Чекајте бе и вие, на нероден Петко капа му кројте...
Нечинел Пендеревски, синкир поарно беше со Церматот, нечинел тренерот, оти бил од Косово, еве чоекот си кажа јасно и гласно ко дојде дека ако не избори пласман во Европа ќе си дај отказ
Плус нема влакна на јазикот, одма си кажа дека нечи инфраструктурата во клубот шо одат на тренинзи во Кравари и си бара помошно игралиште овде.....
За утакмицата, потполна доминација на Пелистер !
После црвениот картон кој беше заслужен, два пати истиот играч прај старт за картон над Тошевски кој му бегаше како брз воз, заслужено исклучен, после то контролата на топката ја имаше само еден тим.
Ме бендиса кај тренерот шо одма после црвениот картон, внесе уште еден напаѓач напред во случајот Бујчевски , ојде по офанзивно, го извади Илиев влезе Бујче, добра замена, не се работеше за никаква повреда на Илиев туку од тактички карактер беше измената да се нападни на гол
Одма се гледа дека Шенсои сака и игра напаѓачки фудбал, до полувреме не дадовме гол, па одма на стартот на второто полувреме влезе и Трифуновски. Игравме со 3 офанзивни фудбалери, не беше формациски 4-3-3 оти Трифуновски само го превзеде местото на Василев како десно крило, ама повеќе беше во противничкиот шеснаесетник и изгледаше како сите тројца да се напред (Лукас, Бујче и Иве) и се знаеше дека ќе пукни тиквата кога да е
Можеше уште победливо да ги добиеме, ептен тактизиравме пред нивниот гол, особено Лукас и Иве многу чекаја, ама и 2:0 доста му е ќе речеја после незаслужено е 4 или 5:0
Лукас е класа напаѓач
каква брзина има и осет за гол, време е да проработи и Бујче па да имаме силен напад заедно со бразилецот !