Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Остај тоа, пеналот што ви го досудија беше откако вашиот играч се фрли за да одглуми фаул по еден корнер(иако нашиот дефанзивец беше на пола метро од него) и со копачка (со крампоните т.е.) го мавна нашиот дефанзивец во костобранот па судијата досуди пенал пошто слушнал удар (звукот од ударот во костобранот) :facepalm:

Иначе не знам колку ќе влеземе во трета лига, ама и вие треба да опстанете годинава пошто многу екипи испаѓаат.
Лигата идна година ќе брои само 12 екипи.
Ќе видиме како ќе се распоредат тие екипи...

Прво зависи дали Гоблен како шампион ќе влезе во втора лига или ќе изгуби во баражот. Второ, зависи колку тимови од втора лига што се од нашиот регион ќе отпаднат.

Силекс нема да отпадне (напротив), Скопје и Слога не би требало да испаднат, Локотмотива веќе отпаднаа и за Маџари Солидарност не се знае.

Доколку се случи најлошото сценарио ниту Гоблен да не влезе, а Локо и Маџари да отпаднат, тоа значи дека веќе ќе ни бидат познати 4 од преставниците.
Три претставници треба да се добијат од општинските лиги.
Што значи во лигава ќе треба да фигурираат уште 5 екипи, кои завршиле после Гоблен на табелата (тоа се Кадино, Фортуна, Башкими, Драчево и Беса во моментов).

Затоа ќе се молите Маџари да не отпадне, Гоблен да влезе понатаму или ќе засукате ракави до крајот на сезонава :D
Гледам има голема делба на бодови сега, Раштак доби неколку наместени утакмици за да се спаси, нормално и Шкендија секогаш фаќа залет на крајот, така да ќе биде интересно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Oбезбедивме опстанок ние, у директен дуел минатото коло ја тепавме Радуша... Сега ни остануваат дома со Силкрат, Драчево и Карпош тие се добиени и Фортуна у гости, а ако веќе згусти како што спомна ти тогаш ќе бараме ``пријателите`` од Хасан Бег да не спасуваат. Пошто они дома не тепаа првата утакмица и наводно му рекле на шефот наш, за на крај ако ви треба ќе ви дадеме.. Им ебам тоа!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Текстилец не се појавија на мечот кој требаше да се игра на нивни терен :confused:
Така да Текстилец-Славија 0-3 службено, со што и официјално на 2 кола до крајот со максимален учинок од 33 бода во 11 меча, стануваме шампиони на ОФС Кисела Вода :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Конечно првиот пораз сезонава.
Вардар 75 е составот кој е единствениот кој не победи досегаа.
Славија-Вардар 75 2-3.
Стрелец на двата гола за Славија беше Рајков.
Славија настапи во комбиниран состав т.е. шанса добија играчите од втората постава и неколку помлади деца од Пржино:icon_mrgr:
Со оваа победа и Славија и Вардар 75 го загарантираа учеството во баражите.
Годинава баражот има сосема друга форма за разлика од минативе сезони.
Првопласираните две екипи од 6-те општински сојузи кои даваат претставници за трета лига север одат во баражите.
Таму најпрвин има 6 двојки, а победниците од овие двојки одат во нов бараж.
Во втората рунда од 3 двојки, се добиваат три победници.
Од овие три победници една со ждребка директно оди во трета лига север, а другите две играат меѓусебен дуел по кој ќе се добие вториот патник за третата лига. Бајаги сложено :D

Денес им беше врачен трофејот за шампиони на ОФС Кисела Вода.

10277787_10203695239730727_2330347300946577521_n.jpg 10264532_10203695217170163_5500175627563972518_n.jpg 10177876_10203695216810154_297741211134561781_n.jpg 10291043_10203695249650975_5671347018762068879_n.jpg
 
Член од
11 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
8
Честитки за постигнатиот успех. Сепак, се радувам што трудот барем го крунисаа со пехар што ќе остане во долго сеќавање. За понатака ќе треба и малце повеќе среќа. Баражот ќе донесе возбудувања и ново искуство, но не треба да гледаме многу напред. Чекор по чекор. Да живее Славија
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Кој е капитенов :D ?
Мислам дека го имам видено на турниров во мал фудбал во Ново Лисиче што се одржува секоја година :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Кој е капитенов :D ?
Мислам дека го имам видено на турниров во мал фудбал во Ново Лисиче што се одржува секоја година :icon_mrgr:
Давор Апостоловиќ :D Би требало да си во право пошто често игра мал фудбал :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ново Лисиче-Славија 3-0 службено.

Еве што се случувало од нашата фб страна копирано:
Ф.К. Славија Пржино денес среде Ново Лисиче со 8 играчи докажа дека е ИНСТИТУЦИЈА за Ф.К. Ново Лисиче

Во петокот Ф.К. Славија Пржино го одржа последниот тренинг за пред мечот со Ф.К. Ново Лисиче. Тогаш тренерот Мандаров објави список на повикани фудбалери, на него за големо изненадување на сите имаше само 8 фудбалери. Мандаров сметаше дека 8 играчи се доволно за да се надигрува со Ф.К. Ново Лисиче. На крајот се докажа дека оваа одлука на Мандаров била повеќе од правилна. Популарните "Шумари" во Ново Лисиче пристигнаа со 8 играчи. Ф.К. Ново Лисиче на почетокот од сезоната се најавуваше како амбициозен клуб, клуб кој што ќе донесе многу успеси, клуб со услови на европско ниво, клуб кој што ќе произведува талентирани играчи. Овој клуб кој што најави дека има големи амбиции денес Ф.К. Славија Пржино не виде ама баш ништо од сето тоа. Нашите играчи влегоа во кабина каде што немаше клупи, едвај имаше некакви закачалки а што е најважно немаше вода. Потоа, тимот од Пржино излезе на терен, терен кој што да дојдат од УЕФА сигурно ќе им дадат забрана за играње фудбал. Натпреварот започна, се играше со фудбали од Бит Пазар. Ф.К. Славија Пржино го започна натпреварот со 8 играчи, Ф.К. Ново Лисиче со 11. Уште во првата минута шанса за Ф.К. Славија Пржино. Одличен соло продор на нашиот дефанзивец Неделковски по десната кој што за жал немаше успешна завршница. После 10 минути Ф.К. Славија Пржино имаше уште еднаш 100% шанса, повторно со соло продор но овој пат преку Даиловски по левата страна. Натпреварот течеше одлично за екипата од Пржино, Ф.К. Ново Лисиче со 3 играчи повеќе не креираа ниту една 100% шанса, а Ф.К. Славија Пржино дури 2. Тоа тие го увидоа и во 35 минута најстариот од нивната екипа кој што треба да им биде пример на своите драстично помлади соиграчи по соло продорот на Костадинов со две нозе му влезе директно на колено, по овој немил настан Костадинов експресно беше префлен во болница. Овој возрасен фудбалер не му подаде ниту рака, сосема напротив, му пренесе неколку зборови што не доликуваат на фудбалер на тие години. Судијата му врачи едвај жолт картон, ние останавме со 7 играчи, фактички Ф.К. Ново Лисиче играа со +4. 5 минути потоа со еден шут од 25 метра Ф.К. Ново Лисиче успеа да постигне гол. По овој гол следеше нешто што сите го очекувавме, а тоа е да повредат уште еден играч за да можат да ја земат службено. Младите како што ги нарекуваат тие "надежи" на Ф.К. Ново Лисиче ги следеа стапките на нивниот најстар соиграч. Откако го постигнаа голот го повредија најстариот наш играч, 40-годишниот Мандаров, кој што беше вистинки столб во одбраната, со своите 40 години беше буквално "Кинески ѕид" за Ф.К. Ново Лисиче. Младите "надежи" на Ф.К. Ново Лисиче не можеа топка да примат од него камо ли да го поминат. Еден од нивните млади фудбалери го повреди нашиот столб во одбраната и со тоа Ф.К. Ново Лисиче го зема службено овој натпревар. Е сега, прашање до целата јавност, дали по сето ова наведено погоре наликува на тим кој што ќе прозиведува талентирани фудбалери и ќе котира само нагоре?
Вистинскиот победник на овој меч беше Ф.К. Славија Пржино, со 7 играчи беа подобри од Ф.К. Ново Лисиче, екипа која што кога ни гостуваа во Пржино изгубија сосема чесно но тие не го признаа поразот па преку свое соопштение изнакажаа еден куп лаги и сите тие лаги беа демантирани од страна на Ф.К. Славија Пржино преку видео и со тоа се докажа дека станува за еден обичен клуб кој што го раководат лица кои што очигледно не се за тоа. Популарните "Шумари" со одличната игра со 4 играчи помалку ја натера домашната публика да си ги исмејува своите миленици и да им бидат мета на сеир.

Ф.К. Ново Лисиче, еве зшто Ф.К. Славија Пржино немаше пораз 11 месеци, еве зошто се 1 во лигата и еве зошто ќе игра бараж а вие ќе продолжите да си играте во 4 лига. Ф.К. Славија Пржино е ИНСТИТУЦИЈА, клуб кој што постои од далечната 1919 година и што е најважно не е креиран партиски туку со љубов.
Ни повредија двајца играчи од кои еден од главните е посериозно повреден и ќе биде подолго време надвор од терените и сигурно го пропушта баражот.
Старт со две нозе, едната нога во кособран, другата директно во коленото на играчот. И тоа играчот бил во скок, може да замислите како изгледал тој клизач...

Ако постојат како клуб во наредни години се надевам ќе имаат прилика да дојдат пак во Пржино ;)
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
3
Ново Лисиче-Славија 3-0 службено.

Еве што се случувало од нашата фб страна копирано:


Ни повредија двајца играчи од кои еден од главните е посериозно повреден и ќе биде подолго време надвор од терените и сигурно го пропушта баражот.
Старт со две нозе, едната нога во кособран, другата директно во коленото на играчот. И тоа играчот бил во скок, може да замислите како изгледал тој клизач...

Ако постојат како клуб во наредни години се надевам ќе имаат прилика да дојдат пак во Пржино ;)
Славија да беше во полн состав :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Не не посака многу ждребката, мада целиов систем е тешко срање, којзнае како ќе се одреди кој ќе оди во трета лига...
Место 12 екипи се пријавија само 9, и баш ние немавме среќа да паднеме со некои што не се пријавиле и да скокнеме некоја рунда.

Пријавени се:
Славија како први од ОФС Кисела Вода
Вардар 75 како втори од ОФС Кисела Вода
Љубанци како први од ОФС Скопје
Лепенец како втори од ОФС Скопје
Петровец како први од ОФС Гази Баба
Гоце Делчев како втори од ОФС Гази Баба
Влазними Оризаре како први од ОФС Липково
Речица како први од ОФС Куманово
ЧСК Четирци како втори од ОФС Куманово

Значи ОФС Кратово не пријавиле ниедна екипа и плус од ОФС Липково нема втора екипа...
Е сега од овие 9 екипи, дел ќе изиграат по три меча, а некои два па дури можеби и само еден меч...



Во недела го играме првото коло со ЧСК Четирци како второпласиран од Куманово, а наредната недела вкрстуваме со Влазними од Оризаре кој нема противник во првото коло.
Ако ги поминеме двете кола, тогаш со уште две други екипи влагаме во ждребка, во која ќе се одреди еден пар чиј победник оди во трета лига, а оној кој ќе остане по ждребката директно оди во трета лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom