Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Кадино-Славија 4-0 :D

Последно место после 5 меча, 0 бодови, гол разлика 0-19 :LOL:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
сериозно ова ви е новиот амблем? o_O

Хахахахахахахахахахаха

Поим немам, каде го најде? :D
Истите дресови ги имаат, а на нив нема лого, и не знам кој би се замарал да го менува :D
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Дај некој ако го има распоредот од цела прошла сезона од Трета лига Север.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Дај некој ако го има распоредот од цела прошла сезона од Трета лига Север.
Што ќе ти е распоред од лани бре? :pos:
Барај по темана за трета лига, тешко дека ќе го најдеш овде :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Хахахахахахахахахахаха

Поим немам, каде го најде? :D
Истите дресови ги имаат, а на нив нема лого, и не знам кој би се замарал да го менува :D
пријател што има пристап до КОМЕТ системот на ФФМ ми кажа дека овој е пријавен како официјален на Славија. од таму и е извадена сликата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
пријател што има пристап до КОМЕТ системот на ФФМ ми кажа дека овој е пријавен како официјален на Славија. од таму и е извадена сликата.
Не би ме зачудило искрено :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Освоени првите 4 бодови сезонава :D
Најпрвин во Пржино падна Раштак, а денеска освоен е бод на гостувањето кај Гоце Делчев.

Славија-Раштак 2-1
Гоце Делчев-Славија 0-0

Наредно коло играме со Фортуна кај нас на 18.10. најверојатно од 15 часот :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Славија-Фортуна 1-3
Волково-Славија 2-1
Славија-Лепенец 3-1

Освоени само 3 бода во последните три дуели, иако Славија заслужи минимум 5-6 бода од овие натпревари. Натпреварот со Фортуна беше класична судиска кражба, како и во минатата сезона кога игравме на домашен терен со нив. Поведоа гостите со 0-1, а од тука до вториот погодок на Фортуна играше само Славија. Се нижеа шанси пред противничкиот гол, пред да постигнеме убав погодок со глава и да израмниме на 1-1. Во второто полувреме беше погодена и стативата, а Славија играше доста добро и имаше неколку одлични шанси за водство, но не ги реализира. Од нигде никаде гостите испратија топка во празно, напаѓачот беше во очигледен офсајд, но помошникот не крена знаменце и Фортуна постигна погодок. Водството од 1-2 со гол од офсајд ги пресече домашните фудбалери и им овозможи на гостите да стигнат до уште еден погодок со кој ја заверија победата. Мечот изобилуваше со инциденти со судиите и инцидент меѓу играчите од двете екипи. Одново, веќе неколку меча по ред добивме црвен картон :icon_mrgr: Мораше да доаѓа полициско засилување на крајот од натпреварот за да се смират страстите.

Поразот од Волково истотака тотално незаслужен. Два шута и два гола за домаќините од кои првиот гол од непостоечки пенал. Славија израмни и бркаше победа, при што напаѓачите промашија неколку стопроцентни шанси за гол. Кога не сака да влезе во противничка мрежа, ќе влезе во твојата и тоа клошарски погодок по прекин во последните минути :D

Дуелот со Лепенец беше еден од најважните дуели досега. Лепенец одамна немал волку слаба екипа, па победата беше лесно издвојувана и можеше да биде поубедлива. Славија водеше со 3-0, а противникот на крајот стигна до почесниот погодок.

На коло до крајот од полусезоната, Славија има 7 бода и се наоѓа на 10-тата позиција со 3 бода повеќе над 11-тиот Лепенец и Беса која нема освоен бод. Пред нас се Илинден со 10 и Раштак со 11 поени.
Останува во последното коло да гостуваме кај Беса и штета што се вратија да играат во Слупчане и нема да искористиме како другите екипи да играат во Маџари, па сите ги победија :D
Ќе биде убаво со една гостинска победа да се заврши полусезоната која почна катастрофално, но ќе видиме... :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Останува во последното коло да гостуваме кај Беса и штета што се вратија да играат во Слупчане и нема да искористиме како другите екипи да играат во Маџари, па сите ги победија :D
Ќе биде убаво со една гостинска победа да се заврши полусезоната која почна катастрофално, но ќе видиме... :D
со Волково играа во Слупчане и загубија 2:4. немало никаков притисок врз гостите ни пред ни по натпреварот. изглеа помирени се дека ќе испаѓаат па затоа не се замараат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Славија-Гоблен 0-7
Славија-Илинден 0-5
Маџари-Славија 1-0
Славија-Локомотива 0-2
Кадино-Славија 4-0
Славија-Раштак 2-1
Гоце Делчев-Славија 0-0
Славија-Фортуна 1-3
Волково-Славија 2-1
Славија-Лепенец 3-1
Беса-Славија 4-3
Гоблен-Славија 6-1
Илинден-Славија 2-3

Во полусезоната во која беа одиграни и две кола од вториот круг, на крај завршивме над зоната за испаѓање со вкупно 10 бода од 13 натпревари, бод повеќе од Беса и 6 бода повеќе од Лепенец.

ДОМА 6 2 0 4 6-19 6
ГОСТИ 7 1 1 5 8-19 4
ВКУПНО 13 3 1 9 14-38 10

Останува во пролет да се одиграат дуелите:
Славија-Маџари
Локомотива-Славија
Славија-Кадино
Раштак-Славија
Славија-Гоце Делчев
Фортуна-Славија
Славија-Волково
Лепенец-Славија
Славија-Беса
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Почнаа тренинзите за вториот дел, како засилување се доведени некои играчи од Б екипите на Работнички и Слога.
Двајца играчи во текот на полусезоната ќе одат на проба во Германски второлигаши и третолигаши. Што ти се вика да играш за Славија, одма сите врати ти се отворени.
Инаку, има попозитивни најави за развојот на фудбалот во Пржино, како во машка, така и во женска конкуренција :icon_mrgr:
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
Почнаа тренинзите за вториот дел, како засилување се доведени некои играчи од Б екипите на Работнички и Слога.
Двајца играчи во текот на полусезоната ќе одат на проба во Германски второлигаши и третолигаши. Што ти се вика да играш за Славија, одма сите врати ти се отворени.
Инаку, има попозитивни најави за развојот на фудбалот во Пржино, како во машка, така и во женска конкуренција :icon_mrgr:
spored moeto iskustvo koga ima ovakva glasina komotno mozat 3-5 ligi da se odbijat za da se dobie vistinskoto nivo na koe igracite ke bidat na proba :D

istiot slucaj e so fudbalerite koi od germanija se preseluvaat vo makedonija. demek igracot prethodno bil pod dogovor vo 3. germanska liga, a ke iskoci deka nastapuval vo 6. liga.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom