Решава меѓусебниот од трите натпревари а ние со сите имаме подобри меѓусебни освен со еуромилк кој некни киксна шо значи уште имаме шанса за да бидеме втори и трети со услов да го тепаме љубанци и скопје
Друга работа бараж како бараж не можиш на никој да му даваш предност со кој сака да играме иако тој е спорен шо ние не можи да имаме странци како второлигаши за разлика од прволигашот но за бараж ние сме есперти последните години се изнаигравме вакви важни натпревари па со помош од публиката очекувам ако стигиниме до бараж да поминиме !
p.s.за кој ќе игра прва лига и кој ќе игра бараж решава само партијата и никој друг !Заеби муабетот влазрими друг трет ...
macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showPlan&p=17&tid=5&Itemid=40
Во право си ,
. Тоа е кога не дочитвам. Во член 106 пиши дека одлучва гол разлика и се изнервирав не продолжив понатаму , ама затоа во член 107 е нагласено дека ако одлучва за пласман погоре се меѓусебни дуели во кој ако останиме само ние со Велаерими тогаш ќе одлучва гол разлика оти сите 3 ни се нерешени , ако има да напрајме круг со уште едни тогаш сме најдобри.
Како и да е имаме подобар меѓусебен и од Македонија и од Тетекс и мислам дека ако ги плесниме Љубанци 100% или Македонија или Тетекс ќе киксни , е после во последно коло ќе биди држ не дај. Најубо од све е Македонија да изгуби од Млекарите а Велазерими - Тетекс нерешено. Во тој случај со победа над Љубанци и Скопје бараж имаме 100% а во случај на нерешено последно коло Ѓорче - Тетекс ќе сме втори.
Ама ај да видиме нека заврши ова коло па ќе бидат ептен појасни работите.
УТВРДУВАЊЕ НА ПЛАСМАН НА ТАБЕЛА ВО ПРВЕНСТВО
Член 106
За постојаните натпреварувања на ФФМ се води табела која ги содржи најмалку следните податоци:
1. Скратен назив на клубот чија екипа се натпреварува
2. Број на вкупно одиграни натпревари
3. Број на добиени натпревари
4. Број на нерешени натпревари
5. Број на изгубени натпревари
6. Број на дадени и примени голови
7. Број на освоени бодови.
Пласманот на табелата се утврдува со бројот на освоените бодови. Ако екипите освојат ист број на бодови, за пласманот одлучува разликата меѓу дадените и примените голови (гол разлика). 32 Во случај гол разликата да е иста, повисоко место завзема екипата која дала повеќе голови. Доколку и бројот на дадени голови е ист , одлучува исходот од меѓусебните натпревари во првенството. Доколку и со исходот од меѓусебните натпревари во првенството, не може да се утврди предност органот кој го води натпреварувањето го утврдува пласманот со ждрепка во присуство на по еден овластен претставник на клубовите.
Член 107
Исклучок во утврдување на пласман на табелата при ист број на бодови се прави доколку е во прашање утврдување на пласман кој одлучува за прво место, испаѓање од лигата односно поминување во повисок или понизок степен на натпреварување односно учество во клупските натпреварувања на УЕФА. Ако клубовите имаат ист број на бодови во конечната/Play off/Play out табела во првенството, пласманот се утврдува на следниот начин: Ако два клуба имаат ист број на бодови повисоко пласирана е екипата која во меѓусебните средби има подобар исход. Ако три и повеќе клуба имаат ист број на бодови се прави дополнителна табела во која влегуваат резултатите од меѓусебните натпревари што ги одиграле екипите со ист број на бодови. Доколку збирот на освоените бодови на дополнителната табела е ист, одлучува разликата меѓу дадените и примените голови. Доколку разликата меѓу дадените и примените голови е иста, одлучува поголемиот број на постигнати голови во гости (кога се два клуба), односно поголем број на постигнати голови кога се во прашање три или повеќе клуба. Доколку и со бројот на постигнати голови не може да се утврди предност тогаш се одигруваат натпревари меѓу изедначените клубови и тоа : - два натпревари по двоен куп систем, ако се во прашање два клуба. - три натпревари, по еднострук бод систем, на неутрален терен, ако се во прашање три клуба. - потребен број натпревари по еднострук куп систем на неутрален терен, ако се во прашање четири или повеќе клубови. Органот кој го води натпреварувањето може да донесе одлука доколку за тоа постои барање/согласност од заинтересираните клубови а по исклучок и по наод на самиот орган ако е во прашање интегритетот на натпреварувањето наместо одигрување на два и повеќе натпревари како што е наведено во ставот што претходи, прашањето за пласман да се утврди и со одигрување на еден натпревар, ако се во прашање два клуба.