ПОБЕДА ОСТАНУВА ТРЕТОЛИГАШ!
Според последните информации, Управата на Победа е пред дефинитивна одлука клубот наесен да се натпреварува во Третата лига - Југ, место кое всушност и припаѓа откако беше загубен бараж дуелот со Младост Царев Двор. Според тоа, отпаѓаат сите комбинации за вклучување во повисок ранг, преку поврзување со други клубови во криза, како што е прволигашот Тетекс, второлигашите Еуромилк и Гостивар.
Во јавноста најмногу се очекуваше од спогодба со Еуромилк, но до тоа не дојде. Во ваква ситуација, се очекува и официјална потврда од клубот за прифаќање на третолигашкиот статус. За утре (недела) е најавена средба со фудбалерите и притоа извесно дека ќе им биде соопштена најновата одлука.
Во Третата лига - Југ наесен ќе се натпреваруваат 12 тима Победа, 11 Октомври, Партизан Обршани, Млекар Мало Коњари, Варош и Големо Коњари (Прилеп), Борец, Бабуна Мартолци и Превалец (Велес), Вардар (Неготино), Дојранско Езеро Нов Дојран (Гевгелија) и Црвена ѕвезда Јосифово (Валандово).