Фан Клуб: Победа - Прилеп

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Во бивша Југославија Прилеп беше најфудбалски град.Кога играла Победа ни на нива се одело ни тутун се нижело па ни свадба не правеле :) Грмел стадионо (y)
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Во неделата победа над 11октомври 2-1 ,денес пораз со тиверија 1-0
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Победа - Врапчиште 2-1 (0-1)
Стрелци Гешоски и Карчески
Инаку, интересно е шо имаше 500 гледачи на теренот на Могила, за разлика од некои стадиони и екипи од 1 лига, кои имаат тн. навивачи и собираат по 200-300 максимум, додека за на ракомет и на места каде треба да бидат видени-одат и по 6-7000. То значи само едно-не одат да го видат СВОЈОТ клуб, туку противниците. Е то ти е љубов према клубот :)
НАПРЕД ПОБЕДО!!! Наредната сезона одиме на пласман во 1 Лига, па повтороно на Градски да се збираат и по 5-6000 гледачи!!![DOUBLEPOST=1396131649][/DOUBLEPOST]
Ова е по завршувањето на Првата сезона, 1992/93 година.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Бев на Могила бе, првото полувреме си седев културно и си грицкав сончоглед, а второто Касапот ми рече да викам оти одлучувачка била, откај да знам јас тој води статистики, не е проблем ќе се вика ќе се тепа ама на бајач Плачикур горе кај оџата не го носам за уплав :icon_lol:.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Само од пенал гол може да дадат....
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Искрено екипава за к*р не ја бива.Дур не ги избрка фазла од пола екипа и да нема син ми син ти да игра че биди нешто,вака не ја бива.
 
2

~2A

Гостин
Искрено екипава за к*р не ја бива.Дур не ги избрка фазла од пола екипа и да нема син ми син ти да игра че биди нешто,вака не ја бива.
Оти бе Боки кој се тие шо играат со врски? :D
-Едноставно тоа е макс. што може да извлечи од фудбалерите Јане Николов.


Наше е да се надеваме да опстанат,па вгодина да влезат во прва лига и да ангажираат подобри играчи.
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Има има брат шо игра со врски.
Дајбоже да останиме втора годинава и за вгодина да прајме некако за прва лига
И не ми е факат јасно како можи бе една Победа да нема младинска и пионерска екипа ако се земи предвид дека 30% и фазла од талентите и надежните деца во македонија излегуваа токму од таа школа или бараа таму да почна па да продолжа да игра за Победа,да не ги набројувам сега?Едино мислам дека кадетска екипа има ама е маде голо
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Победа - Тетекс 3-2 (2-1)

Стрелци Карчески и Гешо 2 и 2-та од пенал
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
10172694_622375961182946_6044862796474271596_n.jpg

ВЕЛЕШАНИ СО ИСКИНАТА МРЕЖА
ФУДБАЛ - Втора лига, 28. коло
ПОБЕДА - БОРЕЦ 12-1 (7-1)
Победа немаше милост, се изнадава голови и со 12-1 го прегази немоќниот, млад гостински состав на Борец. Прилепчаните како одвај да чекаа старт на мечот да тргнат во вистинска агресија кон голманот Петровски.
Првата акција резултираше со гол, по центаршут одлево, кога во голема мешаница искусниот Благоја Гешоски најдобро се снајде во калта и со глава ја затресе мрежата за 1-0. По три минути игра веќе беше 2-0 со погодокот на Новче Ацески од 22 метри далечина. Се наѕираше катастрофата на велешани и по ударот над пречката на Гешоски.
Но, на изненадување на присутните, во 16. минута гостите намалија на 2-1. По центаршут одлево, топката беше префрлена на втората статива, каде втрча високиот стопер Стефан Додевски и непречен упати кон целта. Во тие минути Борец покажа заби и со остриот удар на Стојанов, кога Сркески одбрани.
Сепак, да нема дилеми околу конечниот исход, бргу се погрижи Гешоски со голови во 24 и 27 минута, а оттогаш натаму секој напад на домашните мирисаше на гол. Особено ангажирани беа прилепчаните по крилните позиции и видовме многу пробиви и центаршутеви. Брзиот шпиц Ицко Јанкоски со асистенции учествуваше во повеќето од головите, ја погоди пречката, но во тој период немаше можност да бие кон голот.
Гол - серијата ја продолжи Даниел Карчески, повторно погоди Ацески, а пред одморот во соло акција на 7-1 зголеми Даниел Котески.
Во вториот дел Гешоски само испружи нога и тоа беше доволно да го измами голманот за свој четврти гол, а до крајот во листата на стрелците се запишаа Ристе Илијовски од пенал, изнуден од Јанкоски, Игор Мирчески, Александар Чешелковски и конечно Јанкоски го запечати мечот на 12-1 рекорден триумф за Победа над Борец.
Игралиште Могила во Прилеп. Гледачи 300. Судија Стојанче Трпчевски (Кавадарци). Помошници Илија Гонев и Дејан Андов (Неготино). Делегат Љупчо Ристевски (Демир Хисар). Жолт картон Додевски (Б).
Стрелци Гешоски 1, 24, 27, 52, Ацески 3, 32, Карчески 28, Котески 45, Илијовски 65 - п, И. Мирчески 74, Чешелковски 77, Јанкоски 82 (П) - Додевски 16 (Б)
ПОБЕДА Сркески - В. Митревски, Ф. Мирчески, Милошески, Котески (46. Илијовски) - Мегленски, Крстески (46. Чешелковски), Ацески, Карчески (46. И. Мирчески) - Јанкоски, Гешоски.
(Клупа Талески, Богоески, Зојчески, Димитриоски)
Тренер Ј. Николоски.
БОРЕЦ Петровски - Петрушевски, Паневски, Додевски, Чоков - Петковски, Крстевски, Стојанов, Зендели - Митревски, Керим.
(Клупа Петрушев, Мецановски)
Тренер П. Нанев.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Победа - Дрита 1-3 (0-2)

Сме му ја дале на шипојве. Е сега ко нема во баражот да загубиме, па 3 лига в година да играме. :mad:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom