Фан Клуб: Тетекс - Тетово

Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Вчера во Тетово на игралиштето на АМС ја дочекавме и втората победа на нашата гордост Тетекс. Публиката вчера можеше да ужива во еден доста тежок и неизвесен натпревар до самиот крај, Тетекс уште од почеток тргна на се или ништо бидејќи ни беше јасно дека уште еден нов пораз ќе не “закопаше” на дното на табелата, и првата закана кон голот на Еуромилк ја упати Бобан Јанчевски со "бомба" удар од 20 метри додека веќе 2 минути подоцна нов налет на Тетекс преку младиот Филип Крстевски кој со прекрасен дриблинг помина еден одбранбен играч при што мораше да биде соборен а судијата без никаков сомнеж можеше да покаже на белата точко но до тоа не дојде.. но затоа 10 минути потоа дојде моментот кога падна единствениот гол на натпреварот во 17 минута кога по едно нафрлување на Енис Дервиши во 16-те метри топката дојде до капитенот Марјан Билбилоски кој постигна прекрасен гол со глава. Потоа на теренот имаше вистински “искри” и во 35 минути следеше по еден црвен картон на двете страни нашиот Тетекс остана без Ирфан Абази кој поради неспортско однесување доби црвен картон, и кога сите мислевме дека е крај на првото полувреме поради наводно играње со рака во казнениот простор судијата покажа на белата точка а Блашко Николовски го доби вториот жолт картон автоматски црвен што го остави Тетекс со 9играчи но сепак шутот на Симеон Христов беше одбранет од Беким Реџепи и по одбиената топка следеше нова интервенција на нашиот голман кој што вчера беше на ниво на задачата при што радоста на нашите играчи беше НЕПРОЦЕНЛИВА!. Во вториот дел следеше поголема иницијатива на Еуромилк бидејќи бркаа негатива а и предноста од играч повеќе им оставаше поголем простор за игра но сепак Тетекс се избори за голема победа и за нови големи 3 бода кој што не искачија на 8мата позиција на табелата. За ФК Тетекс настапија: Беким Реџепи, Ирфан Абази, Блашко Николовски, Марјан Билбилоски, Филип Колеќески, Јовица Столевски, Благоја Галовиќ, Филип Крстевски, Фатон Реџепи, Енис Дервиши, Бобан Јанчевски во игра уште влегоја и Даниел Радески, Аљбион Ибраими и Емир Азири да потсетиме дека поради повреди во комбинација не беа Тони Брњарчевски, Игор Савевски и Бетим Мифтари. Наредниот натревар нашата гордост го игра повторно го игра на домашен терен на игралиштето на АМС на 29.10.2016 (Сабота) во 13:30 против екипата на Металург.

Воедно ја користиме оваа прилика да ви го честитаме 23 Октомври денот на Македонската револуционерна борба !!

НАПРЕД ТЕТЕКС !!!


ФК Тетекс 2016 ОФицијална ФБ страна на Фудбалскиот Клуб Тетекс
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.168
Поени од реакции
3.136
Се редат ли се редат лоши вести околу клубот.
Тетекс останува без услугите на Јовица Столески.. Он го напушта тимот на Тетекс!!
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.168
Поени од реакции
3.136
Чечич и Јорде од од зимава во Тетекс!!
Најверојатно Галовиќ ќе си замине исто како и Апостолоски..
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Ајде ајде тетоец судија :D
А Јорде да не го брка топчето у Тетекс? :D :D
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Чечич и Јорде од од зимава во Тетекс!!
Најверојатно Галовиќ ќе си замине исто како и Апостолоски..
Што збориш бе Јорде ? :D лооооооооол

Чечич ако дојде супер нека игра место Галовиќ.. заради Галовиќ што е голем киксер Ике го игра Пупе у одбрана

а ако замине Кристијан штета.. остануемо без шпиц Столевски ни замина и ако сакамо бодоој незнам како ќе играмо без шпиц со Велазерими ја зедовмо на среќа ама таја среќа нема вечно да трае со Јанкер што има кондиција за 10мин ништо не праемо
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.168
Поени од реакции
3.136
Што збориш бе Јорде ? :D лооооооооол

Чечич ако дојде супер нека игра место Галовиќ.. заради Галовиќ што е голем киксер Ике го игра Пупе у одбрана

а ако замине Кристијан штета.. остануемо без шпиц Столевски ни замина и ако сакамо бодоој незнам како ќе играмо без шпиц со Велазерими ја зедовмо на среќа ама таја среќа нема вечно да трае со Јанкер што има кондиција за 10мин ништо не праемо
Cecic ne e vo nikakva forma toa me plasi...So stomakon sto go posedue neznam kako ke igra..Valjda ke trenira ponaporno zimava pa i za shtoper vo nasava liga ke bide ok..
Druze Apostoloski realno e drvo..So Ljubanci so ne iznapromasi..Realno mn e slab..Neka vidat ako moze neka najdat pomlado dete nekoe..
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Cecic ne e vo nikakva forma toa me plasi...So stomakon sto go posedue neznam kako ke igra..Valjda ke trenira ponaporno zimava pa i za shtoper vo nasava liga ke bide ok..
Druze Apostoloski realno e drvo..So Ljubanci so ne iznapromasi..Realno mn e slab..Neka vidat ako moze neka najdat pomlado dete nekoe..
Абе па Каспер нема стомак или Јанкер :D нека потрча зимава малце и тоа е тоа за нашава втора лига може класа да биде е туе више у одбрана ќе ги добиемо Каспер,Кркале,Чечич,Енсар,Фатон(според мене најдобар у одбрана) тогаш ќе може Пупе да го играмо средина кј што реално ќе биде покорисен на неговата позиција туе ќе биде со Блашко, Филип Крстевски, Енис Дервиши и Емир Азири е сеа на све ова реално ме плаши нападот Столевски ни замина и највише ми е криво за него ама сепак у секој случај ОПРАВДАНО у Филип Колеќско и Бетим Мифтари не глеам ништо како ни са корисни у тимов е сеа ако го изгубимо Кико остануемо само со Јанкер мене тоа ме плаши работава е што ако не се најде друго дете

п.с Јорде е скроз непотребен детево Беким Реџепи е страшен :D
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
и после победата над Велазерими следеше пораз од Академија Пандев некој да го види резултатот ќе мисли којзнае не згазиле овја.. Тетекс им се држеше на сељациве и појќе од доволно добри 70 минуте првиот гол на Академијава падна негде пред 80 нашите појќе од добри вчера имаја игра, се бореја за свака топка ама пак ќе кажем главниот проблем е од кој замина Столевски немамо напаѓач Енис Дервиши на 0-0 излага сам на сам со голманот шутна у него :facepalm: а истиот Енис Дервиши ја закачи и стативата од слободен удар исто на 0-0 доста ни фалаше спортската среќа вчера иначе од зима нови имиња во Тетекс ќе бидат Жика Радоњиќ птицата се враќа у јатото:D и Чечич а дефинитивно од играчите заминуаа Галовиќ и Кико според Ике многу е незадоволен од нив.. иамо уште една утакмица на гости против Новаци после следи зимата и пауза до Март да се надевамо на добри деноој за Тетекс
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
се држевте и тоа како, поразот дојде во последните 15 минути. примивте гол па Академијата доби црвен и нападнавте, ама наместо вие тие дадоа два.

 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Војводи ако ве има уште Среќна нова 2017-та и среќни Божиќни празници...

иначе околу ФК Тетекс нови засилувања се Томас Тасос (Љуботен) Фестим Алија играше у Тетекс во времето на Горазд иначе дете на школата на ФК Тетекс, Даниел Јовановски - Шиш и Филип Јовановски - Шаро играч на младинската школа на ФК Металург на Македонската репрезентација до 19 години.

Од клубот заминат е Филип Колеќески, Брња има понуда од Новаци а Филип Крстевски ако сака да замине треба да плати 500 евра

На Аљбион Ибраими, Енис Дервиши, Кркале, Галовиќ, Кико од Скопје им е дадено до знаење дека прв тим нема да играат и можат слободно да бараат нов клуб

И да иначе, колку да ви звучи чудно вистина е да дека Тетекс бил продаден преку Алампиоски на Руски милионер кој што сакал да прае Европски Тетекс со добри играчи, било договорено да тренираат у Маџари да играат на Градски у Тетово.. Русинот ги препишал акциете на људи од Скопје Жанко Савов, Велче, Милан и компанија.. Русинот завршуе у затвор а од Блашко добил ветуење дека со тиа 80.000 евра што му ги дал за еден месец нови засилуења и Тетекс стабилен прволигаш у горен дел на табелата арно ама Тетекс испадна а Блашко замина сега Русинот бара отчет кј му са парете :D aкциете што ги имаа скопјаниве ќе бида префрлени на нашите у управа од кој Блашко ќе ги подмири долгојте кој ги има за да го зема клубот на чисто.. До лето ќе бида ваке главниот спонзор што фрлаше највише паре престана да дава сега све е сведено на тоа Џобе дали ќе даде на којшто му однеле детален извештај колку имаа потрошено оваа полусезона а он се крстел затоа што 90.000 евра давал појќе у негово време па вие рачунајте колку бил краден :D тоа е тоа сега за сега само што знам дека у Лето клубот ќе треба да биде предаден на русинот затоа што е негова сопственост па ќе видимо кој ќе бида следните чекори на клубот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom