Ливерпул и Арсенал.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
496
Сити да тепа сo Тотенхем, Челзи да земе бар 2 Oд арсенал и ливерпул (јас сум за реални 4), мислам дека пoлеснo ќе се дише.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.091
Поени од реакции
4.927
Оф леле како да читам за Светсково коментари уште од на втора утакмица калкулации и пресметки, така и вие на пола сезона...
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Оф леле како да читам за Светсково коментари уште од на втора утакмица калкулации и пресметки, така и вие на пола сезона...
Па и не е баш пола сезона пројдена е пола уште 17 утакмици има :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Најбитно е да ги добиеме Хал прво. После од Ливерпул и Арсенал задоволен би бил со 4 поени, ама мислам дека ќе изгубиме на Енфилд. Но, резултатите од колово мислам дека ни овозможија и пораз против Ливерпул без лоши последици. Е после овие два натпревари, ни следи нешто порелаксиран распоред се до април кога играме против Сити дома и Јунајтед и Евертон на гости.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
496
Оф леле како да читам за Светсково коментари уште од на втора утакмица калкулации и пресметки, така и вие на пола сезона...
Не правам кaлкулaции. Самo викaм дека пoлеснo ќе се дише aкo тепа Сити. Не реков дека сигурнo ќе сме први или сличнo. Мислам дека играчите ќе и бидат порелаксирани (ама тука е Кoнте, за секој случај), и би играле пoaтрaктивен (штo кај Челзи значи пoефикaсен) фудбал.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Chelsea have accepted an offer of £5m rising to £10m from Middlesbrough for Patrick Bamford.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Претпоставував дека поразот од Тотенхем е само лош ден и дека нема посериозно да се одрази врз понатамошните игри и резултати, но не претпоставував дека Челзи ќе има ваква реакција против актуелниот шампион Лестер.
Целосна контрола врз играта со точни и кратки додавања, скоро па максимално искористување на шансите и повторно без примен гол. Мислам дека два дена да игравме, немаше гол да примиме од Лестер. Толку беа сигурни во она што го прават на терен. Милина.

Педро е нов играч сезонава, совршен за тактиката на Конте. Гризе во напад, гризе во одбрана, краде топки, асистира, постигнува голови. Нека ме поправат фановите на Барселона кои читаат, но мислам дека ова е неговата животна форма, во Барселона беше многу добар, но никогаш не го достигна ова ниво.
Морам да го издвојам и Алонсо, два витални гола, одлична офанзивна партија. Дефанзивно е малку потенок, тоа веќе го имаме констатирано, ама добро е. Додека победуваме барем. :giggle:
Останатите беа стандардно добри, освен Хазард (не велам дека не беше добар, туку дека на последниве натпревари е потивок од вообичаеното).

Плус седум пред второпласираниот во јануари е и те како солидна предност. Само да останат присебни играчите и Конте.[DOUBLEPOST=1484613857][/DOUBLEPOST]

Сега ФА ќе покрене дисциплинска постапка против Раниери.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да го заменам Донев малку.


Детево има страшен потенцијал, брз, одличен со топка, одличен дриблер. Десно крило што игра со лева нога (алелуја). Проблем му е тоа што е себичен често и што нема којзнае колку добра завршница. Но со тек на време тоа се средува. Јас не би имал ништо против трансферов, гледајќи на долгорочен план.


Втора работа, Коста си замина за Кина.

 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Што знам. Стварно може да биде одличен фудбалер, ама сигурно доста пари ќе побараат, а ако го земеме сега, не гледам како би влегол во прв тим. А секако не иде да го ставиш со младинците. А не иде ни на позајмица да го пуштиш.
Едино да го откупат ама да остане на позајмица до крај на сезона, па наредна да види Конте како ќе се покаже на пријателските.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom