Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Чичарито одличен му фали уште малце повеќе да реализира ;)
Хамес 10ка денеска :)
Роналдо исто
Кроос и Модриќ добри беа
Иско 100ка :)
Марсело 0
Икер се гледа има самодоверба повеќе :)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.230
После корнерот, кога ја извади Модрич од гол линија, Марсело искрено врска немам што правеше.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.827
Џејмс ис он фајр, од натпревар во натпревар се повеќе и повеќе им ги затвора муцките на хејтерите што јадеа гомна за неговиот трансфер.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Денеска имавме поголема поддршка однего на сите домашни утакмици заедно. Ултрас Сур си газеа. :D
Штета што се скарани со Флорентино, новава младина не ја бива, барем претходните години колку-толку имавме поддршка. Ај барем нека почнат да одат на гостувања.

Иначе Иско и Хамес ни се најдобри во моментов после Роналдо секако.
Секоја чест за Карло како успеа на сите да им најде позиции за толку кратко време.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.122
Поени од реакции
28.871
"На денешниот натпревар Роналдо успеа да сруши уште еден рекорд кога станува збор за шпанската лига. Имено, тој сега е фудбалер кој најбргу стигнал до бројката од 15 погодоци во Примера.
На Португалецот за ова остварување му беа потребни осум кола, а претходно рекордот го држеше Овиедо Ечебарија, кој во 1943 година постигнал 15 погодоци после девет одиграни кола."
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.020


Фан Клуб на C.F. Real Madrid
24 mins ·
Во пресрет на Класико - Реал најефикасен, Барселона без примен гол во Ла Лига

Реал е моментално со гол разлика 30-9, или +21, а Барселона има перфектни 22-0 во Ла Лига. Не треба да потсетуваме дека разликата на врвот на табелата е 4 бодови, односно 22 наспрема 18. Она што го посакувавме, тоа и се оствари - Барселона без примен гол во Ла Лига доаѓа на Бернабеу. Што се однесува до мене, ПРЕКРАСНО !! Сега, во сабота, се помалку од минимум 3 дадени голови на Барселона, ќе го сметам за огромен неуспех за Реал Мадрид. Минимум 3, а сметајќи ја формата на Реал на последните натпревари, дури и 4 реално.

Тешко е да се очекува Реал да остане без примен гол против Барселона, но затоа треба да им даде едно 3-4 во Класико. И нормално да се оствари победа и 3 бодови. Тоа е единствена опција. Ако се случи било што друго, ќе го сметам тоа за огромен, огромен неуспех и голема катастрофа, како за Реал, така и за Анчелоти. Едноставно мора веќе да се победува, после таа серија ужасни резултати со Барселона и Атлетико, во Ла Лига пред се.

Формата од последните натпревари е прекрасна, се е топ, но сега на натпреварите со Ливерпул и Барселона треба да се продолжи во исто темпо, а не да има нови регресии, како во минатото. И претходно Реал мелеше се пред себе во Ла Лига, па ќе дојдеше некое дерби и тука ќе запреше. Сега веќе апсолутно нема простор за такво нешто. Гледаме каква среќа имаат каталонците, како си се провлекуваат постојано и си собираат бодови и кога не играат добро. Реми на Класико во сабота ќе значи огромен чекор назад во Ла Лига, а нов евентуален пораз ќе значи речиси крај на сите шанси за титулата. Едноставно така одат работите во Ла Лига....негатива од 5-6 бодови е достижна, но 7-8 бодови, тоа е веќе симптоматично. Над 8 бодови не е достижна предност за никоја екипа, ниту пак ќе биде некогаш.

Треба да се земе за пример дуелот ПСЖ - Барселона, каде што францускиот шампион ја уништи Барселона, која рака на срце за мене има многу нестабилна одбрана. Лесно можеа да им дадат и 4-5 голови. Одбраната е полна со пропусти и дупки, а тие 0 примени голови во Ла Лига се голема илузија. Заради тоа, очекувам повеќе голови во нивната мрежа следната сабота на Класико. Тука треба да се искористат сите слабости на Барселона и да се освојат 3-те бода на Класико. Затоа што доста ни е веќе од голеади против помали екипи, потребни ни се резултати против директните ривали за освојување на Ла Лига. Затоа што ова е Реал Мадрид, најдобриот клуб на светот !! А Реал Мадрид не смее да си дозволи себеси да има 1 титула во Ла Лига во последните 7 години. 33-тата Ла Лига мора да биде освоена во мај !! HALA MADRID Y NADA MAS !!

Се си е на место, од збор до збор. Се освен победа е рамно на огромен неуспех. Мора да бидат подисциплинирани и поагресивни во дефанзива па дури и ако губат. Оваа утакмица ќе биде клучна и ќе го трасира патот по кој Реал ќе оди до крајот на сезоната во сите такмичења.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Ќе биде интересно класикото..
Статистички најдобрата одбрана во Европа, против статистички најдобриот напад :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom