Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
15 јули 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.246
Руни е во фантастична форма,денеска трчаше како луд,како порано кога ораше по теренот.
Мики е фантастичен фудбалер,десната страна со него и Валенсија ни е топ.Фантастично се согласуваат.
Марсијал колку и да е вон форма многу поопасен е од Лингард и Рашфорд,се надевам дека Мурињо ќе сфати дека лево крило треба да игра Марсијал,а не Рашфорд.На десната страна треба да игра Мики,затоа што за Лингард го има измислено.
На 10ка Руни или Мата,и двајцата се во одлична форма.
Во нападот се знае - ИБРАХИМОВИЧ.
Инаку интересни сте ми вие шо викате дека играта оваа сезона со Мурињо како менаџер не била подобрена.
Ваква течна игра не сме имале со години.Колку пати лани со Ван Гал дадовме 4 гола по натпревар?
Жозе Мурињо е човекот што ке го врати Јунајтед на врвот.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Руни од мечот со Фенербахче е друг човек, како да доби до знаење од голот што го даде дека уште има нешто во него.
Офанзивно сме добри, се гледа дека повеќе трчат од почетокот на сезоната. Исто така и според бројот на шанси во последниот период сме најдобри мислам. Е сега кај одбраната тешко да видиме подобрување со овој состав позади што го имаме. Молете се Баји што порано да се врати и да се земе барем нешто позади зимуска, иначе ништо не правиме вака.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Со Смолинг што се дешава, испари после утакмицата со челзи....
 
R

red.devil

Гостин
Нека ги игра овие што играа денес плус Мата и Рашфорд во формулата со ротации курци палци и ич нема да е проблем одбраната. Сигурно во 7-8 натпревари од 10 ќе надохнадат еден до два кикса. Проблемот е кога бранат 1-0 со Џонс, Рохо и Дармијан назад. :D
 
P

poker12345

Гостин
Морам да признаам дека aleksandar97 беше во право.
Јунајтед со full strength го победи Вест Хем кој има 100 повреди оваа сезона па и на оваа утакмица имаа неколку повреди од кои Кросвел мораше да напушти терен ама битно е што Јунајтед му покажал на Вест Хем кој е кој во овој многу битен ѓубре куп а во премиер лигата заврши 1:1 затоа што немаа среќа, ете топката не сака да влези а оваа утакмица се искористија, браво.
Ако на ова се палете тогаш не заслужувате титула уште 10 години.
Утакмицата беше многу добра, тоа никој не го спори, брза игра, се искористија повеќето шанси, според мене можеа да дадат уште 2-3 гола.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Да зошто нас не жалеа лани кога имавме повреди или сега Рохо и Џонс стопери што ни се. Другар, најкултурно, ако ти се исфрлаат фрустрации си имаш кладилница теми, не сме ние 20 души тука криви што те турнал Манчестер.
 
Мене ич кур не ме боли што паднав на Јунајтед, не се ни први ни последни, него кога ве читам вака стварно не заслужувате титула уште 10 години.
И еве сега ви кажувам, ќе го победете Хал, Ливерпул што ќе направи незнам ама ако бидете во финале со нив тогаш не се надевајте на ништо.
Исто и во премиер лигата, слободно цитирајте ме после.
 
Член од
13 март 2015
Мислења
210
Поени од реакции
138
Епа покерче , дали првпат го гледаше Јунајтед оваа сезона?

Ајде направи ми резиме, што креираја денес повеќе од некни во ПЛ со Вест Хем?
Што креираја денес повеќе од утакмицата против Арсенал?
Што креираја денес повеќе од утакмицата против Барнли?
Што креираја денес повеќе од утакмицата против Стоук? - Де Геа ја изгуби таа утакмица, а Де Геа и денеска киксна и заради него е примен голот.
 
A

apidrone

Гостин
Али кога ќе каже некој „не сакаше топката да влезе во гол“.. Као да е топката феминист па не слуша наредби од машко кога ќе ја испрати некаде.
 
Абе не сака топката да влезе и готово.
Како бе НЕ САКА ТОПКАТА ДА ВЛЕЗЕ?
Зошто не сака топката да влезе за Ливерпул, Челзи или Сити?
Зошто играат фудбал од почеток до крај, утакмица по утакмица нижат победи.
Ајде доста е и јас најдов да ви пишам нормално ќе си го бранете клубот ама додека ви е Мурињо тренер не успевате.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене ич кур не ме боли што паднав на Јунајтед, не се ни први ни последни, него кога ве читам вака стварно не заслужувате титула уште 10 години.
И еве сега ви кажувам, ќе го победете Хал, Ливерпул што ќе направи незнам ама ако бидете во финале со нив тогаш не се надевајте на ништо.
Исто и во премиер лигата, слободно цитирајте ме после.
Да бе, немаме друга работа ќе бараме твои постови по теми. Пиша еднаш и готово е, те разбравме.
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Морам да признаам дека aleksandar97 беше во право.
Јунајтед со full strength го победи Вест Хем кој има 100 повреди оваа сезона па и на оваа утакмица имаа неколку повреди од кои Кросвел мораше да напушти терен ама битно е што Јунајтед му покажал на Вест Хем кој е кој во овој многу битен ѓубре куп а во премиер лигата заврши 1:1 затоа што немаа среќа, ете топката не сака да влези а оваа утакмица се искористија, браво.
Ако на ова се палете тогаш не заслужувате титула уште 10 години.
Утакмицата беше многу добра, тоа никој не го спори, брза игра, се искористија повеќето шанси, според мене можеа да дадат уште 2-3 гола.
Човек да се чуди дали е ова покер или само џокер у покер. ТАНДЕРЕ, ОЈ СИ ЛЕГНИ!!!
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Нашата иронија. Победија на небитен натпревар играјќи со најбитните играчи во прв тим за сега во ПЛ да се искилават пак. Оти вака не играше претходната кога беше за бодови?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Нашата иронија. Победија на небитен натпревар играјќи со најбитните играчи во прв тим за сега во ПЛ да се искилават пак. Оти вака не играше претходната кога беше за бодови?
А како играше претходната?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom