Тоа е што е нема назад... Место борба за 1ва Лига догодина ќе скапува победа во 3та и ќе се бори за влез во 2ра. Мора драстични промени, посекако една година е изгубена подобро нека изгубат уште една само нека се среди од темел.
Прв чекор треба да биде отказ за Јанко и останата багра т.н. фудбалски ѕвезди како Гешоски
Мора да се посвети повеќе внимание на младите играчи. Мора да се воведе сериозен пристап на тренинзи и да се работи по некоја програма, ваљда ќе излезе некој играч. Некогаш не е се во парите. Нашиве фудбалски ѕвезди во Сабота се пијанчат по кафани, а во Недела имаат натпревари. Не можат ни 1 км да истрчаат.
Со среќа во иднина, се надевам дека и државата малку повеќе ќе се ангажира да го помогни спортот и во другите градови. Доволно е да воведе некои реформи и да го намали данокот за спонзорства на клубовите, што сигурно би поттикнало некои компании да вложат во спортот. Во случајов во Прилеп има неколку (Витаминка, Привара, Микросам, Мермерен, Тутунски ... ) што се доволно моќни да вложат некоја пара и да направат од Победа стабилен прволигаш.