Фан Клуб: Победа - Прилеп

E

Epsilon

Гостин
ПоБеда Јуниор,кога ќе станете сениори? :D Вие како големи Мајмуни,мислам навивачи треба да знаете дека од старата Победа веќе нема ни П,само новокомпониран клуб без никаква историја... :) Или ви одговара да си бидете мајмуни....
Breeeeeej ama ne razbirash... oj vidi dali sum vo dvor.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Што толку се навредивте од вистината,јуниори? :D
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Ќе истече казната ќе биде пак истата Победа.
А ти за кој клуб навиваш?
 

@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153
ПоБеда Јуниор,кога ќе станете сениори? :D Вие како големи Мајмуни,мислам навивачи треба да знаете дека од старата Победа веќе нема ни П,само новокомпониран клуб без никаква историја... :) Или ви одговара да си бидете мајмуни....
ист амблем, ист стадион, исти дресови се е исто но бидеќи стариот правен субјект беше неправедно баниран од уефа, единствен начин да опстој клубо беше отворање нов правен субјект се е то формалности на хартија реалноста е друга Победа живее. Денеска Кожув-Победа 0:1
 
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
НЕЗАБОРАВНИ ДУЕЛИ СО УНИВЕРЗИТАТЕА И ПАРМА
Прочитано : 27 пати
Сабота, 12 Септември 2015
Годишнина: Изминаа 15 години од историскиот успех на Победа

- Пласманот во 1. коло од Купот УЕФА е највисок дострел

Победа одигра 32 меча во евро-куповите, а најзначајни се дуелите од летото и есента 2000 година. Тогаш постигнат е најголемиот успех, пласманот во 1. коло во Купот на УЕФА. На патот беше елиминирана романската Универзитатеа, преку ремито од 1-1 во Крајова и победата од 1-0 во Прилеп, за потоа да следи средба со италијанскиот гигант Парма. Поразите беа пристојни (дома 0-2, на гости 0-4), а се памети првиот меч, на 14 септември, кој беше голем спектакл пред 15.000 гледачи во Скопје.

- Постигнавме нешто што ниедна македонска екипа не можеше. Елиминиравме еден познат тим, Универзитатеа и докажавме дека имаме квалитет. Со тој подвиг ја доведовме Парма и го преполнивме стадионот во Скопје. Загубивме, но дадовме максимум. Се случи нешто невидено, цела Македонија навиваше. Пробав неколку шутеви оддалеку, но Буфон е светски голман, а еве уште успешно брани - вели тогашниот капитен Тони Наумоски, кој на центарот се ракуваше со колегата, Французинот Турам.

Сите овие мечеви се одликуваат со фанатична борбеност, пожртвуваност на Победа. Фудбалерите имаа полна самодоверба дека можат да направат повеќе од претходните генерации. Без исклучок, секој што настапи го даде својот придонес. За издвојување е стрелецот на двата гола Николче Здравески. Во Крајова домашните ги "попари" во 91. минута за 1-1 и голема радост на трибината каде имаше навивачи на Победа, а на реваншот го даде победоносниот гол.

- Во Крајова, Романците водеа со 1-0 до 91. минута. Тогаш по додавање на Манев, се случи кикс, недоразбирање на двата стопера, топката ја оставаа еден на друг. Ја прифатив, излегов сам пред голманот и со удар долу во аголот го совладав. На реваншот тие со сите сили тргнаа на победа во Прилеп. Пак, како што се надевавме, им се случи грешка. Голманот истрча надвор од 16 м., лошо ја зафати топката, дојде до мене и од 40 метри ја пласирав во празниот гол. Ова ни овозможи да играме со Парма, против најголеми ѕвезди, како Буфон, Турам и Канаваро, кој стана најдобар светски фудбалер. Се виде разликата во класа. Барем на моменти се обидовме да покажеме нешто. На два - три квадрати простор го издриблав Турам, што наиде на воодушевување кај публиката - потсетува Здравески.

Јунак на дуелите е и голманот Боби Тенев. Одбрани најдобро во кариерата. Правеше чуда на реваншот со Универзитатеа, кога Романците напаѓаа од сите страни, страотно шутираа, но неговите раце секаде стасуваа и мрежата не беше затресена.

- Дебитирав во Крајова. Се крстеа во мене за помалку голови да примиме. Извадовме 1-1. На реваншот пак чудо. Напаѓаа 90 минути. Секој нареден удар беше сé потежок. Си реков во себе мора да издржам докрај. Се чувствував како да имам сто раце. После беше еуфорија. Иако Парма нé совлада двапати, имав добри одбрани. Фатив страотен волеј на Ди Вајо, на што тој ми честиташе, а публиката аплаудираше - се сеќава Тенев.

Победа - Парма 0-2

Стрелци: Консеисао 23, Ди Вајо 74.

Победа: Тенев, Ристовски, Ќумбев (81. Мегленски), Николаевски, Нацев, Диниќ (53. Тодоровски), Каранфилоски, Жилсон, Наумоски, Здравески, Крстев (64. Стојчевски).

Парма: Буфон, Сартор, Турам, Канаваро, Консеисао (90. Апија), Болано, Ламуши, Жуниор, Мику (69. Фузер), Аморозо (69. Ди Вајо), Милошевиќ.[DOUBLEPOST=1442262886][/DOUBLEPOST]Slika od drim-timot na Parma i od najgolemoto organizirano navivacko gostuvanje vo istorijata na Makedonija! Alo ni treba konkurencija, prviot transparent!
Што прават ѕвездите на Парма кои пред 15 години ги гледавме во Скопје?

Дуелот од интертото меѓу Победа и Перуџа одигран во Прилеп ни беше малку избледен па ве потсетивме со видео. Една година подоцна Прилепчани на Градски пречекаа многу посилен противник предводен од Канаваро, Турам, Буфон...


На денешен ден пред точно 15 години, во првото коло од Купот на УЕФА, навивачите на Победа допатуваат во Скопје за да ги бодрат стартните 11 на Никола Илиевски, а тоа беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николовски, Благојче Насев, Раде Каранфиловски, Жилсон, Николче Здравевски, Панче Ристерски, Тони Наумовски, Дарко Диниќ и Сашо Крстев, како и тројцата кои влегоа од клупа: Горанчо Тодоровски, Тони Мегленски и Влатко Стојчевски.

На Градски се соочија со далеку посилниот тим на Алберто Малезани кој во прв состав ги пушти: Џиџи Буфон, Луиџи Сартор, Жуниор, Фабио Канаваро, Лилиан Турам, Сабри Ламуши, Серџо Консеисао, Јоан Мику, Хорхе Болано, Саво Милошевиќ и Аморозо, а како резервни играчи влегоа Стефан Апија, Деиго Фузер и Марко Ди Вајо.

Снимка од овој меч кој заврши 2:0 за гостите, за разлика од дуелот Парма – Перуџа за жал не најдовме на Јутјуб, но кога се потсетивме кои фудбалски имиња гостуваа на Градски, ѕирнавме да видиме со што се бават сега.



Џиџи Буфон (37) – Брани за Јувентус од 2001 година, останатото во е познато.

Луиџи Сартор (40) – Кариерата ја заврши во Тернана во 2009 година, а во 2011 беше уапсен бидејќи беше дел од скандалот Калчоскомесе и доби 5 годишна забрана за играње фудбал.

Жуниор (42) – Во 2002 година стана Светски првак со Бразил, а од фудбалот се повлече во 2010 година како играч на бразилскиот тим Голас.

Фабио Канаваро (42) – По блескавата играчка кариера Канаваро на 5 ноември 2014-та беше назначен за нов тренер на четирикратниот кинески првак Гуангжоу каде го замени Марчело Липи, но на клупата седеше до јуни оваа година. Местото му го препушти на Луис Фелипе Сколари.

Лилиан Турам (43) – Последниот дрес кој го облече беше оној на Барселона во 2008-ма. Требаше да продолжи во ПСЖ, но тука застана поради проблеми со срцето. Репрезентативната кариера ја заврши со рекордни 142 настапи за Франција. Потоа влезе во политика.

Сабри Ламуши (43) – Тренер е во Катар, а претходно беше селектор на Брегот на Слоновата Коска.



Серџо Консенсиао (40) – Лани беше тренер на Брага, но сега е без агнажман.

Јоан Мику (42) – Се пензионираше во 2008 година како играч на Бордо.

Хорхе Болано (38) – Играше со Колумбија на СП 1998, а се пензионираше во Кукута Депортиво во 2012-та.

Саво Милошевиќ (42) – Се повлече во 2008-ма како играч на Рубин Казан, а сега е потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Аморозо (41) – После Парма играше за уште 8 клубови, меѓу кои Борусија Дортмунд и Милан, а се повлече од фудбалот во 2009-та година во бразилскиот клуб Гуарани.

Стефан Апија (34) – Од Парма направи трансфер во Јувентус, а пензионираше во Војводина во 2012 година.

Диего Фузер (46) – Од 2010 година почна да работи како тренер во помали клубови.

Марко Ди Вајо (39) – Се пензионираше лани во Монтреал
 
Последно уредено:

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Која екипа бевме тогаш еј.Ќумбев,Николаевски,Здравески,Жилсон,Наумоски.Па може најдобриот тим што некогаш заиграл во прва МФЛ
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Хахахахахаха, па вие не бевте ни во први 2 екипи во тие години, па камоли НАЈДОБРИОТ ТИМ ШТО НЕКОГАШ ЗАИГРАЛ ВО МФЛ :pos::pos::pos:
Со Николаевски и факинг Ќумбев :pos::pos::pos:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Хахахахахаха, па вие не бевте ни во први 2 екипи во тие години, па камоли НАЈДОБРИОТ ТИМ ШТО НЕКОГАШ ЗАИГРАЛ ВО МФЛ :pos::pos::pos:
Со Николаевски и факинг Ќумбев :pos::pos::pos:
Не заебавај бе ти :D

Ууууууууууууу Вардар ууууууууууу :lolzz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom