Фан Клуб: Тетекс - Тетово

Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
денеска Тетекс го имаше првиот тренинг

Официјално нови играчи са Томас Тасос,Фестим Алија, Даниел Јовановски - Шиш и Филип Јовановски

Заминати са : Аљбион Ибраими (Еуромилк), Бетим Мифтари (Гостивар), Филип Крстевски (Борец) а Колеќески поради повреда престануе да игра, Јанкер исто иде у Пензија, Галовиќ од денеска не е играч на Тетекс најверојатно и Даниел Радески ќе биде искључен од тимот заради обврске, Кико од Ск е избркан..

Тимов горе доле остануе следен: Беким Реџепи, Фатон Реџепи, Игор Савевски, Даниел Радески (?), Марјан Билбилоски, Блашко Николовски, Тони Брњарчевски, Ирфан Абази, Емир Азири, Енсар Бафтијари, Борјан Панчевски, Енис Дервиши, Нинослав Здравковски, Никола Петровски + новите што ги напишав горе денојве се очекуаа уште 3-4 нови играчи
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2011
Мислења
393
Поени од реакции
96
Тетекс ремизираше со Гостивар
Објавено на февруари 8, 2017 од Администратор
Денеска Тетекс гостуваше во Гостивар каде што одигра нерешено 2-2 против тимот на ФК Гостивар на вториот пријателски натпревар. Двата гола за Тетекс ги постигна младиот Кристијан Апостоловски.

,,Одигравме еден доста квалитетен натпревар, целата екипа одигра на едно високо ниво. Штета што примивме два наивни гола иако имавме и доста шанси за победа на овој натпревар. Исто така ме радува тоа што ги постигнав баш јас двата гола за Тетекс што ќе ми дадат голема самодоверба за пролетната полусезона. Секако моите голови се плод на целиот тим односно без нивната соработка и подршка не би постигнал. Се надевам дека оваа полусезона ќе влеземе спремни и мотивирани за она што не чека и секој противник ќе треба да знае кој е Тетекс и колку ќе биде тешко да се игра против Тетекс.” – изјави Апостоловски за Напред Тетекс.

Нашиот Тетекс продолжува со контролните натпревари во сабота на програмата ќе биде тетовското градско дерби помеѓу Тетекс и Љуботен, натпреварот ќе се одигра на игралиштето на АМС во Тетово со почеток во 14 и 30 часот.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Вардар Неготино - Тетекс 0-0
Бод вреден планина или обична ситница??ќе дознаеме наредна сабота каде што ни доаѓа Тиквеш кој се освен победа ќе биде рамно на катастрофа...
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
Вардар Неготино - Тетекс 0-0
Бод вреден планина или обична ситница??ќе дознаеме наредна сабота каде што ни доаѓа Тиквеш кој се освен победа ќе биде рамно на катастрофа...
Тиквеш се засилија доста зимово,земаа неколку искусни прволигашки играчи (Мегленски,Дунимаглоски ,Бакрачески) и други талентирани играчи,победивме првите 2 кола од пролетниот дел со Турново нагости и денес со Велазерими у Кавадарци. Мислам дека ќе обезбедиме опстанок,а искрено се надевам дека и Тетекс ќе остане...Комшиките(Вардар Неготино) и Велазерими нека излезат од лига :D
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Тиквеш се засилија доста зимово,земаа неколку искусни прволигашки играчи (Мегленски,Дунимаглоски ,Бакрачески) и други талентирани играчи,победивме првите 2 кола од пролетниот дел со Турново нагости и денес со Велазерими у Кавадарци. Мислам дека ќе обезбедиме опстанок,а искрено се надевам дека и Тетекс ќе остане...Комшиките(Вардар Неготино) и Велазерими нека излезат од лига :D
Тоа ме чуди боранија бевте есента (ништо подобри не бевме и ние) а сега две квалитетни победи што е за почит..
Мислев Турново ви ја пуштиле но друга песна било :)
Овие што состав имаат Влазерими ослабнати се што ги изгубија двете со вас и Неготино?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
Тоа ме чуди боранија бевте есента (ништо подобри не бевме и ние) а сега две квалитетни победи што е за почит..
Мислев Турново ви ја пуштиле но друга песна било :)
Овие што состав имаат Влазерими ослабнати се што ги изгубија двете со вас и Неготино?
Класична селска екипа...провокации,мавање,ништо конкретно. Ниту еден од играчите не знам искрено,треба да победите во директен дуел со нив...Чим и Неготинци ги победиле,вака и Тетекс ги неам гледано ама гледам имате некои искусни прволигашки имиња,Вардар Н. според мене има послаб тим од Тетекс..
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Класична селска екипа...провокации,мавање,ништо конкретно. Ниту еден од играчите не знам искрено,треба да победите во директен дуел со нив...Чим и Неготинци ги победиле,вака и Тетекс ги неам гледано ама гледам имате некои искусни прволигашки имиња,Вардар Н. според мене има послаб тим од Тетекс..
Тетекс се има освен напад.. Се надевам ќе ги престигнеме Неготино и Велазерими имаме шанси за тоа.. Башка тоа Тетекс е сега спремна екипа, во вториов дел очекувам повеќе бодови да собереме..
Инаку Велазерими дома ги добивме 1-0 а во саботата сме биле далеку подобар противник..
Пречка, некој зицер сме имале и ситуација каде што се суди пенал (играл некој со рака).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom