Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
2.935
Поени од реакции
1.914
Обавезно да се погледа интервјуто.


Ај по ред...
Мене поразот ми даде лекција. Повеќе од мене кладилница нема да добие ниту денар, па ако сака лично Платини нека дојде и да ми каже дека некој натпревар е наместен.
Едноставно со кладилници се нема работа.
Морал да победи бла,бла,бла....
Толку, официјално за мене кариерата со обложувалници е завршена.


Сега да се вратам на натпреварот.

Последниве 3 натпревари со сигурност тврдам дека Бане повеќе не е најслабата алка во тимот.
Туку целиот тим е слаб, исклучок е сам Аспликуета.
За тоа не е крив само Мурињо туку целиот стручен тренерски персонал.
Е сега нормално дека главниот е секогаш на удар.
Но наместо да се мења тренер, треба заеднички да се излезе до кризата.

Целата енергија да се посвети на лш и фа купот. Приказната со премиер лига е завршена, евентуално ако се освои 4 место ок, ако не пак ништо страшно.
Ете и Манчестер една сезона паузираше па никому ништо.


На лето мора да има реконструкција на тимот, тука пред се мислам на одбраната.
Квалитетен халф и бек мора да се донесат.
Напаѓач, ама напаѓач од светска класа.
И Погба.


За натпреварот немам што да кажам.
Искрено од како ни го мавна Пеле, не ни гледав. Не сменив канал ама погледот не ми беше во телевизорот туку само слушав.
До сега не паметам дека сум направил такво нешто од како го пратам Челзи.
Имавме кризен период и со Боаш и Анчелоти но ова некако ми дојде премногу.

Пишав на полувреме дека нема да тепаме, сигурен сум дека ќе беше истиот исход и ако водевме со 1-0 на полувреме.
Нема никаква мотивација, освен Аспликуета друг расположен играч немаме.
Премногу индивидуални грешки, колективна паника, никаква самодоверба, класичен нок даун.

Од играчите нема никого посебно да кривам, иако головите паднаа на индивидуални грешки, поразот треба да го сноси целиот Челзи, од играчкиот кадар до тренерскиот.


Евентуален пораз за Мурињо што мислам дека нема никаква шанса да се случи, но ако се случи би бил огромна грешка.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Значи милион проценти сум сигурна дека Мурињо добива отказ во наредните сати ако не е и веќе избркан ...
Се виде по интервјуто преѓе дека неговото време помина, ТОЛКУ.
 
H

HoT IcE

Гостин
Не знам што ќе се дешава следниве неколку дена, секако дека ќе биде интересно да се гледа разврскава и што ќе одлучат од управава и Абрамович, дали ќе го задржат или не. Ако решат да го задржат мора да се среди работава затоа што не идат и резултативе и лошава форма на играчиве, но и инатов на Мурињо да почнува со едни исти секој меч. Ако останува, Ивановиќ мора да седне на клупа, дали имаме замена или Марко факинг Амелија ќе игра десно не ме интересира, ама ако веќе се дрзнува да критикува играчи, да криви сите други ондак мора и да си ја сфати грешката со одредени играчи. Сега е шанса да му се даде на Лофтус, Траоре, Кенеди кога ништо не иде, дај им шанса да внесат некој живот у игра, нека променат динамика малце, дури и да направат грешки да не ти е криво. И не само тоа, туку мора да се работи на тренинзи на подигнување на тимскиов морал, и мора подобри тренинзи и подоготовки за да не изгледамо како циркузанти на терен. Има многу за работа.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Мурињо е најмалку крив за све ова. Човекот си гажа, уште од април има поднеасено листа си фудбалери кои му се неопходни како засилуваења. Они на дедлајн деј му ги носат Папи Џилобоџи и тој што е Ридинг. Едниот си остана во Ридинг на позајмица, другиот вика такси за да го одведат до Стемфордс Бридџ, оти сам не знае да го најде.
Знаете што, ја баш би сакал по некакво чудо Челзи да заврше 20то, 19то или 18 то местоо, догодин да ига Чемпионмшип, а ја ќе се тетовирам знак на Челзи
на лева грудА, па да видам кој се навивачи тогША
и цел ростер би ставил на продажба, поарно да игра со младите.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610

PODDRSKA ZA JOSE-TA! neka go pushat k*rot site ostanati!
Tolku od mene za celava sezona do sega. Se e vo edno video.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
И ОД МЕНЕ ИМА ЖОЗЕ ПОДДРШКА.
Едноставно чоекот има многу напраено за Челзи за да имам лошо мислење за него, иако ме фаќа инает за неговата тврдоглавост ама тоа е, има преголемо его и гордост на која нејќи да си погази и то е то, сезоната во Премиер можи да се спаси евентуално во топ 4 да влезиме за титула нејди во предвид, и силно во ЛШ сите сили таму насочени, да се поминат групите без проблем еве има репрезентативна пауза таман да си ги средат главите, на зима да се донесат играчи кои ни се потребни и Бог знај, можи сета несреќа во среќа на крај да се претвори.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.085
Поени од реакции
8.133
8бода од второпласираниот па и не е така лошо за нас
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Ја глеав утакмицата само до кај 30 мин.
Тоа се тешките срања (што ги прогнозирав) у кои западнавме по поразот од Сити...
Просто е зачудувачки колку лузерски менталитет ни се има наметнато.
Не е проблем да се загуби натпревар, проблемот е што тоа се случува во континуитет. Да неможело една серија од 2-3 добри резултати да се направи ако ништо друго да се тргне барем малку притисокот од сите.
Ќе се смени ситуацијата сигурно, мора кога тогаш да тргне на подобро - не може вечно да трае оваа летаргија и немотивираност. А не може ни да е уште по мизерно од ова оти го допревме дното. Еве им 2 недели пауза сега(по вотор пат)... мора Мурињо прво да заборави на таа негова вообразеност и инаетливост, да си ги проголта зборовите и да ги увиди и поправи грешките.

Добар потег на управата што не се реши да го набрка.
ЈБГ... Ме нервира типот на моменти со форсирањето на некои поединци и со трескањето на мајндгејмс глупости и барањето на изговори ама самоутепанство е негова смена у сред оваа калакурница.

Да се надеваме дека конечно ќе тргне на подобро.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Club believes in manager and squad

The club wants to make it clear that Jose continues to have our full support.

As Jose has said himself, results have not been good enough and the team's performances must improve. However, we believe that we have the right manager to turn this season around and that he has the squad with which to do it.
 
H

HoT IcE

Гостин
Toa e. Му дадоа доверба до крај, според мене грешка и стојам на тоа дека Мурињо е погрешен човек за овој клуб затоа што форсира фудбал што е во сенка на брзиов, технички и модерен фудбал кој се игра, сеуште сметам дека во Европа нема да имаме никаков успех со него и сеуште сметам дека неговото однесување со медиуми, играчи и друго е на незадоволително ниво за тренер на елитен клуб како Челзи. Плус у последно време е страшно забеган со некои свои фикс идеии и инат што уште помалце ми дава надеж дека ќе ја сврти сезонава у нешто позитивно.
Ама чим клубот верува во него и како што гледам поголем дел од навивачиве на Челзи ондак у реду е, нека му се даде шанса да се извади, нека го докаже епитетот Специјален.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
За мене е ова потврда дека сакаме да станеме поголем клуб.

Не може секад при првите лоши резултати да се избрка менаџерот. Посебно не моментално најдобриот менаџер, а и убедливо најдобриот менаџер во целата историја на овој клуб. Не може цело време да сме со „интерим“ менаџери кои немаат време и можност да состават свој тим и да пробаат да донесат константни резултати. Мора да се донесе некаква стабилност во клубот, а не цело време да се враќаме на почеток. Ако сака клубот да се издигне на исто ниво со клубови како Реал, Барса, Баерн, тогаш ова е патот по кој треба да оди.
Они и си го имаат зацртано тоа уште кога дојде Мурињо, само сега се дигна врева по медиумите и дел од фановите. Не му го продолжија договорот пред еден месец за џабе.

Потфрлија сите, и управата со трансферите, и Мурињо со составите, и играчите кои воопшто не се трудат да подобрат нешто. Ама, во вакви моменти треба сите да застанеме зад нив и да ги поддржиме да ја извадат сезонава. Ништо сеуште не е изгубено, само мора после паузава работите драстично да се сменат. Ако почнат да победуваат, и играчите да почнат да си ја враќаат ланската форма, тогаш ништо не се знае, ако не ПЛ, тогаш сигурно можат да освојат некој куп, и да пробаат во ЛШ.

Моментално и Роман со управата, и Мурињо се во процес на учење. Не биле во ваква ситуација претходно, никогаш претходно не размислувале долгорочно. А ако успешно го завршат овој процес, тогаш на чело со Мурињо може да имаме многу успешна иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom