Шчешни изгледа ќе биде наш голман и наредната сезона. Преговорите во завршна фаза биле и пречка било само платата, но може да дојде до договор наскоро. Голманската тројка за наредната сезона би требало да ја сочинуваат Шчешни, Алисон, Лобонт... Скорупски назад во Емполи и покрај тоа што го продолжи договорот со Рома до 2021...
Покрај Начо изгледа и Касерес ќе биде дел од Рома. Одбраната ни е некако матна. Мислам дека ќе мора десен бек да се земи... Флоренци не е лош, ама не му е природна позиција. Одбраната со Касерес ако дојде би изгледала вака: Флоренци, (
Торосидис?), Манолас, Ридигер, ХХесус, Начо, Марио Руи, Емерсон Палмиери ... Нека запни Саба Бруно Перес да го донеси ... Ете им дадовме на тие дудуците торино 2 екстра играчи, нека не се прават паметни многу.
На средина почнаа да се решаваат равенки со непознати... Ќе видиме кој ќе биде Х од 30 милиони што треба да не засили пред квалификационото коло од ЛШ... Зенит понудиле за Паредес 20 милиони + бонуси и изгледа дека Рома ќе ја прифати нивната понуда и се чека на Паредес на кого имено ќе му давале плата од 4 мил. по сезона. Според шпекулациите средината би изгледала вака: Де Роси, Стротман, Раџа, Ванкер, Жерсон, Диавара и мистер Х од 30 милки.
Нападот со Ел Шарави, Пероти, Салах, Џеко, Тоти... мора уште еден шпиц да се земи или некој од младите да му се даде шанса. Садик изгледа во Болоња во дилот со Диавара. Понче во Хихон...
Шампионска младинска генерација да имаш, а да не му дадеш шанса на ниту едно дете е греота. Она Ди Ливио многу ќејф ми правеше ама тоа е.