Фан Клуб: Пелистер

И

Игнориран член

Гостин
Абе шамарите Томас...:icon_lol:
Тепај да те слушат , еби да те сакат .:gjavol:
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
Како прво,пази шо збораш,не збораш со другарчињата од ФК Кравари.....
10 и кусур години сум постар од тебе...и не те личи вака да се понашаш....толку имам да кажам...
Ако не можиш да прифатиш мал мајтап не знам шо бараш на форум....ако не забележа форумот овде си го сфаќаме како место за релаксација и хоби,место за кулирање....
Само се караш и се расправаш со сите од ко се уклучи,не прифаќаш ни критики ни ништо,ете и мал мајтап(добронамерен)не можиш да чактисаш..
Е па ко сакаш така да играш,и јас ќе бидам директен...
50% од работите шо ги пишите на та страната излегоја како неточни и во најмала рака несериозни и нереални,а она шо го напишавте вчера беше во најмала рака детски..
Почнувајќи од текстојте..
Copy-paste појќето од Мишевски,Спорт...
Ко стигнавте од оние полтроните да препишвате не знам шо да речам...
Да не прајме муабет за влегвањето на Бешикташ,појачањата од типот на Спировски,Пачата,и другите.....
Ете бе јас ќе се пријавам да ја водам страната....
Нема ни да кревам атмосфера ни да прам албуми....иако поентата на фан страната е токму то..
За другите работи има кој да се замара(барем во нормалните земји)...
А за друго се дури клубот официјално не излези да си кажи за играчи,тренери,реновирање стадиони можиме само да си го ебаваме умот,овај ќе идел,тој ќе идел,толку пари ќе имало,вака ќе било....и така се е рекла казала во градот....
А додека клубот нема своја официјална страна која ќе се апдејтира редовно џабе е...
Ќе пишам мои текстој,нема да препишвам од дудлачо Мишевски,или да чекам Спорт да пуштат некоја патка па јас да објавам нешто....
Ги боли нив за Пелистер...
А дали некој прв ќе објави нешто за Пелистер во Битола е најмалку важно...
Овде не се знај ни дали утре клубот ќе постој,не пак некој да има проверена информација за спортот во Битола....
Ваша работа,шо сакате прајте,ама има луѓе шо читат шо се пиши и стварно смешно делувате и не дупат сите,а срамота е да не дупат..
Ѓоко напрајл звездите на Вардар да не се видат на терен...:bravobe:

Ко сме кај Ѓоко...
ЗА ОНА ШО ДОСЕГА ГО ВИДОВМЕ ЈАС ДА ОДАМ ПОДОБРО ЌЕ СРАБОТЕВ....
И без пари ќе работам за разлика од Џокица кој зема 10 пати појќе пари од најплатениот играч во Пелистер....

Барем го знам Пелистер,скоро 25 години сум со клубот,а во ваква лига како нашата секој можи тренер да биди....
Тој и само тој е директно виновен шо екипата се размонтира...башка то шо се изглупира со обидот да изиграва фајтер...
Освен голманот и Чешмеџиев и ќе дам малце простор за Биљали да се навикни,се друго е каша попара...
И тој и само тој е директно одговорен шо онакви партали стигнаја да го носат дресот на Пелистер...
Не знам дали некој му ги наметна тие парталите од играчи шо ги довлечка,ама со самото то шо ги форсира(ше) еден Митиќ и Смоковски пред Батецот и Фиката не можи да се кажи ништо добро за чоекот,освен дека тера инает и си прај шо сака со екипата,а право на неуспех немаме..
А за та плата шо ја зема(или треба да ја зема,оти се збора дека имало проблеми со исплатата)ќе трпи критики и ремет цело време....
Ама не е тој крив,ко управата не знај кај тера,и си прај експерименти со екипата....
Бодот со Вардар не значи ништо,појќе на психа мава зошто е бод земен од дерби(најпојќе дерби на трибини,не на терен)...и ова не го амнестира од се шо видовме досега од Пелистер,а не видовме апсолутно ништо.ни игра ни шанси,ништо....
А ризикот е огромен,немаме право на грешка,знајме како поминавме два пати во втора лига,чиста среќа шо тогаш немаше никаква конкуренција,сега да испадниме не дај боже многу потешко ќе се вратиме...
И пак ќе кажам,респект за то шо го прајте со страната,ама додека не научите да примате критики,забелешки и да си ги попрајте грешките ништо не бива од вас....
Е сега не знам шо да ви кажам појќе,терајте....
Те поштовам и се то, знајш и сам, ама некогаш секој мајтап има своја граница
еве и ти чист пример во Европа, Дортмунд имаше на 40 утакмици, само 12 победи, се останата порази и нерешени, многу повеќе порази, па шо ? Крај на светот ? Го избркаја Клоп ? - Не! Напротив стадион беше полн до последното место, поддршка невидена. Секој играч и секој тренер имаат свои добри, но и лоши моменти во сезоната и општо во својата фудбалска кариера. Дека овде сега сите ние ќе плукаме, ќе шириме омраза, нешто на подобро ќе напрајме ? - Не бе... напротив треба да се изнајдат решенија, да му се помогни на клубот, некни голем гест се напрај пред уткамица шо се ојде на тренинг, шо се извади парола, шо му се даде до знаење на играчите дека СО НИВ СМЕ ! Тие се сега тука и со нив треба да се заврши сезоната, менвање нема, ќе плукаме, ќе караме, ќе колиме и бесиме откако ќе заврши сезоната, до тогаш само поддршка да му се дава, НА СИТЕ ! И на фудбалерите и на стручниот штаб, оти ако некој најмногу сака да победи, се тие, тие што се на терен и шо гинат за Пелистер, тие кои можеби (да не дај господ) скрши нога, истегни лигаменти, добие потрес на мозокот, е тие најмногу сакаат да победват, а повеќе од тука од форумот одат на стадион само ако го имат пишано Пелистер в кладилница, така? Сега клубот и навивачите имаме шанса да го крениме Пелистер, пошто ако не сега, нема да се случи то во наредните 100 години ... Ете некои работи се мрднуваат од мтрва точка, се отвараат и клубски простории (кои веќе се во употреба, но не се официјално отворени), имат услови фудбалерите, имаме врвен тренер ... Значи поентата ми е дека не треба да се плука сега по нив, да бидиме сите заедно, да изнајдуваме решенија, начини да му се помогни на фудбалерите и на стручниот штаб, да се прат потези што би придонеле на поголема мотивација и доверба во самите себе кај играчите, тие се деца и поголемиот дел можеби и читаат овде на форумот, се само се плука по нив, и ќе излезат на терен нозете ќе му се тресат, да не згрешат, да не му се кара, да не му се свири ... КРИТИКА ДА, апсолутно, но КРИТИКА, а не навреди кон фудбалерите, управата или стручниот штаб ... ете то Томасино ми беше да ти кажам, а то јадење лајна не беше за тебе лично, беше за сите в клучувајќи ме и мене ... оти лесно е овде да седиме и сите да пишиме, се шо треба и не треба ...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Абе шамарите Томас...:icon_lol:
Тепај да те слушат , еби да те сакат .:gjavol:
Хехе,не бе шамари,нека си го шамарат домашните,штом не го воспитале тие како треба да комуницира со постари од него,јас не ќе го воспитвам со шамари..:pos:
Јас сум чоек од правосудството,не смеам да употребвам мерки на присила...
Маубетот е шо младите денес немат никакво поштовање према постарите..
Ми текнува,на времето не смеевме в лице да ги погледниме постарите,а не пак да речиме нешто ете и за кај Чкембарите се знаеше како одеше работата,не смееше да се застани на времето на трибина до Катангата,Јапано и компанија камоли да речиме нешто...
Денес сите мангупи изиграват....
А за случајот,ем глупости качат на страната,па ко ќе сакаш да ги корегираш за нешто одма се палат и ќе почнат да те вреѓат...
Па уште муабети од типот ВИЕ ПОЈМА НЕМАТЕ,ГО НЕЈЌИТЕ ПЕЛИСТЕР,САМО ЈАС ГО САКАМ ПЕЛИСТЕР..:pipi:
За разлика од него барем ние(постарите)сме научени да не верваме во се и сешто шо ќе кажат околу клубо..
Ама реков,нека тера по патот...
 
И

Игнориран член

Гостин
Се зезам бе... :D
Бегај да не ме обвини Декси за говор на омраза , па да се влечкаме по судој.:boksix:
Ја менвам реториката одма.

ВОДЕТЕ ЉУБОВ А НЕ ВОЈНИ !!:love:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Те поштовам и се то, знајш и сам, ама некогаш секој мајтап има своја граница
еве и ти чист пример во Европа, Дортмунд имаше на 40 утакмици, само 12 победи, се останата порази и нерешени, многу повеќе порази, па шо ? Крај на светот ? Го избркаја Клоп ? - Не! Напротив стадион беше полн до последното место, поддршка невидена. Секој играч и секој тренер имаат свои добри, но и лоши моменти во сезоната и општо во својата фудбалска кариера. Дека овде сега сите ние ќе плукаме, ќе шириме омраза, нешто на подобро ќе напрајме ? - Не бе... напротив треба да се изнајдат решенија, да му се помогни на клубот, некни голем гест се напрај пред уткамица шо се ојде на тренинг, шо се извади парола, шо му се даде до знаење на играчите дека СО НИВ СМЕ ! Тие се сега тука и со нив треба да се заврши сезоната, менвање нема, ќе плукаме, ќе караме, ќе колиме и бесиме откако ќе заврши сезоната, до тогаш само поддршка да му се дава, НА СИТЕ ! И на фудбалерите и на стручниот штаб, оти ако некој најмногу сака да победи, се тие, тие што се на терен и шо гинат за Пелистер, тие кои можеби (да не дај господ) скрши нога, истегни лигаменти, добие потрес на мозокот, е тие најмногу сакаат да победват, а повеќе од тука од форумот одат на стадион само ако го имат пишано Пелистер в кладилница, така? Сега клубот и навивачите имаме шанса да го крениме Пелистер, пошто ако не сега, нема да се случи то во наредните 100 години ... Ете некои работи се мрднуваат од мтрва точка, се отвараат и клубски простории (кои веќе се во употреба, но не се официјално отворени), имат услови фудбалерите, имаме врвен тренер ... Значи поентата ми е дека не треба да се плука сега по нив, да бидиме сите заедно, да изнајдуваме решенија, начини да му се помогни на фудбалерите и на стручниот штаб, да се прат потези што би придонеле на поголема мотивација и доверба во самите себе кај играчите, тие се деца и поголемиот дел можеби и читаат овде на форумот, се само се плука по нив, и ќе излезат на терен нозете ќе му се тресат, да не згрешат, да не му се кара, да не му се свири ... КРИТИКА ДА, апсолутно, но КРИТИКА, а не навреди кон фудбалерите, управата или стручниот штаб ... ете то Томасино ми беше да ти кажам, а то јадење лајна не беше за тебе лично, беше за сите в клучувајќи ме и мене ... оти лесно е овде да седиме и сите да пишиме, се шо треба и не треба ...
Абе остај ти Дортмунд,та споредба не држи..
Успесите на Клоп го држат,зошто успеа од речиси банкротиран клуб да напрај екипа која стогна до финале на ЛШ,и беше на два пати шампион на Бундес лига..
Нема споредба овде...
Тој менталитет и тие услови шо се таму со оваа мизерија тука...
За овде како да не плукат луѓето ко тренер на екипа сака да се тепа со публика..
Клоп го имаш видено да се сврти и да се кара со некој од публика,и таму има плукачи,немој да мислиш дека ако се полни стадионите имат подршка...
И таму се бара успех...
А тука ако немат подршка не знам кај имат?
Цел град застана зад Ѓоко ко дојде,Ѓоко,вака,Ѓоко така и како му врати Ѓоко на луѓето?
Шо сака да изиграва фајтер?Море ако сака и Мурињо да е,со потегот од мечот со Работнички изгуби лице пред луѓето...
Шо да беше малку паметен со правилно работење и селектирање на играчите моеше да напрај екипа за плеј оф,а не да се тресиме дали ќе избегниме бараж..
За играчите,ќе речам секоја чест на исклучоците ама грото не заслужват да играт во Пелистер...
Пред се во понашањето надвор од терен,како онај тикварот Митиќ,а и голем дел од претходната гарнитура која киснеше цел ден по кафиња и кладилници..ама тие си знат,за то треба да води сметка управата,ако ја имаме......
Подршка имале и ќе имат,дали имало пароли,немало не е важно...
Штом има луѓе шо уште се замарат со спорт во овај наш ебан град има надеж....
А за управата нема да добијат моја подршка дури не го постават клубот на стабилни нозе..
Ова досега е мачкање очи,кога ќе го средат клубот и да се знај местото на секој во екипата јас гарантирам дека ќе има полн стадион на сите утакмица без разлика на резултатите...
Луѓето не идат оти му е скурчено некој да ги прај мајмуни толку години,да ги прај будали во очи и да ги лажи дека ќе биди подобро,дека ќе се вратиме на старите патеки..
Зато си ја избркаја публиката од стадион+сакат да садат тикви со политиката и да ја вмешат политиката во спортот,две работи шо не одат никако заедно...
Е па не треба да не чуди шо сме на ова дереџе,а дали ќе тргнат работите многу ќе зависи од то колку се искрени намерите на Цермат и општината....
А дали читале или не,и дали ќе се навреди некој од то шо го кажват луѓето овде на форум,или на ФБ или по улица е нивна работа и проблем..
Секогаш имало и ќе има критики,а Битолчани се познати шо не се задовлват со просечности,сакаме јак спорт каков шо сме имале некогаш,и се дури не се вратат тие рвемиња ќе има критики,а како и да нема ко каша-попара беше работата во клубот,како ќе биди натаму ќе видиме.се ќе зависи од наредните кола...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Декси не се бламирај, уште ние да се надоврзиме на ова шо му го напраја на клубо и да си легниме да брашното.
А и срамота е ви се смеат кој стигни на таја страницата со бебешки наслови и неподржани факти.
Во Битола нема новинар, цело време то го збораме и единствената можност шо ни останва преку фб ние си играме курташак.
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Дека овде сега сите ние ќе плукаме, ќе шириме омраза, нешто на подобро ќе напрајме ? - Не бе... напротив треба да се изнајдат решенија, да му се помогни на клубот, некни голем гест се напрај пред уткамица шо се ојде на тренинг, шо се извади парола, шо му се даде до знаење на играчите дека СО НИВ СМЕ ! Тие се сега тука и со нив треба да се заврши сезоната, менвање нема, ќе плукаме, ќе караме, ќе колиме и бесиме откако ќе заврши сезоната, до тогаш само поддршка да му се дава, НА СИТЕ ! И на фудбалерите и на стручниот штаб, оти ако некој најмногу сака да победи, се тие, тие што се на терен и шо гинат за Пелистер, тие кои можеби (да не дај господ) скрши нога, истегни лигаменти, добие потрес на мозокот, е тие најмногу сакаат да победват, а повеќе од тука од форумот одат на стадион само ако го имат пишано Пелистер в кладилница, така? Сега клубот и навивачите имаме шанса да го крениме Пелистер, пошто ако не сега, нема да се случи то во наредните 100 години ... Ете некои работи се мрднуваат од мтрва точка, се отвараат и клубски простории (кои веќе се во употреба, но не се официјално отворени), имат услови фудбалерите, имаме врвен тренер ... Значи поентата ми е дека не треба да се плука сега по нив, да бидиме сите заедно, да изнајдуваме решенија, начини да му се помогни на фудбалерите и на стручниот штаб, да се прат потези што би придонеле на поголема мотивација и доверба во самите себе кај играчите, тие се деца и поголемиот дел можеби и читаат овде на форумот, се само се плука по нив, и ќе излезат на терен нозете ќе му се тресат, да не згрешат, да не му се кара, да не му се свири ... КРИТИКА ДА, апсолутно, но КРИТИКА, а не навреди кон фудбалерите, управата или стручниот штаб ... ете то Томасино ми беше да ти кажам, а то јадење лајна не беше за тебе лично, беше за сите в клучувајќи ме и мене ... оти лесно е овде да седиме и сите да пишиме, се шо треба и не треба ...
Каков спин е ова... Секоја чест. :cuc:
Никаква ама баш никаква свест немаме како навивачи, симпатизери на клубот. Значи овие за Вардар шо се будали се шо се бунат а клубот прв им е на табела, по се изгледа уште една титула ќе лапнат а ние тука да си дремиме и да си шлукаме.
В лице ни се мочат и Џокица и Зоки (кој некако и го разбирам) а највеќе Двојче газето. И уште треба хвалоспеви тука да се пишат?
За играчите јас само можам да кажам дека не се криви тие, толку му делиле толку можат... Крив е тој (Џокица) шо ги донесе и шо упорно ги форсира на позиции на кои не играле досега. А и ако гледаш наназад по нив најмалце се вика.
А ако веќе прајме муабет за стручниот штаб, т.е за Џокица... То е друго двајсе, човекот зема астрономска плата овде, избрка се живо и диво, донесе тоа тој шо сакаше, замина на припреми тој кај шо сакаше... Па и ти самиот имаш кажано дека тој прај раскол во екипата со то шо ги вреѓа и урла по играчите. Па и тргна со публиката да се тепа... :вонзем: Шо не се тепаше со арапите таму?
Па сега одма излегва дека тој е заслужен шо испрличивме бод со Вардар. Бод кој шо прво ни го поклони Пачата, а и тој дунстерот шо го имаат на клупа кој не знај една никаква акција да осмисли при онакви играчи во екипата.

На кој начин ние го креваме Пелистер? И кои се тие добри работи шо се случват? o_O
Единствен начин на кој шо можи да му се помогни на клубот е да си купиш карта и (ако некогаш се освестат) дрес. А дека позитивни работи се случват се сомневам. Клубски простории кои се отвараат 5 месеци, автобусот уште е по пат изгледа, плати уште се борџат мислам... Е да, тренерот врвен ни е, плата има како да го води најјакиот клуб на балканот.:sekc:
 
И

Игнориран член

Гостин
Случајно го начекав на нет видеото ...
Боооо малио везење... БРАВО! (y)
Да ти е мерак да го глеаш како игра.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Да се споредваме со Дортумнд или со екипи од 4 лига од Англија и да се споредваме зошто и колку има луѓе на нивните стадиони?!Кај нив се игра фудбал,ама баш фудбал!Кај нас се е паушално,се игра за неколку екипи другото е све ебиветер,нема никаква инфраструктура,нема медиуми кои пренесуваат спорт,нема аналитичари спортски новинари,нема ништо!Се е само за личен интерес,или да се собери некој поен повеќе и да се остани на власт!Клубовите немаат никакви управи сето е сведено на аматеризам и непрофесионализам,се суди како сака и одговара,не се примаат гостински навивачи и се третираат како да се од друга планета,се менува лигата секоја година како ќе му текни така прат и еден куп други работи.Па видете во Англија од Премиер лига до 4-5 регионална лига е исто само има разлика во квалитетот на играчите инаку се е исто од публика до инфрасткура до спонзори до се!Кај нас народот му е смачено да слуша глупости,да гледа неправди!Запознаен сум со фудбалот во странство доста добро,таму го сваќаат како забава едноставно да одат во недела да си поминат убаово и да го гледаат нивниот клуб.Не дека нема критики,то е сегде исто,ама ова кај нас нема поќе лезет!Истото е 15-тина години,кој дојди за нигде па уште и обеќават се и сешто па дури и стадион ќе праеле (без разлика кој е ).Кај нас нема никакви стабилни услови да можиме да одиме,да ни стани рутина дека на секоја втора недела можиме слободно да одиме да гледаме фудбал.А за то да биди треба да има нормални услови,а не онака со чизми да одиш до стадион,внатре да јадиш ќотек од џандарите за ништо,а ако не јадиш ќе седиш на армиран бетон 90 мин и пак ќе закачиш нешто,во меѓувреме ќе гледаш 90-минутна утакмица во најмизерната лига во Европа и сето то за само 100 мкд.И покрај се ова со Дортмунд ќе се споредваме?Дај не заебавајте,па неможиме со Лерин да се споредиме,одете видете колку толку имат добри услови.Кај нас од стално имало шо да се средва пошто сме дното на спортот,а згора на тоа и то шо постоеше е уништено (патот до стадион)!Нема веќе резон да се гледа фудбал кога ништо не штима се е интерес никој не е заинтересиран за клубовите во Мк освен нивните миленици и то е то.Ние како навивачи имаме пропусти колку и да негираме.Е сега тука има и други страни,ете би спомнал за плаќањето карта...Точно е дека секој треба да плаќа карта,ама ете ќе споредам со Дортмунд,таму да ти е ќеф да платиш и знајш зошто си платил,оти има стадион,има амбиент,има управа,нема арамии,има кореографиимима организација и то е то.Ако ги има овие работи јас сум за сите да плаќаат карти,а не онде кај нас ако се знајш на врата ќе те пушти без пари,ако не ќе си платиш...На шо личи то?Ама пак ќе речам,ако се средат работите нека се плаќа и слично вака се е залудно!Има илјадници работи се разбира негативни да се коментираат.Прво не ни чини државата а не за спорт да збораме...мизерија е све
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.861
Поени од реакции
7.243
Случајно го начекав на нет видеото ...
Боооо малио везење... БРАВО! (y)
Да ти е мерак да го глеаш како игра.
За со вардар беше повреден ама со турново се враќа инаку пари вреди минчето плус крстевски и степановски се враќаат со турново шо значи чист кец за сите пари
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
@Tomasino @Prime @za pelister наместо овде сите да чкрапаме, дајте ќе организираме еден протест, ете пред натпреварот со Х.Турново, да напрајме еден протест, дека ни пропаѓа спортот во Битола ! Дека немаме стадион, спортска сала, затворен базен, силни Фк, Рк, Кк Пелистер ... Вака овде со години можи да си пишиме, да се расправаме, да плукаме и критикуваме, а ефект НИКАКОВ ! Дури ние пишиме овде, некој ни го НИШТИ спортот во Битола !
Ама то е, таков народ сме, на социјалните мрежи силни, а на дела нигде не нема ... пример да земиме од србите и албанците треба, па и од грците ;)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
@Tomasino @Prime @za pelister наместо овде сите да чкрапаме, дајте ќе организираме еден протест, ете пред натпреварот со Х.Турново, да напрајме еден протест, дека ни пропаѓа спортот во Битола ! Дека немаме стадион, спортска сала, затворен базен, силни Фк, Рк, Кк Пелистер ... Вака овде со години можи да си пишиме, да се расправаме, да плукаме и критикуваме, а ефект НИКАКОВ ! Дури ние пишиме овде, некој ни го НИШТИ спортот во Битола !
Ама то е, таков народ сме, на социјалните мрежи силни, а на дела нигде не нема ... пример да земиме од србите и албанците треба, па и од грците ;)
Што да чкрапате бе,во Саботата грујо беше БТ што се скривте како глувци сите.Само на уста и на тастатура е јак овај прост народ... ....
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.861
Поени од реакции
7.243
Што да чкрапате бе,во Саботата грујо беше БТ што се скривте како глувци сите.Само на уста и на тастатура е јак овај прост народ... ....
Боркица во газот на кој да се плашиме бе?
Бевме таму му го извадивме знамето, шо треба да го натепаме? Све да му ебам на тие куртоните шо беа во салата, тие се поќе криви од грујо педерот!
#СакамеСтадион во #Битола
[/IMG]
Зарем за нас има некој да кажи дека се плашиме на овците кога директно на трибина прашувавме за стадион кога бевме да се караме во општината со двојче за стадионот кога на манаки го посравме оти ништо не напрај па акции низ цел град на секој натпревар карање по двојче итн..
Ние покрај сите уцени и притисоци одиме до крај!
Пола од ова нас што ни го прават на било која друга група освен комити со глава гарантирам дека нема да постојат!
 
Последно уредено:

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
Што да чкрапате бе,во Саботата грујо беше БТ што се скривте како глувци сите.Само на уста и на тастатура е јак овај прост народ... ....
Како не бевме бе !? Бевме 5-6 души ама бевме и сите го видоја знамето ... како да не го видиш 20 метри, сите министри, па и Грујо го виде, шо требаше појќе да напрајме ?
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Од знаме не се плашат од народ се плашат...не реков да ги отепате,туку сите мирно да се стокмевте пред салата за кога ќе видеше,малце да му текне дека што може народот да направи.

Ама наместо надвор,внатре беа повеќето ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom