Фан Клуб: Тетекс - Тетово

Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Кога Тетексовото фудбалско сонце беше во зенитот.. ова е првата страница од книгата за Тетекс, ова е само еден дел од книгата за старите генерации да се потсетат, младите да научат нешто повеќе за Тетекс, а сегашните играчи да знаат дека да играш за Тетекс е чест,гордост и привилегија !!!

Ден за историјата на Тетово-
Требаше да се види и да се доживее тоа.На радоста и немаше крај на малиот дотраен градски стадион под Балтепе во Тетово.Повеќе од 15.000 луѓе после еден фудбалски натпревар се најдоа во прегратка со своите играчи -прволигаши.
Таа недела Тетово славеше.Тој ден,28 јуни 1981 година беше и останува фудбалски празник за Тетово,ден кога нивниот миленик Тетекс за првпат стана прволигаш.Широко беа отворени вратите за влез во најелитното фудбалско друштво во тогашна Југославија.Од тој ден Тетекс застана рамо до рамо со великаните Црвена Звезда и Партизан од Белград,Динамо од Загреб,Хајдук од Сплит ,Скопски Вардар и други.
Тоа спарно неделно попладне Тетекс играше нерешено 0:0 со Галеника во Тетово,меч за кој многу се пишуваше и зборуваше во весниците и на ТВ и радио станиците.Тетекс на тој натпревар и не мораше да победи.Доволен му беше и нерешен резултат.И Фудбалско реми го водеше во фудбалскиот џет-сет,во Првата сојузна фудбалска лига на тогашната СФР Југославија.Првата лига беше цел и дотогаш неисполнета голема желба на сите генерации фудбалери на Тетекс,а особено на таа генерација која низ првенството помина многу спортски искушенија,го победе орото на табелата од петтото коло,лавовски се бореше како никогаш дотогаш,заслужено тамо остана до крајот и - Успеа.
Да се направи тој подвиг боопшто не беше лесна работа.Патот до Првата лига беше долг и трнобит.исполнет со многу неизбесности,напорен и на физички и на психички план.Требаше сите тие притисоци да се издржат бидејќи Тетекс во текот на целото првенство во Втората сојузна фудбалска лига-Исток беше на лидерската позиција и токму поради тоа мораше да одигра,како што често зборуваше неговиот тренер Зоран Чолаковиќ,28 дерби натпревар.Со сите екипи во лигата по двапати.
Одушувањето кај навивачите на Тетекс од освојувањето на првото место беше големо и поради една друга причина.Се усште не беше подзаборавена фудбалската неправда што му беше нанесена на Тетекс четири години пред тоа.Спортски гледано на тетовскиот второчигаш ова му беше вторпат како ја освојува шампионската титула во Втората лига-Исток,а првпат официјално како станува прволигаш .Малку чудна изгледа оваа констатација,но сепак е - точна..За да го објасниме тоа ќе мора да се вратиме во натпреварувачката 1977/78 .Но за тоа - потоа ...


ФК Тетекс 2016 - Официјална ФБ страна на ФК Тетекс
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
Дали конечно дојде денот за победа ? Ова прашање го поставуваа стотиците фанови кој во Саботата дојдоја да му дадат подршка на нашиот Тетекс, подршка која беше многу потребна и ќе биде во наредниот период бидејќи нашата гордост се наоѓа на последното место на табелата што и до негде е очекувано, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаше нашиот клуб на почетокот на сезоната. Прашањето дали конечно дојде денот за победа ги мачеше и играчите на Тетекс кој во Саботата изиграа на ниво на задачата, одлучно и борбено тргнаа уште на почетокот и по првите 2 неискористени шанси на Тони Брњарчевски веќе во 21 минута Енис Дервиши со извонреден гол од слободен удар го донесе водството на Тетекс кое и траше до 60тата минута кога Новаци го израмни резултатот. Натпреварот заврши 1:1 така да нашите играчи ќе мораат да се задоволат со бод и во иднина да поработат на реализацијата за да не се случуваат вакви работи бидејќи веќе задутре во Среда не очекува гостување во Купот против Брегалница од Штип а веќе наредното шесто коло ќе биде на програмата на 24 Септември каде што нашата гордост гостува во Автокоманда против екипата на Скопје.

Играчитe кој настапија против Новаци: Беким Реџепи,Благоја Галовиќ,Енис Дервиши, Ирфан Абази, Блашко Николовски, Марјан Билбилоски, Тони Брњарчевски, Бетим Мифтари, Емир Азири, Бобан Јанчевски, Јовица Столевски во игра уште влегоја и Кристијан Апостоловски, Филип Крстевски и Аљбион Ибраими.

Ја користиме оваа прилика и да упатиме критика до главниот судија на натпреварот Ристе Сејменов за неколкуте недосудени клучни фаули и пенал за нашиот клуб и исто така да го запрашаме на кого му смета Тетекс да освои 3 бода?

НАПРЕД ТЕТЕКС!!!


Превземено од ФБ страницата ФК Тетекс 2016
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
30 минута губимо од Брегалница 2-0

п.с играмо без Столевски,Јанчевски,Крстевски,Реџепи,Колеќески најверојатно намерно изоставени за погледот да се насочи кон првенството
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
па паметен потег, и онака немате апсолутно никакви шанси во Купот. сконцентрирајте се на првенството за да не испаднете.
 
Член од
11 јули 2016
Мислења
101
Поени од реакции
46
па паметен потег, и онака немате апсолутно никакви шанси во Купот. сконцентрирајте се на првенството за да не испаднете.
Епа после натпреварот со Скопје во Автокоманда играме против Вардар Неготино, Тиквеш и Еуромилк тиа 3 натпревари мислим ќе бида кључни за нас барем за оваа есен мора од туе максимално бодојте да се извада по можност 2 победе дома против Вардар. Н и Еуромилк и барем реми со Тиквеш
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Какви закане од клупава на Скопје и од публика. Пцуење, закануење...
Не са свесни што ќе им се деси ка ќе дојда у Тетово.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
И на толку притисок нормално им судеше пенал у 90-та. Крв ви ебем!!!

Sent from my B1-730HD using Tapatalk
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
беше ли пенал? 3 пати ја глеам снимката и никако да се убедам дека е пенал...

 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
беше ли пенал? 3 пати ја глеам снимката и никако да се убедам дека е пенал...

Нема пенал, но феноменално одглуми играчот на Скопје, така да и судиите не се толку виновни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom