Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.816
Поени од реакции
8.651
Во недела со Пескара, а потоа наредните три кола играат со Лацио, Милан па Јувентус.
Ако направат 4 од 4 го бришам акаунто на месец дена :D
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Во недела со Пескара, а потоа наредните три кола играат со Лацио, Милан па Јувентус.
Ако направат 4 од 4 го бришам акаунто на месец дена :D
Баш напротив им се курчиш на сите со акаунтот
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.100
Гледам пред малце на арена емисија за Сериа А и повторно Скорупски со нај одбрани :cuc:
Нека се разбрани и утре против Милан..
Се надевам нема 16мил да им опнемо на Арсенал за Шчесни.. Верувам дека имамо 2 докажани наши голмани!!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Не верувам дека за толку пари би го купиле во случај кога ги имаме Алисон и Скорупски, кои бранат одлично.
Подобро тие средства да ги наменат на квалитетно засилување во средина и во одбрана.
Исто така мора да се направи мала чистка... Итурбе, Вермален ... Овој Емерсон игра топло-ладно и некако не покажува некоја разлика на терен, потота Марио Руи не знаеме каков ќе се врати и тој е енигма. Мислам овие играчи мора да се заменат со поквалитетни.
Во средина ни треба еден играч задолжително. Некој што ќе направи разлика. Стротман сеуште игра млитаво. Наинголан се мачи на позицијата што ја игра во последно време.
Не знам зошто, но мислам дека Манолас ќе биде следната продажба на Рома.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.100
Да Манолас или Рудигер еден од нив е печен за продажба но на лето зимава нема да чепкаат од битниве играчи..
Зимава сигурно ќе не напушти Итурбе а ние мора крило да бараме Салах ќе биде недостапен цел Јануари поради КАН.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Да си навивач на РОма треба да имаш нерви дебели како сајла... па овие со нас мајтап си играат...
Овие да сакаат да играат никој нема да ги победи. Ќе заводат и се заебаваат. Дремат како мисири. Мрш бе таму одете
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.100
Тажно..
Примаш 2 гола од закланата Пескара која е отпадната уште од прво коло..
Ајде трпение дека ќе се стегнат во одбрана зошто нели не биле воиграни но до кога??
Ни следат 3 пеколни натпревари Лацио, Милан и Јуве и се освен земање на помалку од 7 бода е рамно на катастрофа ако веќе имаме шампионски амбиции..
Искрено Спалети не ми се допаѓа за олку разнишана одбрана што имаме.. Вината е на негова сметка.
Ако не се стегнеме и завршиме без трофеј слободно нека си оди на крајот од сезоната и никакви нови договори не требаат за него.
Во Италија од секогаш услов за успех била одбраната.
Да не звучим толку грубо да ги пофалим Пероти и Џеко кој се во извонредна форма..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.816
Поени од реакции
8.651
Јас искрено повеќе се секирав оваа утакмица, за дербињата што предстојат не се сомневам дека ќе дадат се од себе и ќе играат на повисоко ниво :)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.816
Поени од реакции
8.651
Лацио се во форма, ќе има циркуси, плус немаат тепано дерби сто години. Нас ако не фати некоја летаргичност за време ба мечот како што умеат да прават, можеме да бидеме дебело казнети. Али како што реков, мислам дека ни одблизу нема да изиграат утакмица како со послабите тимови што прават и ќе бидат на ниво 90мин.

Руи Марио одигра 60мин со младинците, од денес почнува со редовни тренинзи со екипата, треба и Манолас да е вратен, а и Вермален влезе во игра вчера, па горе доле полека ќе го имаме целиот тим на располагање, освен Флоренци .. :(
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
Тажно..
Примаш 2 гола од закланата Пескара која е отпадната уште од прво коло..
Ајде трпение дека ќе се стегнат во одбрана зошто нели не биле воиграни но до кога??
Ни следат 3 пеколни натпревари Лацио, Милан и Јуве и се освен земање на помалку од 7 бода е рамно на катастрофа ако веќе имаме шампионски амбиции..
Искрено Спалети не ми се допаѓа за олку разнишана одбрана што имаме.. Вината е на негова сметка.
Ако не се стегнеме и завршиме без трофеј слободно нека си оди на крајот од сезоната и никакви нови договори не требаат за него.
Во Италија од секогаш услов за успех била одбраната.
Да не звучим толку грубо да ги пофалим Пероти и Џеко кој се во извонредна форма..
Хахахаа како го кажа болдираното божем Каљари, Пескара и Фросиноне ви се конкуренти па катастрофа ќе биде ако не земете трофеј. Добра работа врши Спалети откако дојде, не гледам никаква причина за отказ доколку не освоите Скудето или куп во конкуренција на Јуве и Наполи.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.100
Хахахаа како го кажа болдираното божем Каљари, Пескара и Фросиноне ви се конкуренти па катастрофа ќе биде ако не земете трофеј. Добра работа врши Спалети откако дојде, не гледам никаква причина за отказ доколку не освоите Скудето или куп во конкуренција на Јуве и Наполи.
Стек многу добро знам кој се конкуренти.. Но 1 титула кадарни сме да земеме од овие 3 натпреварувања..
Доста веќе се задоволуваме со тие 2-ри места и пласман во ЛШ време е за чекор напред ..
За Спалети имам огромни забелешки :
Прокоцкување водство кај Каљари од 2-0 иста песна и со Австриа дома 3-3!
Друго примаме голови како од шала небаре Земан ни е тренер..
Да се работеше за друг противник сигурен сум дека ќе киксневме синоќа..
Наинголан го игра на неприродна позиција и ред други работи..[DOUBLEPOST=1480342781][/DOUBLEPOST]
У реду е, сеоски Мондо...:kafence:
У реду е ако имаме шампионски амбиции :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom