Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Се поништуваа во случај ако добие идната, а се пласира Реал во финале?
Не се поништуваат ми се чини. Ама секако Рамос е чист, суспензија се добива за два жолти на два натпревари едно по друго.
Сега само Иско е под закана.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Во последниве 5-6 сезони, по заминувањето на Капело, на прсти се бројат натпреварите (секако овие големите) каде што Реал Мадрид изиграл дисциплинирано. Последен пат таков го глеав токму против Баерн, во двомечот пред две сезони. Од тогаш, во минатата и оваа сезона не видов максимално посветен тим, се до вечерва.

Ова вечерва беше сјајно одигран натпревар, онака како што треба да игра еден тим претендент за ЛШ, тим шо не личи на распашана банда, тим каде што секој си ја исполнува добро задачата.

За поставеноста мислам дека немаше никакви дилеми. Сите знаевме дека вака ќе се игра и дека вака може лесно да се поебе начинот на игра на годинешниов Баерн, ама стравот беше дали одбраната и Алонсо ќе го издржат мудопотечувачкото кружење околу шеснаесетник. И тоа го сторија сјајно. :cuc:

Коентрао, мајсторе, кур да јадат неписмените шо те критикуваат, три сезони е најпотценетиот играч во тимот. На Карвахал му требаше ваков меч, перфектно одигран, Рибери беше невидлив, го скина сите напади таму и му се гледаше таа несигурност заради неискуството на крај, трепереше, глеаше лево десно едвај чекаше да заврши мечот. И многу е поразлично кога ќе издржиш ваков меч без примен гол и без грешка, многу битен момент за неговата кариера која се надевам дека нема да биде лабилна ко таа на Рамос.
Бивис и Батхед не ги коментирам, од страв.
Чабиер си ја врати формата баш кога најмногу требаше, друго е кога он е тука да сјебе 30 противнички акции и да префрли топка напред. Модриќ исто.

Жал ми е за Роналдо што не може да го игра двомечов во полна сила, не се сомневам дека ќе беше многу подоминантен доколку играше здрав.
Исто како и Реал, и Икер ваква капитенска утакмица немал долго време, мило ми е што конечно си ја врати формата но уште помило ми е што си ја врати жарта за носењето на лентата.

Единствена замерка кон Карло ми е за Иско. Најбледиот и денес, и во финалето од купот, пак сјеба неколку чисти контри, дефанзивно лош, едноставно неговиот профил не е за оваа тактика која беше маестрално исполнета денеска. Златен Кедира тука ќе завршеше работа за реваншот, но колку топки одзема Бејл после влегувањето ми дава да верувам дека може и со него дефанзивата да не изгуби на вториот меч.

Уште еднаш ќе пишам, вака добра утакмица не сум гледал минативе две сезони, менувам педесет петарди во противничка мрежа за ваква дисциплина.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Многу работи завршија поволно. Рамос, Чаби, Пепе не добија жолт. Играта беше МАКСИМАЛНО дисциплинирана. Му го оправдувам потегот на Анчелоти со Иско место Бејл, бидејќи многу помагаа во дефанзива со Ди Марија. Според мене успеавме да го победиме Баерн без двајцата најдобри, Крис и Бејл.(иако нели Крис му го дае пасот на Коентрао за голот).

Луѓе, Чаби истрча највеќе од сите на мечот. За секоја почит.
Модриќ цар. Коентрао и Карвахал одлично ги покриваа страните, кај што овие ги имаат може и најдобрите крила во свет. Пожртвувано, изгинаа до крај. Браво Анчелоти, браво Реал, браво Икер. Верувам дека можете. Ајде!
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Единствена замерка кон Карло ми е за Иско. Најбледиот и денес, и во финалето од купот, пак сјеба неколку чисти контри, дефанзивно лош, едноставно неговиот профил не е за оваа тактика која беше маестрално исполнета денеска. Златен Кедира тука ќе завршеше работа за реваншот, но колку топки одзема Бејл после влегувањето ми дава да верувам дека може и со него дефанзивата да не изгуби на вториот меч.
За све се сложуем, освен за ова. Специјално го пратев Иско и против Баерн и против Барса зошто ме интересираше како ќе изигра на оваа позиција.
Изигра супер, може е “невидлив“ заради позицијата која што ја игра, различна од онаа на која сме навикнати да го гледаме. Башка да не заборавиме, против Барса два гола паднаа откако Иско украде топка на играчите на Барса
И денеска изигра супер и никако не се сложуем дека бил најслаб на терен. Баш позитивно ме изненади од утакмицата со Барса, денеска само си потврди дека е во добра форма.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Башка да не заборавиме, против Барса два гола паднаа откако Иско украде топка на играчите на Баерн.
Ова е таа реченица! Сите дома! Се затвора фан клубов вечерва.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
За све се сложуем, освен за ова. Специјално го пратев Иско и против Баерн и против Барса зошто ме интересираше како ќе изигра на оваа позиција.
Изигра супер, може е “невидлив“ заради позицијата која што ја игра, различна од онаа на која сме навикнати да го гледаме. Башка да не заборавиме, против Барса два гола паднаа откако Иско украде топка на играчите на Баерн.
И денеска изигра супер и никако не се сложуем дека бил најслаб на терен. Баш позитивно ме изненади од утакмицата со Барса, денеска само си потврди дека е во добра форма.
Јас мислев да го цитирам, ама викам ај мош сум грешка, 100% исто мислење за Иско, баш и ја се мислев пред да видам дека нема да игра бејл прва, како би било без Иско. АЛи добро е, и Бејл после се враќаше и покриваше.

Ако таму стартуваме со Бејл и Роналдо, а Бејл да ја има задачата и за покрива назад а Роналдо само напред има големи шанси :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Можда, можда мене ми паднал у очи само кога згреши, а можда и другиве изиграја толку добро па Иско ми се чинеше лош. :)



Само елек му фали на нашиов и копи-пасте. :D
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Супер изигравме посебно во одбрана коентрао,карвахал,рамос и факинг ПЕПЕ :cuc: изиграа со срце денеска.Икер вистински командант на одбраната (y)
Средината одлична Иско супер само една или две долги топки ги заеба
За нападот се знае Реал игра и че игра на контри,какви зицери имаа Роналдо и ДиМарија,за разлика од Баерн кој немаше некој поопасен шут на гол.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Не Коентрао,не Карвахал.....

туку за целиот тим на Реал Мадрид вечерва- :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:




промашените шанси се дел од фудбалот,се надеваме дека нема да се случи такво нешто во Германија,и дека со 1 гол и иста дисциплина одбрана како денес ќе одиме понатаму...

HALA MADRID!!!
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Некој информација дали со Пепе е се најдобро, за Роналдо знам дека го одмараше т.е пазеше :)
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
А бензема во неколку наврати се степа со топката :pos:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
А бензема во неколку наврати се степа со топката :pos:
напротив,Бензема имаше многу добра партија...скоро секоја 2ра топка ја контролираше(топка од висина) и ја проигруваше дали со Коентрао или Роналдо...
Само на крај се виде заморот и кај него...заслужено
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Честито победа се надевам дека ќе изгубите во финале од нас или еве ако отпаднете од Баерн а ние ги тепаме Атлетико ќе гледаме да ве одмаздиме. Deal ? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom