Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И јас се слагам со Александар, Депај и Шнајдерлин кога ја добиваа минутажата, млитави беа. Дармијан и Фелаини секако дека се бедни ама се трудат, во период на повреди посекако дека Мурињо би се ослонил на неталентирани што гризат отколку на примадони.
П. С Митен кај него на форум уште лани пиша дека Шнајдерлин на моменти на тренинг бил bang average
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Морган има вкупно 238 минути (2 ипол утакмици), од кои дури 135 се Лига Европа, на утакмици на кои цел тим ни беше мртов и никој ништо не играше. Има еден цел меч во Лига Купот и само 11 минути во ПЛ и тоа на 3 утакмици.


Депај исто има бедни 20 минути распоредени на дури 4 утакмици во ПЛ и вкупно 134 минути игра. Тука нема ни меч и едно полувреме. 59 му се во Лига Европа, но распоредени на 3 утакмици и еден меч во Лига Купот на кој игра 55 мин. Не е теоретски можно да процениш дали некој играч е добар или не е од ваква мизерна минутажа, ако го изземеме мечот каде играл 55 мин, во просек му доаѓа по 11 минути од утакмица. :)
 
A

apidrone

Гостин
Не знам за каква шанса зборите кога Шнајдерлин само 3 пати беше стартер. И Мики и Погба млитаво почнаа ама пошо се нови играчи (и скапо платени) им се прогледа низ прсти. Немојте после да пцуете по неталентираните што гризаат при нивниот нареден кикс.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
"19 пати е погодена стативата на 32 натпревари за Јунајтед"
Не го сака среќата на поштениот човек!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки ама зошто се препирате сега кога знаете дека истово беше и под Фергусон? :D Мурињо е менаџер кој постојано им го крева плафонот на своите фудбалери, поготово на оние кои знае дека можат да постигнат повеќе. Истата судбина ќе ги снајдеше двајцава и под негова палка. Марсијал почна млитаво, исто и Микитарјан. Ги седна на клупа, изјавуваше дека треба да се спастрат, овие двајцава работеа и се вратија во составот, мада Марсијал вчера пак беше слаб, треба да си ја врати константноста. Со неконстантен Марсијал, Рашфорд дете од 19 години, Микитарјан аут, Лингард со финишинг испод 0 и Руни вон форма поголем дел од сезоната, Депај ако добил само 20 минути е трагедија.

Ете и Мата може да се спомне во клапава погоре па и Блинд. Сите беа сигурни дека уште летото тие двајца ќе летаат, посекако зошто Мата веќе еднаш беше продаден од Жозе, дури и на Скај Спортс имаше вест, па еве го Мата втор стрелец ни е во тимот.

За пцуење секако дека може да добијат пцовка ама тоа не значи дека ако Депај и Шнајдерлин беа на нивно место немаше да направат друга бламажа. Иста клапа се и Дармијан и Фелаини но има причина зошто добиваат шанси пред Депај и Шнајдерлин во составот.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Стигна играта, стигнаа и резултатите, сега е све на тимот да ги оддржи ова темпо што е можно повеќе, треба констатност на ваквите перформанси. Ке мора да го победиме ливеруп во сабота, ке биде круна на оваа убава серија.
Стигна сè, ама јас сеуште мислам дека психички не се достабилизирани. В недела е решавачкото да се биде или не. Доколку победат самодовербата ќе биде до небо крената, а ќе почнат и другиве тимови да се плашат (не дека сега не се плашат). Али ако изгубат, мислам дека психички многу ќе паднат а исто така во тој случај, само по себе ќе биде тешко и ЛШ да се обезбеди.
Со Ливерпул да ја победеме, наредните 2 утакмици и порази нека се. В недела ќе видеме колку тимов наш има созреано и според тоа ќе знаеме дали треба да дозакрпиме на некои позиции или дали треба уште многу работа за враќање на старите патеки.
 
A

apidrone

Гостин
Фросе, срамота е да ги споредуваш Фергусон и Мурињо. Додека кај првиот шанси во клучни утакмици за титула добиваа Македовци, Андерсоновци, Клеверлевци, Мурињо продава играчи како Мата и Де Брујне пошо немале Д категорија положено за паркирање автобус. Со самото тоа што инсистира клубот на продажба на Депај и Шнајдерлин, а не на можна позајмица, јасна е работата. Не викам ја дека се тоа светска класа играчи ради кои треба ние сеа вени да сечеме, ама нека каже што точно е работата со нив, не со цинични изјави да кажува дека имал мешани чувства.
Ако се сеќавате, јавно ги искритикува Смолинг и Шо дека не се жртвувале откако му откажале настап ради настинка или нешто ситно. Како тие добиваат шанса кога се здрави? Очигледно можеш што сакаш да правиш ако на тренинг правиш колуг напред или што ти ја знам.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Ако се сеќавате, јавно ги искритикува Смолинг и Шо дека не се жртвувале откако му откажале настап ради настинка или нешто ситно. Како тие добиваат шанса кога се здрави? Очигледно можеш што сакаш да правиш ако на тренинг правиш колуг напред или што ти ја знам.
Така беше, и тоа што ти докажува? Дека Депај и Шнајдерлин како сурат ги нејки? Јас не би рекол. Ај за Шнајдерлин нема многу да зборам ама за Депај неможе никој да ме убеди во она цигансконо што го има. Гарант и на тренинг продава муда за бубрези и можеби разни инструкции и методи на Мурињо не ги прифаќа/ат па затоа ги продава. Исто би направил. Неможе никој да ме убеди дека ако Шнајдерлин е подобар од Керик дека нема да го игра. Па колку време го немаше Керик? Само што се врати се почувствува страшна промена во играта.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.490
Поени од реакции
4.042
Точно е кога играа Шнајдерлин и Мемфис дека не изиграа ништо посебно, ама Дармиан се трудел :icon_lol: Фрос не зафркавааај, те молам. :D Дармиан моментално не е на ниво за во Вардар и Шкендија, очаен е. Кога дојде од Италија барем во дефанзива беше добар, сега и во дефанзива не е. А пасовите, центаршутот и другите ствари што се потребни за во офанзива му се на ниво на аматер.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.494
Поени од реакции
6.121
Ај за Шнајдерлин го разбирам кукањето, ама за Депај?
Покажа Депај нешто во оваа година ипол? Му памти некој 3 утакмици на кој се издвојувал?
Еве јас освен таа со Бриж не паметам друга таква утакмица. Уште лани на полусезона се гледаше дека е само уште еден исфорсирен циган од рангот на Стоук(прашање е дали и таму ќе го биде).
 
Член од
13 март 2015
Мислења
210
Поени од реакции
138
Аман, не верувате во човекот што врза 9 победи со ред (најмногу од 2007 ако не се лажам), после 9 победи со ред го жалиме факинг Шнајдерлин и тракторот Депај, па нека се гонат.

Огден и Данкан пишуваат дека Мурињо сака да го донесе Бакајоко уште во Јануари, брутален трансфер би бил...
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Има доста вишок играчи во Јунајтед, Марсијал многу му е падната самодовербата не знам што го стават крило кога е печена 9ка, Фелаини требаше да се продаде а Шнајдо да се чува до лето, Депај ауу какво дрво испадна, не се ни замара никаде нема ни да го биде...
Дармијан и Шо ни до колена не се му на Рафаел а камоли на Евра, светли точки се 5-6 играчи а другите се извлекуваат на нивна сметка, одбраната се подобри доста, средниот ред е стабилен со Погба и нападот со Ибра..
Раш треба да биде трпелив и веќе да реагира зрело...
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
490
Поени од реакции
933
Доколку тимот игра добро и победува, ако сака Славкоски и Шумоликоски нека ги игра...боли ме кур*ц..искрено..
Ние сме го прежалиле Бекам, кој верувам на пола тука идол им е ..сме го прежалиле Роналдо..и ред други што биле алфа и омега..па ќе му се думаме за Шнајдерлин (кој лично ми беше еден од омилените од составов) и Депај ( дечкото шо имаше дури една стравотна утакмица ..таа со големиот Мидјиланд)

9 со ред!!
Идемо на двоцифрена :gjavol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Точно е кога играа Шнајдерлин и Мемфис дека не изиграа ништо посебно, ама Дармиан се трудел :icon_lol: Фрос не зафркавааај, те молам. :D Дармиан моментално не е на ниво за во Вардар и Шкендија, очаен е. Кога дојде од Италија барем во дефанзива беше добар, сега и во дефанзива не е. А пасовите, центаршутот и другите ствари што се потребни за во офанзива му се на ниво на аматер.
Јас не реков дека едниов пар ѓубриња се подобар од другиот, не ме читате :) реков само дека има некоја нијанса пресудна што ги двои од тоа да останат во клубов и да летаат. Може ни самите не сакаат да си одат, задоволни се со минутажата. Сепак си треба и одредена багра на клупа да седи што ќе е задоволна со ротација.

Еве сеа испадна информација, Депај изгледа сакал да остане зимава. Сакам, нејќам, како во шпанскине серии :) или толку го сакаат клубовиве (само Ница и Евертон јавија некој интерес) или можда се десило уште едно чудо по тие вчера и сфатил што е фората да успееш.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.010
Не знам за каква шанса зборите кога Шнајдерлин само 3 пати беше стартер. И Мики и Погба млитаво почнаа ама пошо се нови играчи (и скапо платени) им се прогледа низ прсти. Немојте после да пцуете по неталентираните што гризаат при нивниот нареден кикс.
Кои се неталентираните кои играат на позициите на Депај и Шнајдерлин во прва постава?

Мурињо кажа, Шнајдерлин сака да игра првотимски фудбал. Кого би ти исфрлил од моменталнава тројка, Керик-Погба-Ерера, за да игра Шнајдерлин прва постава?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom