Помина летниот трансфер период и се случија некои измени. Активноста на Рома оценета е со 6,5. Можеби сите очекувавме уште 1-2 засилувања до крајот, но најверојатно американците не сакаат да го одврзат ќесето. Очигледно неуспехот во ЛШ беше најголемата причина за тоа. Еве кои се промените:
Дојдоа:
Bruno Peres, Vermaelen (позајмен), Juan Jesus (позајмен), Gerson, Paredes (се враќа од позајмица), Alisson, Mario Rui, Fazio (позајмен), Seck, Iturbe (се враќа од позајмица), Szczesny (позајмен), Emerson Palmieri, Rudiger (откупен), El Shaarawy (откупен), Perotti (откупен), Salah (откупен).
Заминаа:
Pjanic, Ljajic, Iago Falque (позајмица), Digne (му заврши позајмицата), Ricci (позајмица), Torosidis, Vainqueur, Gyomber, Sadiq (позајмица со право на откуп и реоткуп), Zukanovic, Castan (позајмица), Sanabria, De Sanctis, Maicon, Keita, Ucan, Ponce (позајмица), Doumbia.
Болдираните се потполно нови.
Со овој состав не може да се очекуваат големи работи, но ова е фудбал и треба да се надеваме. Мора да се вратат во строј после поразот од Порто и онаа бламажа во второто полувреме со Каљари.
Психички ако се оправат ќе газат, ама токму психата е најголемиот проблем во Рома со години.
На голмнаските позиции сме солидно покриени. Спалети мора да му дава повеќе шанса на Алисон, со оглед на тоа што Шчешни се враќа во Арсенал после позајмицата, а токму Алисон е тој што ќе биде на голот на Рома во наредните години.
Szczesny-Alisson-Lobont
Во одбраната се случија голем број промени летово и токму во одбраната се и најголемите проблеми со повредени играчи (Ридигер, Марио Руи и Нура). Спалети сеуште не може да ја најде вистинската формула од дојденците за првиот состав. Преголемата ротација последните натпревари го чинеа многу.
Bruno Peres-Manolas-Vermaelen-Fazio-Juan Jesus-Rudiger-Mario Rui-Emerson Palmieri-Nura-Seck
Што се однесува до средината на теренот ситуацијата е таква што замина Пјаниќ, кој имаше голем удел во играта до минатата сезона (било позитивен или негативен), а не беше соодветно заменет со играч со слични карактеристики. Се шпекулираше за Борха Валеро и Тиелман, но ништо од тоа после поразот од Порто. Спалети изјави дека верува во Стротман и во Паредес и дека тие можат да го заменат Пјаниќ. Паредес игра топло ладно првите натпревари, а Стротман е солиден, но сеуште не го има достигнато она 100% ниво. На средина дојде уште Жерсон, кој е платен 16 милиони во кеш. Од него се очекува да гази, но очигледно не е аклиматизиран на Серија А. Можеби тоа што не го испратија уште зимата во некој италијански клуб да се кали е уште една грешка на управата. Како и да е се лсучија промени и тука.
Strootman-Nainggolan-De Rossi-Florenzi-Paredes-Gerson
Во однос на нападот ситуацијата горе-долу е иста. Итурбе е вратен од позајмица и тој ќе биде една од опциите за нападот. Последна шанса да покаже што знае и не знае.
Perotti-Salah-Dzeko-Totti-El Shaarawy-Iturbe
Мое мислење е дека со доаѓањето на Жерсон, Алисон, Перез, Марио Руи и сл. на место на Кеита, Маикон, Торосидис и сл. се подмлади екипата и токму на база на овие и на Стротман и Флоренци ќе се гради екипата во иднина. Раџа според најавите ќе потпише нов договор за скоро со клаузула од над 60 милки. Не е исклучено и тој да остане, а би било супер.
Оваа сезона мора да дадат 100% од себе си за да изборат ЛШ. Ќе биде тешко покрај Интер, Наполи и Јувентус, но мора шансата да ја бараат во победите над малите екипи.
Сите категорично пишуваат дека стадионот скоро ќе почне со изградба. Долго очекуваниот стадион од 1 200 000 000 евра. Ако добро разбрав деталниот план се подготвува и ќе им биде доставен во општината, по што за краток период ќе добијат дозвола. Во комплексот ќе се овозможат 6 000 нови вработувања. Ќе се подобри инфраструктурата во тој дел од градот и т.н.
За два дена играме пријателска со Сан Лоренцо (клубот на папата), па да видиме после тоа колку ќе ги поврати Спалети психички во наредните мечеви. Не смее да се дозволат онакви киксеви како против Каљари. Тие два бода можат многу да значат. Минатата сезона Верона ни скина 4 бода, со коишто би завршиле пред Наполи и немаше да си ја чукаме глата како Спалети и компанија.
То е то.