bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.322
- Поени од реакции
- 7.781
Хардкор лудило ако најдиш други играчи да играат беспари за клубот свој јас во Асан има да се прекрстам.
Мегленски, Карчески и Манчевски ќе играат без пари во Победа!
Мегленски, Карчески и Манчевски ќе играат без пари во Победа!
- Автор: ekipa
- Објавено: јули 9, 2016 15:15
Прилепска Победа се соочува со проблеми во играчкиот кадар, откако управата на клубот не успеа да се договори со легендата на овој клуб, Тони Мегленски, како и со Даниел Карчески и со голманот Ванче Манчевски. Во новонастанатата ситуација, тројцата фудбалери решија во остатокот од нивната кариера во Прилеп да играат и без плата за овој клуб.
„Ние како фудбалери на Победа, за доброто на клубот, и за доброто на Прилеп како најфудбалски град во Македонија, решивме да настапуваме без плата за Победа. Управата смета дека нашите барања се преголеми, и ние се одлучивме на ваков потег“ – истакна за ЕКИПА, капитенот на Победа, Тони Мегленски.
Тимот од „Марковите кули“ денеска има слободен ден, а утре играчите заминуваат за Банско, каде ќе ги продолжат своите летни подготовки во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
http://ekipa.mk/meglenski-karcheski-i-manchevski-ke-igraat-bez-pari-vo-pobeda/