Фан Клуб: Црвена Звезда

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ново засилување на штоперска позиција - Огњен Врањеш.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Изгледа сите станавме активни директно на Звездините форуми, па ја запоставивме оваа тема. :icon_mrgr:

Битно е и тука да ги анимираме луѓето и да привлечемо што е можно повеќе симпатизери на стадион. Во овие тешки години ние сме единствената светла точка на овој клуб, нормално покрај некои играчишта и пред се големи луѓе како Милош Нинковиќ. Следната сабота е првиот меч од многу важната полусезона која може на два начина да ја скрои судбината на овој клуб. Ако станеме прваци, ќе играме квалификации за ЛШ после толку години, што придонесува многу и финансиски, а и играчки. Од друга страна нема да дозволиме на малите комшии да не престигнат со титули.

Затоа, следната сабота, на 22. Фебруари, треба да го започнеме походот кон титулата, сите заедно и сложно. Секој Звездин навивач е битен.

Ако некој од овде нема организирано ништо или пак сака да се организира со повеќе луѓе (поинтересно е и поевтино) нека ми пише преку ПП затоа што ние од Куманово се организираме.

Мало резиме на претходниов период.
На дефицитарната позиција - штопер, стигнаа двајца искусни играчи, Саво Павичевиќ и Дејан Келхар. Во секој случај се подобра опција од досегашните решенија на овие две позиции и без сомнение ќе делуваме посигурно во одбраната. Најголемо засилување е успешното опоравување од повреда на Дарко Лазовиќ и тој беше најдобриот наш играч на пријателските натпревари. Покрај него, минутажа ќе има и Ѓорѓе Ракиќ кој ќе чека шанса да влезе во игра од клупата.

На припремните натпревари имавме 100% успешност, победени се нисколигашот Анкаран со 7:0, Триглав со 3:1, Домжале со 1:0, Слобода Тузла со 3:0, Копер со 4:2 и Горица со 2:0. Имаме мајстори во офанзивниот дел во Нинковиќ, Лазовиќ, Мијаиловиќ, Дауда, Печник, Мрѓа... Греота е да не се отиде и ужива во емоцијата, па и во играта на нашите фудбалери. Звездо згази их све!

 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
би требало у вториот дел одбраната да биде стабилна.
ја сум највеќе за цврста одбрана, како беше она ..."со добар напад победуваш утакмици, а со добра одбрана освојуваш титули" , штета што не дојде Луковиќ, али шта је ту је идемо на титулу :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Како и да е, почесто ќе победуваме со 4:2 отколку со 1:0. Тоа од друга страна ми се допаѓа затоа што е поатрактивно.
По мене имаме најкреативен офанзивен дел во последните десет години.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Добро е што не го пуштија Дауда без него ќе бевме како фудбалер без една нога. Само овај Оњило не знам зошто го зедоја ... додека е нападов олку ефикасен не гледам дека ќе му се даде некоја шанса . И да играме подобро бидејќи ланскиот напад ни беше со Мудрински многу побавен него годинава со Мрѓа , одлично засилување баш какво што ни требаше .
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Припремиве пројдоа добро, со добар фудбал и 100% учинок, друго мене што ме радува е тоа што после повредата Дарко нема некоја психичка блокада, со што мислам дека ке биде клучен играч до мај инаку кога игра тој Дауда е многу попродуктивен, така да и покрај сите срања што го снајдоа клубот јас мислам дека можеме да дојдеме до титула.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Со нетрпение се чека утрешниот ден... Емотивни пораки од цела Србија и целиот регион...
http://www.redstarbelgrade.info/rsb/fotografija-dana/6218-foto-putopis-cela-evropa-ceka-zvezdinu-titulu.html
http://www.delije.net/forum/viewtopic.php?t=10922&postdays=0&postorder=asc&start=105&sid=03173c007df012d7c382c44265b72944

Нормално и најзвездашкиот град у Мк:
:)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Конечно први! Сега секој викенд се игра големо финале, само од нас зависи!

 
Последно уредено:
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
http://www.kumanovonews.com/dnevni-vesti/delii-sobraa-1000-evra-na-humanitaren-koncert

Супер акција организирана од кумановските залуденици во ЦЗ. Преку 300 души во салата на Комитетот, силна емоција и громогласно пеење на нозе. Нормално, скопските портали нема да го пренесат ова, поинтересни се црната хроника и куп дебилни вести.

П:С: Имаше и неколку Скопјани, не се одзваа на довикувањата од позади. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom