Фан Клуб: Победа - Прилеп

Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Крстески го донесе Кемал,тој го бараше да донесел искуство во тимо чиј просек на години е 35.Денеска 99 % губиме иако ја сонував 1:1 :).
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Абе кој ги кладе оние пациенти прва лига да играат.Едино убо шо изиграја денес Манче голмано и бек десен играше едно Александар да не се вика(келајца е),другине во 11 Октомври место нема да фатат да ги пратиш.
Ај за Гешо,ама онај другион Цветаноски кој го донесе во Победа,се гледа дека абер нема од фудбал во цела кариера две стативи и една пречка има погодено и то за кадети ко играше.Одбраната мизерија освен десниот бек,средината за во мало коњари за првотимци арни се.
Од цел тим се на се 5-6 луѓе треба да останат,другите нека ги прата по селана да игра
МИЗЕРИЈА
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Јас сум ненормален шо гледам македонски фудбал...
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
Абе вгодина најубав стадион во втора лига има да имаме , благодаренио на ингилизо и вемеро :pos:


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 август 2016
Мислења
16
Поени од реакции
18
Дефинитивно Победа нема квалитет за прва лига и мора да се смени нешто, ама пеналон за Силекс шо беше досуден која мизерија еј. Самите играчи на Силекс не знаеа шо досуди судијава си тргнаа назад да се враќаат дури и јас си мислев дека жолтио картон беше за симулирање. За да боли уште повеќе па Манче и страна му погоди на Недљковиќ, пред рака му помина топката.
 

@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153
Абе второ коло а сите фудбалски експерти се прајте, чекајте малце во Победа има еден куп играчи по ист квалитет, кој че се истакни најмногу че си фати место во стратната постава на Победа, факт е дека оваа сезона не можиме да се носитме со половина екипи од прва лига ама за опстанок не се секирајте јас ви гарантирам дека остануваме во прва лига и не мешајте политика на темава ко некој мрсулковци Гоце е 100 пати подобар и подомаќин од сите претсетатели на Победа во последниве 20год. предходнио Горан маме еба еден куп пари се испраја низ Победа илјадници евра поебани за ништо, ко не сте доволно упатени не јадете лајња на празно, со две добри засилувања остануваме прва лига 100%.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
Абе второ коло а сите фудбалски експерти се прајте, чекајте малце во Победа има еден куп играчи по ист квалитет, кој че се истакни најмногу че си фати место во стратната постава на Победа, факт е дека оваа сезона не можиме да се носитме со половина екипи од прва лига ама за опстанок не се секирајте јас ви гарантирам дека остануваме во прва лига и не мешајте политика на темава ко некој мрсулковци Гоце е 100 пати подобар и подомаќин од сите претсетатели на Победа во последниве 20год. предходнио Горан маме еба еден куп пари се испраја низ Победа илјадници евра поебани за ништо, ко не сте доволно упатени не јадете лајња на празно, со две добри засилувања остануваме прва лига 100%.
Кој да не меша политика бе пријателе? Во кој свет ти живејш? За тебе ингилизо ако е добар оди удајсе врека не се брукај, од партија звона на телефон задолжително присуство на стадион овај дошол политика да не сме мешале :pos:

домаќин бил , ова друже е фудбалски клуб а ингилизо е претседател не е ова умс, ако не си запознат шо треба да работи претседател на клуб ,погуглај и види, а за домаќин ако сака да биди нека се пријави вманастир.

Викаш упатен си бил? То шо одиш на навивање мислиш дека си нешто многу упатен ? Не , само во некој филм си влезен победа шампион и неможиш да се помириш со то , помина то време, беше шо беше.


Рано било уште, е ај со вардар шкендија и работнички можи да ги победиме па да опстаниме, незнам во кој филм сте влезени искрено, океј да си фан се во ред ама слези на земја не туку летај во облаци и видија реалноста , гревој сме , ГРЕВОЈ! Ако некој ја остај победа во прва лига можи само вмро ,за да се чука погради ингилизо и марјан, со играње нема теоретски шанси да опстани то е јасно ко ден!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
received_1194990350521852.jpeg Ситуацијата во Победа е таква каква шо е, пари нема за квалитетни играчи. Недоразбирајна нормално е да има ама уште понормално е дека на Победа (колку и да е не/квалитетна) и треба поддршка. Спремајтесе за в недела!
FB_IMG_1471360195814.jpg
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Која комедија се.Незнам дали ја пратите групата официјална на Победа на ФБ.Чак почна и претседателот да се меша :D И си призна немало пари и бара играчи братов на ФБ.
Па да му е..м мајката Витаминка,Пивара,Мермер се во топ 10 најбогати фирми во Македонија и викаат нема клубот пари
 
E

Epsilon

Гостин
Па штом е таква работата што "трчаа" да влезат во Прва лига? Ајде таму сеоски КПР, фајрон втора лига! :mad:
 
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
Која комедија се.Незнам дали ја пратите групата официјална на Победа на ФБ.Чак почна и претседателот да се меша :D И си призна немало пари и бара играчи братов на ФБ.
Па да му е..м мајката Витаминка,Пивара,Мермер се во топ 10 најбогати фирми во Македонија и викаат нема клубот пари
Точно е дека се едни од најјаките фирми во МКД ама шо корист Победа од сето то ко тие никогаш не давале и не даваат пари во Победа! Победа ко беше најсилна и најстабилна не беше со нивни пари! Нивната цел е реклама и сликајне како демек ете вложуваме во спорт! Дај боже нешто да се смени ама досега во пракса се покажа дека е така!
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Само Ацуле е лекот за Победа
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Само Ацуле е лекот за Победа
Па да ти кажам право со него без ниту еден спонзор последните 2,3 сезони пред казната опстанувавме без проблем.Е сега шо со пола лига беа 3 за 3, 4-5 утакмици ако беа реални во сезона.А новиов президенте го читам на групана и се чудам.Значи баш е супер да разговара со фановите и да биди отворен за комуникација,ама онај одма треба оставка да си поднеси.Едноставно фудбало не е негова сфера и то е то.На еден му вика дај ти донеси 3-4000 евра и ред други без врска муабети.Мора некако таа идејата шо беше од мајмуни да се оствари некако да плајчаме месечен надомест за Победа,оти вака ако чекаме од нашиве "спонзори" никогаш нема да тргниме напред.И сега дури има време не е лошо некока акција да се направи да се собера пари барем за 2-3 добри засилувања мислам дека че собериме.Ваква еуфорија немало години и не смее да спласни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom