Фан Клуб: Пелистер

Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Ако сакаа и ако запнеа 10 минимум не ни бегаа.Одбраната чорба , средината такоџе, крилата малце потпретнуваа- со еден збор боранија. Ај шо играт како почудени,абе да не се знаело корнер да се брани :tapp:. Мислиш играт ракомет бранат зона - петерец и ги остават на прва статива шо сакат да прат.Два гола ни дадоа од корнер.Ако ништо друго барем то бе страмота е да незнаеш да се браниш и да се поставиш на прекини.
Многу лошо , децата младинците се ОК ама му треба стабилна одбрана и уште 2-ца средина.Еден копач ко овај од Косел и уште еден шо ќе застани на топка.Љамче и Бурхан не играа изгледа ги чуват за со Скопје :X3:
Друго физички ептен поспремни , нашите немаат сила цврстина.Џабе ти е осет за фудбал кога немаш сила.Не е ова како времето од кафана на утакмица или со леб и маргарин фудбалер ќе се станва.Сега минимум 100 евра , абе какви 100 - без 200 евра за исхрана фудбалер нема.А нашите толку не му е платата.
Така да јас почнав да кревам раце од фудбалот во градот.Како е се раскопано треба 5-6 години некој да се нафати машка работа,за колку толку нешто да се потсреди ,ама таков нема.

Ај шо во првиот тим е распашано све,ама уште ако ја видиме иднината крај на приказната.Да не филозофирам по многу,табелите по само 6 одиграни кола .Имало во фудбалот во градот успони и падови,ама моментално ФУДБАЛОТ ВО ГРАДОТ ГО ДОСТИГНА ДНОТО-од ова подолу нема.

Прегледај го приврзокот 129650
По овие табели треба да е јасно веќе дека фудбалот е аматерски спорт во Битола.Никој не превзема одговорност ниту работа ниту ништо!Ај ако за првиот тим потребни се спонзори и пари,за овие млади деца шо е потребно?!?!Одат на тренинг си плаќат,одат на гостување си плаќат за превоз,за храна,пијалоци,опрема све си плаќат!Како не застана еден шо можи да поможи да ги подобри условите во било кој дел?!?Се е на дното,а ние бараме стабилен клуб.Ниту има ниту ќе има во иднина,толку од проектот на клептоманот - Битола најспортски град во Македонија!
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.294
Поени од реакции
5.495
Со толку тренинзи во предсезоната играчите требаше да орат 90монути секоја утакмица. Веќе ко се знај дека тие се играчите,изгледа на Штерјовски методите не ги бива. Редно е шут карта да добие.
За тоа дека Штерјовски заслужува шут карта си потполно во право,посебно ме изнервира со прекините.Абе то е основна работа кој еден тим треба да научи да ја брани односно да дава голови во напад-посебно во второлигашки т.е. аматерски фудбал.Да не знајш да ги наместиш како да чуват прекини е во мизерија.Наместо недостатокот на квалитет и кондиција да се успее да се надохнади со прекин игра , тие ни даваат голово од прекини(иако имаа 30 шанси од игра , не му се играше)

Инаку дека имаат тренинзи а немаат кондиција не си во право.Во пракса и нашите играчи го имаат истиот фонд на тренинзи колку и на Вардар.Проблемот е во тимот и организацијата на клубот.Цело време ние си мислиме дека е како пред 3-4години , но од ко влегоа спонзори во Вардар и Шкендија фудбалот и фудбалерите во тие клубови се на едно скалило погоре.
Денес без правилна спортска исхрана и водење спортски живот џабе е све.А таа разлика е најочигледна кај играчите после 30 минута од прво полувреме и после 70 минута во второ.Посебно ако запримете последните 20-минути нашите немаа сила да издржат дуел на нозе.Без кондиционен тренер и нутриционист и посебна исхрана денес џабе е све-помина то време.Арно ова утакмица не се падна при крај на Ноември дури тогаш по 13-14 изиграни утакмици нашите после 15 минута не ќе можеа да одат, а до крај ќе имаше 6 повредени.
 
И

Игнориран член

Гостин
Абе и јас сум за да го збркат, ама па ко ќе размислам кој ќе го замени (Љамче или Џате:facepalm:), тогаш не фала. Поарно нека остани Штерц нека ја истурка сезоната. Посекако е распад систем, нема светла точка во клубот од ниедна страна.
Ако ништо друго барем во првенството нема пораз засега. Ко ќе почни да реди порази тогаш нека го менват.
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Денес не успеав да стигнам на почеток... Влегов на стадион негде 37-8ма минута и само шо видов каква тактика има овој генијалецот на клупата си викам овие јадат барем 5 парчиња.
Прво и основно 3-4-3 (која во поголем дел беше 3-6-1) не игра никој нормален против Вардар во Скопје... А тек па ко ќе се види каков состав имавме. Одбрана составена од Бацката, Миле и Трпески/Лампевски/Димитриоски (еден од овие тројцата беше десно никако не успеав да видам кој играч е)... Јас со ваква одбрана не би играл ни со последната екипа од петта лига. Шо мислеше Штерјовски со тие последните тројца во одбрана не ми е јасно, за да биди уште потрагично тие тројцата зонски се бранеа наместо човек на човек. Средината ни беше боранија... Освен Лавуровски (19ката) јас друг не видов шо можи да застани на топка, да ја смири играта и да пушти пас (билокаков). Кој и да ја земеше друг, гледаше да влези во дуел за да падни одма или да му ја дај топката на поклон.
Крилата, Трајковски, Стојковски и Недановски ни се најперспективни... Недановски го стегна голчиштето, и покрај то неколку пати помина кај стариот Љаме ама немаше на кој да му нафрли. Бале комплетно отсечен, не ни пратеше кога некој ќе пробиеше овој да влезеше во 16 за да ја удри со гла... Да не збораме па за пресинг на напаѓачот на последната линија... Мизерија.
Друга работа се прекините... Високи играчи имаме 2-3ца само, се другото е испод 160cm, никакво поставување, бранење на прва статива, превземање на играч не видов... Едноставно се пикат сите во петерецот и Пашето два гола (3тиот и 4тиот) ги прими низ раце, па уште и се лути таму урла по децата беспотребно...
Измените... Иве влезе принудно оти на Бале мислам дека носот му го скршија (лежеше едно 15 минути покрај аутот), Антонио влезе за Јове, и Бурхан влезе за Лавуровски...
Да играме со Бурхан, Љаме и Лавуровски во средината од прва минута мислам дека каде каде ќе изгледавме поцврсто, и уште Додевски во одбрана заедно со Бацката и Миле на бек место на халф то ќе беше за мерак. Шо мислеше Штерјовски пак ќе речам не ми е јасно, не велам дека ќе го тепавме Вардар, ама на ваква саката екипа да играш со саката формација е ужас.

Некој погоре спомна никако да не се бркал Штерјовски... Јас мислам дека дури е со време треба да му се заблагодарат. Љаме е класи над него, Џате (дури и пијан) е класи над него... Не заебавајте, со овие двајца и кога сме имале најкрш екипи сме играле нешто шо личело на фудбал. Ова денес шо го гледав е ко за стрелање да беа излезени никаква врска немаме со фудбал ние а се растурија од тренирање...

И сосема за крај... Онаа ќељајцата со масератито сите пари шо ги пери преку клубот да ги дај за свеќи еден ден, двајцата со другата ќељајца треба во еден фрижидер да ги замрзнат и да потсеќат за наредните генерации какви лопови живееле овде некогаш. 390 иљади буџет а овде имаме партал екипа... Од тие 390, нецели 20 е прашање дали ќе ги дај, се другото е од едниот во другиот џеб, чиста пара.
Па Здравко со сендвичарата дури го имаше клубот имавме 10 пати поарни играчи. Каква прва лига каков бакрач, овие се решени и во трета да не однесат и мрава не ги лази...
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.294
Поени од реакции
5.495
Јас озбилно незнам шо е со клубот работата , посебно со тренерите во него.Па последно јас нсјозбилно не се сеќавам кога сме играле фудбал.За Штерјовски конкретно сум тотално разочаран и негативно изненаден.Единствено позитивно шо воведе во клубот е имиџот тренерот да ни биди облечен во костум. Поголем очобол,деорентираност,неповрзаност и неуиграност немало ни лани кога Мане ги собра од ливада.
 
Z

ziko bt

Гостин
Инаку дека имаат тренинзи а немаат кондиција не си во право.Во пракса и нашите играчи го имаат истиот фонд на тренинзи колку и на Вардар.Проблемот е во тимот и организацијата на клубот.Цело време ние си мислиме дека е како пред 3-4години , но од ко влегоа спонзори во Вардар и Шкендија фудбалот и фудбалерите во тие клубови се на едно скалило погоре.
Денес без правилна спортска исхрана и водење спортски живот џабе е све.А таа разлика е најочигледна кај играчите после 30 минута од прво полувреме и после 70 минута во второ.Посебно ако запримете последните 20-минути нашите немаа сила да издржат дуел на нозе.Без кондиционен тренер и нутриционист и посебна исхрана денес џабе е све-помина то време.Арно ова утакмица не се падна при крај на Ноември дури тогаш по 13-14 изиграни утакмици нашите после 15 минута не ќе можеа да одат, а до крај ќе имаше 6 повредени.
Не ни ми е целта да споредвам со Вардар,најмалку за кондиција,среќа и толку шо изгубивме.:pos: Само ете никаквата игра,инкерските голој од прекини ја прелија чашата.:icon_mrgr:Маката ми е во лигата.Па маме му ебам,први почнаја со подготовки,10тина дена припреми,по 2тренинзи денот,релативно редовни плати.Грото од други клубој,каснеа 10тина дена со почеток на тренинзи,поќето и без припреми,па веќе ко е квалитетот ограничен треба на кондиција да ги јадиме другите,а ние не ни имаме игра,а и после 60та минута се влечкат по теренот.
Имаме факинг 5 нерешени од 6 утакмици.Веќе ко не оди треба да има откази,а прв за шут карта секогаш е тренерот.Јас сум сигурен дали Џате,дали Љамче ќе имаја и поасолна игра и поќе бодој собрани досеа.Ама кој ме прашва мене.:rolleyes:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
а кои се тие фудбалски мајсторишта што не знае штерјо да ги намести ?? каков беше преодниот рок да не заборавивте нешто ?! не го оправдувам Штерјо, кој сакаш тренер биди со овие сили толку од можностите
 
И

Игнориран член

Гостин
390 иљади буџет а овде имаме партал екипа... Од тие 390, нецели 20 е прашање дали ќе ги дај, се другото е од едниот во другиот џеб, чиста пара.
520 со се на газето 130 иљади ако ги рачунаме. :sneaky:
Моментално на хартија Пелистер има 520К буџет.:shook::shook::shook:
Од нив 20 за Пелистер 500 назад во џебот на ќелајците... Куќа му горела, племе нивно клошарско.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Шо тренинзи имаја бе луѓе не заебавајте,тренинзи имале,ако имаја тренинзи немаше да клапнуват секоја утакмица за 30 мин..
Башка то шо немат никаков професионализам,на утакмица пак терат со бусот(не онај брендираниот)ист ден и се враќат ко некој работници,тренират во Кравари,дремат цел ден по кафиња низ град,по кладилници,со сендвичите кај Бомбата..
Па не се набива кондиција така,шо викаше Паљото со ајвар не се креват 100 кила за гради:sekcza:....
Минчето цело лето си го дрвеше потпишвам=не потпишвам сега не можел да тренира,повреден бил...
Па уште онај евреино со масератито ги казнил бе....:pos:за шо ги казни не знам...незалагање,за шо да се залагат?Имаме амбиции некакви?Најавија некои амбиции,очекувања,било шо?
Не се криви играчите,толку му е силата нив,криви се оние фудбалските аналфабети шо ја напраја Битола од еден од најголемите регионални фудбалски центри и расадник на таленти во фудбалска паланка,сите да си играт мајтап со Пелистер,без разлика во која конкуренција играме,во сите категории не дешкат...
Ама важно му купи ЈАКО дресој,ќе трат едно 10ина сезони...:facepalm:
 
Z

ziko bt

Гостин
За тренинзи барем можам да потврдам дека во предсезона беа турбо.Е сеа за исхрана горе долу е исто кај сите екипи,за втора лига прајме муабет,се е на ајвар фрлено.:D
Јас барем се надевав дека кондицијата ќе ни е најголем адут,ама курац.Неиграњето Битола не докусури,па изгледа едино со асолни засилувања на зима и мало бодовно заостануање ќе имаме некоја шанса за првите две места.
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
а кои се тие фудбалски мајсторишта што не знае штерјо да ги намести ?? каков беше преодниот рок да не заборавивте нешто ?! не го оправдувам Штерјо, кој сакаш тренер биди со овие сили толку од можностите
Истото беше и за Ѓоко...
Овој истата песна ја тера. Дефакто или двајцата работат за да го уништат клубот до даска или и двајцата се тука колку да има некој на клупа и некој од горе ја кажва екипата.
Она денес со Миле - Бацката и тој другиот како одбрана јас не би го поставил ни за ревијална утакмица а не против Вардар во Скопје. Па поарно тројца од селската да собереа и тие да ги клаеше да ја избиват топката отколку да играме со тројца од по 160 cm кои играат зонска одбрана. Да сакаше Вардар не 4, него 14 гола можеше да ни клај.

Ѓоко со онаа екипа ни 30% од можностите не извади заради то шо му играја слаби играчи на неприродни позиции. Штерјо игра со офанзивна тактика напикан в шише на 20 метри од голот, без ниеден крстен штопер... Шо појќе?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
не е приоритет купот ами влез во Прва лига,може да се експериментира нешто,а и против Вардар кој малку од малку подработуваат нешто во клубот на фудбалски план не можемемоментално да се носиме многу е јасно.........тие играчи земаат плати редовни и премии,нашиве денар немаат земено па уште и казни фрчат :pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Истото беше и за Ѓоко...
Овој истата песна ја тера. Дефакто или двајцата работат за да го уништат клубот до даска или и двајцата се тука колку да има некој на клупа и некој од горе ја кажва екипата.
Она денес со Миле - Бацката и тој другиот како одбрана јас не би го поставил ни за ревијална утакмица а не против Вардар во Скопје. Па поарно тројца од селската да собереа и тие да ги клаеше да ја избиват топката отколку да играме со тројца од по 160 cm кои играат зонска одбрана. Да сакаше Вардар не 4, него 14 гола можеше да ни клај.

Ѓоко со онаа екипа ни 30% од можностите не извади заради то шо му играја слаби играчи на неприродни позиции. Штерјо игра со офанзивна тактика напикан в шише на 20 метри од голот, без ниеден крстен штопер... Шо појќе?
Нема штопери,сите се исповредија или се избркаја...
Близнако и Додевски повредени,Маглата и Крстески ги спашкаја,да не прајме муабет како лесно се отакажаја од Лескароски,ете и од Ганчев и Драгарски шо му беа на лагер..
Арно ама со тој лимито од 5 или колку беа професионалци шо можиш д аго држиш под договор дојдовме до ова дереџе...
Сега зедоја едно дете од младинците,16,17 години колку да пополни место,не дека ќе го клат да игра...
За средниот ред да не прајме муабет,а за нападот е јасно како ден,тие се играчите нема шо да се мисли,ги клавал не ги клавал толку е силата...
Ете некои деца како Лавуровски,Несторовски почнаа да пркнуваат малце по малце,мора да се форсираат да се напрај една база за во иднина,даимаме подмладвање во скеоја линија во тимот....
Мора така,за да не се доведваме во ситуација да се екпериментира со позициите ко шо праеше онај јаболкарот(името нејќам појќе да му спомнам на то ѓубре)...
Мене онај Прилепчанецо Димитриоски ме бендиса како изигра,не е лош,ако игра на неприродни позиции....
Бацката вака така најстандарден од сите,уште голман го немат пробано...
Не е лигата кузнеј шо,има шанса,ама со вакво темпо тешко дека ќе се одржат на врвот..[DOUBLEPOST=1443702087][/DOUBLEPOST]Паше бе Паше,месечар беше и остана..:facepalm:
 
Последно уредено:

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Нема штопери,сите се исповредија или се избркаја...
Близнако и Додевски повредени,Маглата и Крстески ги спашкаја,да не прајме муабет како лесно се отакажаја од Лескароски,ете и од Ганчев и Драгарски шо му беа на лагер..
Епа лани ова време со Мане на клупа имавме крш екипа ама барем Близнако и Крстески назад беа сигурица и личевме на нешто. И она шо малце го имавме во екипата успеаја да го скурцат пуштајќи го Крстески туку така да си оди. Лани прва утакмица со Вардар ја изигра со се на се 2-3 тренинзи, и само заради то шо одлично се познават со Мендо бевме сосема солидни.
Ајде за Ганчев, Лескаро и Драгаро да немаја пари... Ама да останиш со 2 штопери за цела сезона е самоубиство. Маглата ќе си беше таман ротација со Додевски, и Мендо како поискусен да корегира...
Вака ќе се ебиме на здрав памет со Бацката и со Миле како штопери.:popce:

Кузнај шо параспур екипи има во втора лига чим уште ние сме без пораз... Уште ако со оваа екипа успејме да влезиме прва лига, то ќе биди рамно на светско чудо. :несвест:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom